Италија нема да купи повеќе борбени авиони “Локхид Мартин корп Ф-35” и размислува дали да се придржува и до претходно закажаните нарачки, изјави министерот за одбрана, Елизабета Трента. Трента доаѓа од анти-естаблишментот движењето 5-Ѕвезди кое отсекогаш ја критикуваше порачката на Италија за 90-те авиони на НАТО, велејќи дека парите можат подобро да се трошат за да се зголеми социјалната помош и да се помогне на слабата економија, јавува Ројтерс.
“Ние нема да купиме повеќе нови Ф-35“, изјави Трента во телевизиското интервју со приватниот радиодифузер Ла 7. “Ние оценуваме како да ги откажеме веќе делумно платените порачки“. Оваа одлука на Италија доаша само по месец дена после уште една слична одлука на друга членка на НАТО, Турција. Наместо Американските Ф-35 Турција Купува Руски Су-57 Авиони во Ноќна Мора за НАТО!
“Никој не го крие фактот дека отсекогаш сме биле критични … Со оглед на постојните договори потпишани од претходната влада, правиме внимателна проценка која исклучиво го зема во предвид националниот интерес”, рече таа. Таа наведе неколку причини да бидат претпазливи, велејќи дека “силните финансиски казни” би можеле да значи дека “укинувањето на договорот може да нè чини повеќе отколку да го задржиме”.
Движењето со 5 ѕвезди формираше патриотска коалициона влада минатиот месец со десничарската партија Лига. Прочитај повеќе овде: Паралелна Валута и Анти-Имигрантска Платформа на Новата Коалиција во Италија. Чао Могерини! овде Италија Бара ЕУ да Формира Фонд за Исплата на Штета на Државите што ќе го Напуштат Еврото! и овде Мигранти Пакувајте Се и Збогум Сорос – Порача Салвини од Новата Италијанска Патриотска Влада!