Според глобалното истражување на 66.000 луѓе спроведено во 2017 во 68 земји од светската независна мрежа за истражување на пазарот (WINMR) и Gallup International луѓето во светот ги гледаат САД како водечка закана за мирот на планетата и тоа со голема разлика пред било кој друг! 94% од човештвото што живее надвор од САД во период на слабеењето на вујко Сем покажува загриженоста за целта и намерита на американската моќ и влијание во земјите ширум светот, во услови на стрмен пад на американската репутација.
Нема ништо изненадувачки во овие резултати за секој кој ја следи “надворешната политика на САД” – заеднички елитистички еуфемизам за она што тоа навистина е – американскиот империјализам. САД, досега најголемата империја во светската историја, има најмалку 800 воени бази во повеќе од 80 странски земји и “војници или друг воен персонал во околу 160 странски земји и територии.” САД сочинуваат повеќе од 40% од воените трошоци на планетата и има повеќе од 5.500 стратешки нуклеарни оружја, доволно за да го разнесат светот од 5 до 50 пати. Минатата година таа ја зголеми потрошувачката на “одбраната” (воените империја), која веќе беше три пати повисока од Кина и девет пати повисока од онаа на Русија.
Во 30 земји опфатени со Истражувачкиот центар Пју и во 2013 година и во 2017 просек од 38% во 2017 велат дека моќта и влијанието на САД претставува голема закана за нивната земја, што е за 13 процентни поени повисоко од 2013 година.
Загриженоста за моќта на САД како закана ако се земат овие 30 земји, повеќето сојузници на САД, може да се спореди со загриженоста за кинеската и руската моќ во поголемиот дел од светот. На страница 3 од нивниот 32-страни pdf е прикажано дека категоријата за “голема закана” САД беше избрана од страна на 35% од испитаниците додека 31% ја избраа Русија а исто така и 31% Кина. Она што е премолчано е дека од 30те земји скоро сите со исклучок на Венецуела се Американски сојузници, значи самите сојузници повеќе се плашат од воениот авантуризам и неодговорност на САД отколку од Кина и Русија!
Процентот на јавноста што гледа на американската моќ како голема закана за нивната земја се зголеми во 21 од 30-те земји помеѓу 2013 и 2017 година. Само во изминатата година перцепциите за САД како главна закана се зголемија за најмалку 8 процентни поени меѓу неколкуте долгогодишни американски сојузници, вклучувајќи ја Австралија (13 поени) и Велика Британија (11 поени). Загриженоста за моќта на САД е за 10 поени зголемена во Канада, Германија и Шведска, а 8 во Франција и Холандија. Најголем пораст се случи во Шпанија (42 процентни поени), Чиле (34 поени) и Турција и Гана (по 28 поени).
Моќта и влијанието на САД се рангирани како најголема закана во Турција (72%) додека кај американскиот вазал Јапонија, луѓето се чувствуваат речиси подеднакво загроозени и од Кина и САД: 62% од јапонските испитаници сметаат дека САД се главна закана, додека 64% велат дека истата е за Кина.
Американските соседи, Мексико и Канада, исто така ги гледаат САД како поопасни отколку Кина или Русија. Во Мексико, 61% мнозинство ја гледа американската моќ како голема закана. И во Канада, 38% се чувствуваат загрозени од САД, бројка која ги надминува рејтинзите на Канада со закана од Руската и Кинеската моќ (30% и 25%, соодветно).