Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, во петокот изјави: “Убеден сум дека за неколку месеци заедно со Унгарскиот Премиер Виктор Орбан ќе се пресметаме со ЕУ”. Салвини и Орбан неодамна се поздравија еден со друг како “херои” на нивниот состанок во Милано.
Обраќајќи се на прес-конференцијата со Австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Страче, Салвини рече дека “санкциите на ЕУ против унгарската влада и народ се политички чин, политичко лудило на таа левичарска Европа, која не е спремна да се промени сама”.
Патриотската партија на Орбан, Фидес и евроскпетичната Лига на Салвини се очекува да бидат меѓу многуте Европски патриотски партии кои ќе постигнат голем успех на ЕУ парламентарните избори од 23ти до 26ти Мај идната година.