Одстранета последната потенцијална пречка кон рушењето на предавничкиот квислиншки референдум! Иако не е идеално, сепак одлуката на ВМРО-ДПМНЕ значи признавање дека #Бојкотирам е Македонскиот Народ и дека против таа силна национална енергија за одбрана на државата не смее да се оди, инаку заедно со СДС ќе завршат на буништето на историјата. За пример за тоа што се случува кога се оди против сопствениот народ прочитај овде: Патриотската AfD веќе 2-ра по Популарност! Германците Масовно ги Напуштаат “Главните” Партии!
Лидерот на опозицијата синоќа го соопшти ставот на партијата по однос на референдумот, кој гласи секој да постапи онака како е убеден дека е најдобро за Македонија.
Претходно, Мицкоски го критикуваше договорот нарекувајќи го капитулантски, додавајќи дека истиот е единствена сламка за спас на Заев и неговата влада, имајќи ги во предвид катастрофалните политики, уништената економија, влошениот животен стандард, нарушените слободи и права, цензура.
„Секој граѓанин да постапи според своето убедување. Секоја индивидуа ќе донесе одлука, која ќе смета дека е добра пред се за неговото семејство, но и неговата држава“, беа клучните зборови на Мицкоски на оваа прес-конференција, со која им остави на самите граѓани да донесат одлука дали ќе излезат или ќе го бојкотираат референдумот.
За крај тој порача, едно знам: „Македонија ќе победи, а на власта ќе и порачам, да не ја лаже јавноста со слоганот – Сега или никогаш. Таков пример имаше и со изборот за претседател на Бранко Црвенковски, па сите видоа како заврши сето тоа“.
Целото обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ овде:
Сеуште не го знаеме јасно и гласно ставот на ДП*НЕ!
Ќе БОЈКОТИРААТ или нема да бојкотираат?
Непосоењето на јасен став значи oставање на народот на милост и немилост на перфидните монструми на западната пропаганда која работи за уништување на Македонија!
ДПМНЕ значи Демократска партија за македонско национално единство. Па за какво единство овде станува збор кога претседателот повикува секој да си прави што сака? Каде е повикот за БОЈКОТ како единствен начин за македонско спасение? Партијата која ги користи историските букви ВМРО треба да се води и според историскита девиза на вистинските патриоти, членови на тогашното ВМРО која гласи: “Ако ве водам – следете ме, ако се двоумам – поттурнете ме, ако ве предадам – убијте ме“. Што прави ДП*НЕ сега? Не води, се двоуми или не предава?
Ако не водат, ќе речат БОЈКОТИРАМЕ!
Ако се двоумат, тогаш да ги поттурниме!
Ако не кажат јасно и гласно ДП*НЕ БОЈКОТИРА….е тогаш не предаваат!