… Покрај надворешниот притисок од Грција, Македонија, исто така, се соочуваше со внатрешна фрагментација, особено во западниот дел, каде што има Албанци, чиј јазик, култура и главно муслиманска вера се разликува од оние на главно православните христијански Македонци. Освен овие две национални групи тука се и Ромите, Власите, Турците, па дури и малата еврејска заедница.
Неколку пати ја посетував Македонија за време на 90-тите години, кога малата република се наоѓаше во соседството на ужасните војни кои се случуваа на северозапад. Сепак, таму никогаш не избувна целокупен вооружен конфликт, и покрај убедувањето на речиси сите набљудувачи дека Македонија е буре барут само што чека да експлодира.
Одење низ Скопје, главниот град на Македонија, ме потсетија на израелските градови. Во соседство каде што престојував, пејзажот беше дефиниран од скромни куќи, станбени блокови и разлистени, тивки улици, слично како Тел Авив и околните населени места. Во старата Отоманска населба во градот, Бит-пазар, тесните сообраќајници беа преполни со трговци со зеленчук, ефтини алишта и ЦД-а со турбо-набиена балканска народна музика (што не звучи многу различно од музиката на нивните израелски братучеди) и мирисот на месо на скара висеше во воздух, потсетувајќи ме на отворениот пазар на Махане Јехуда во Ерусалим.
Забележав и позначајни сличности. Македонците, како Евреите во Израел, биле опкружени од соседи кои ја прикажувале целата нејзина историја како лажна приказна за една лажна нација.
И мислевте дека израелско-арапскиот конфликт е комплициран. На југ, грчката влада инсистираше на тоа дека името “Македонија” е исклучиво грчка сопственост и дека нацијата што тврди дека е Македонија беше измамник – став што резултираше во Македонија да се нарекува “Поранешна Југословенска Република Македонија” во Обединетите Нации и други меѓународни институции. На север, Србите ја сметаа Македонската Православна Црква за нелегитимна, честопати се однесуваа кон Македонците како кон “јужни Срби”. На исток, Бугарите обвинија дека признавањето на Македонија ќе ги охрабри македонските претензии на територијата во Бугарија. На запад, албанските иредредентисти сакаа да го подбуцнат албанското малцинство во Македонија.
Пред да се изгубиме во детали, вреди да се напоменат клучните сличност. Како и Евреите, Македонците се во невообичаена положба да мора да го оправдуваат својот статус како нација. Непријателкси расположени против нив не се само балкански влади, туку и делови од соседните општества. На митингот во Атина спротивен на договорот меѓу Грција и Македонија, композиторот Микис Теодоракис, кој е познат по обвинувањето на “американските Евреи” за осакатената должничка криза на неговата земја пред 10 години, рече дека секое признавање на правото на не-грчка нација да се нарекуваат македонски е сериозно национално предавство.
Ова е како огледало на одбивањето во арапскиот свет да го признае сувереното постоење на Израел, заедно со нејзината придружна историска митологија – дека Евреите немаат духовна или материјална врска со земјата, дека Еврејскиот храм никогаш не застана во Ерусалим, дека Палестинците се потомци на Исус, и така натаму.
Израел беше принуден да сфати во текот на речиси цел еден век, дека конфликтите околу прашањата за идентитетот никогаш не се вистински решени. Така и Македонија во догледна иднина, секогаш ќе се соочува со напади од разни страни, изнервирани од самото нејзино постоење како независна држава.