Бојкотира и Цела 3-та Македонска Опција, Инспирирана од Спектакуларно Успешната Кампања #Бојкотирам!
Сподели на социјалните платформи:

Спектакуларно успешна кампања на интернет под хаштагот   зад која застана цел Македонски народ веќе го канализира чувстотото на Македонскиот Народ, накратко – Не За Предавничкиот Референдум организиран од квислиншката, однадвор-наметната, нелегитимна, пучистичка, анти-уставна Хунта! Прочитај повеќе овде: Македонски Одговор на Предавнички Референдум? #Бојкотирам! Растечки Феномен Кој ја Руши Хунтата!

Денес, недела, 5-ти август 2018, месец дена после кампањата #Бојкотирам која веќе заврши голем дел од работата, триесет организации – политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората потпишаа меморандум за стратешка соработка за бојкотирање на предстојниот предавничкиот референдум.

Кампањата, која ќе се води под слоганот Македонија – Бојкотира се предвидува да се води преку формирање на Кризен штаб против референдумот кој ќе води јавна пропаганда за неизлегување и бојкот на референдумот на 30 септември 2018 година.

Дел од учесниците во кампањата „Македонија бојкотира“ се Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција на Филип Петровски, Христијанско братство, Единствена Македонија, Македониум, Аманет 1903, и други партии и невладини организации.

Општ заклучок кај потписниците на Меморандумот е дека  македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија нема да излезат на референдумот бидејќи не прифаќаат промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Иницијативата ја поздравува одлуката на сите помали партии, организации, здруженија кои се приклучуваат на кампањата за на референдумот за фашистичкиот договор со кој се прави обид да се избрише македонската нација.

 

 

1 thought on “Бојкотира и Цела 3-та Македонска Опција, Инспирирана од Спектакуларно Успешната Кампања #Бојкотирам!

  1. Борбата помеѓу доброто и злото е исконска. Секогаш кога злото ќе стигне пред крајот на трката, се сопнува и паѓа. Така успеал светов да опстои, така успеала и Македонија да опстои низ вековите за да биде тука кога ќе и дојде време да го превземе раководењето со светот.
    Бојкотирам зошто македонскиот ми е мајчин јазик!
    Бојкотирам зошто пеам песни со 5/8 и 7/8 такт!
    Бојкотирам зошто имам ѕ во мојата азбука!
    Бојкотирам зошто ја знам мојата вистинска историја, не онаа западната, лажираната!
    Бојкотирам зошто Македонија е мојата мајка, една единствена!

Остави коментар