Претседателот Емануел Макрон се откажа од плановите за спас на 1.500-те француски Забранети Зони – сиромашни населби вон досег на државата и полицијата во кои царува криминалот и шеријатот – и наместо тоа, ги повика локалните градоначалници и групи на граѓанското општество да најдат решенија на локално нив, фактички им го префрли нерешливиот проблем. Макрон исто така призна дека Франција “ја изгуби битката со трговијата со дрога во многу градови”. Првичната реакција на говорот на Макрон беше едно од речиси едногласно разочарување. “Очекувавме конкретни политики”, рече градоначалникот на Аулен-су-Буа, Бруно Бешица. “За сега, нема ништо практично. Излегов со празни раце”.
Околу 6.5 милиони луѓе – околу една десетина од населението на Франција – живеат во 1.500 населби класифицирани од страна на владата, како чувствителни урбани зони (urbaines sensibles).
Во многу очекуваниот говор во Елисејската палата на 22-ри мај, Макрон најави само скромни, небуџетски иницијативи за промовирање на плановите, вклучувајќи план за вработување на повеќе полицајци, мерки против трговијата со дрога и корпоративна програма за стажирање за непривилегирани млади .
Обраќајќи им се на 600 гости, вклучувајќи ги и пратениците, претприемачите, лидерите на заедниците и жителите, Макрон рече дека нема да објави уште еден “Маршалов план за Забранетите Зони”, бидејќи најмалку десет претходни такви стратегии не успеаја.
Наместо план и акција, Макрон повика на “општа мобилизација” за поставување на темелите за “политика на еманципација и достоинство” врз основа на “филозофија на дејствување” и “промена на методот” за да ги извадат како што рече сиромашните населби од “домашен притвор”.
Ерик Кокерел, пратеник за екстремната левичарска партија Ла Франс Инсумис , го обвини Макрон за “закопување” на извештајот на Борло и “понижување” на оние кои работеле на него. Тој додаде дека Макрон “предложил бесцелни мерки без финансирање, инвестиции или новина”. Стефан Ле Фол, поранешен портпарол на социјалистичката влада на претседателот Франсоа Оланд, напиша твитер: “Сведоци сме на ликвидацијата на планот на за реинтеграција”.
Марин Ле Пен, претседател на Националниот фронт, истакна дека Макрон не успеал да ги реши прашањата на миграцијата и исламизмот:
“Едвај еден збор за миграцијата, едвај еден збор за исламскиот фундаментализам, а совршено добро знаеме дека овие проблеми делумно се извор на тешкотиите во Забранетите Зони. Одбивајќи да ја видиме реалноста значи да се осудиме себеси на неуспех”.
Во октомври 2011 година, значаен извештај од 2.200 страници, “Предградијата на Републиката” ( “Banlieue de la République” ) откри дека многу француски предградија стануваат “одвоени исламски општества” отсечени од француската држава и каде исламскиот закон брзо го заменува француското граѓанско право. Во извештајот се вели дека муслиманските имигранти се повеќе ги отфрлаат француските вредности и наместо тоа се впуштаат во радикален ислам. Извештајот, нарачан од влијателниот француски тинк-тенк “L’Institut Montaigne”, беше изработен од Жил Кепел, почитуван политички научник и специјалист за исламот, заедно со пет други француски истражувачи. Авторите на извештајот покажаа дека Франција – која сега има 6,5 милиони муслимани (најголемо муслиманско население во Европската унија) – е на работ на голема социјална експлозија поради неуспехот на муслиманите да се интегрираат во француското општество.
За понижувањето да биде уште поголемо, на само ден пред говорот на Макрон, француските телевизиски канали пренесуваа слики од маскирани вооружени лица кои отворија оган на сред бел ден во јужниот пристанишен град Марсеј. Напаѓачите, облечени во црно и со калашников автоматски пушки, киднапирале еден поединец, го сместиле во автомобил и го одвеле додека полицијата беспомошно застанала. Гангстерите, за кои се смета дека се вклучени во војната за контрола на трговијата со дрога во градот, “не се плашат ниту од полицијата, ниту од правдата”, изјави еден полицаец, кој рече дека полицијата “немала шанса” бидејќи бројно и во оружје биле послаби.
И дека овој неповратен процес води кон крaј не само на Француската туку и на многу други европски нации прочитајте повеќе овде: Шведска од Нашата Младост Веќе не Постои! Силувања, Шеријат и Зони вон Досег на Полицијата! и овде:
Иднината на Европа е Граѓанска Војна (Дел 1 – Британска Перспектива)
Иднината на Европа е Граѓанска Војна (Дел 2 – Британска Перспектива)
Ќе се секира макрон за таму некоја Франција. Пффффт. Во Сирија (северна) му е паметот и легионерите.