И додека делегитимираната и поразена од Италијанците “бомбашка”, глобалистот Могерини се простува со ЕУ и кариерата, новата Италијанска владеачка коалиција ја објави својата платформа: воведување на паралелна валута со Еврото, намалена имиграција и рамни даноци. Италијанското патриотско движење 5 Ѕвезди и Лигата (поранешна Северна Лига) се пред формирање влада. По два месеца на пост-изборните преговори, коалициониот договор – ако не и одлука за премиер – e неминовен (прочитај повеќе овде на Гардијан).
Што знаеме досега?
Лидерите се состанаа денес и ја поставија политичката агенда чии контури веќе беа претходно подготвени од самите партиски лидери. Пет ѕвезди и Лигата се многу различни политички партии, но тие имаат доволно заедничко за една радикална законска анти-ЕУ агенда. Двете страни се чини дека се согласија за неутрален премиер, со други зборови ниту Ди Мајо ниту Салвини. Името споменато во италијанските весници е Џамперо Масоло, дипломат кој изгледа дека е прифатлив за двете страни. Масоло ќе биде само фронтменот. Моќта секако ќе остане кај Ди Мајо и Салвини.
Платформски определби на новата Италијанска влада
Крај на пензиските реформи:
Крај на пензиските реформи кои беа почнати од глобалистот и бивш премиер Марио Монти. Пет ѕвезди е помека за оваа точка од Лига, но заедно може да се очекува двете страни да се согласат со фундаменталните промени.
Намалување на мигрантскиот прилив:
Двете страни се жестоко анти-имиграција.
Драстично намалување на даноците:
Воведување на рамен данок и за граѓаните и за компаниите.
Студија за т.н. минибот, паралелна валута и отскочна штица за излез од Еврозоната:
Ова е паралелна валута врз основа на идните даночни пријави, слично на предлозите од Јанис Варуфакис во Грција кои не му беа прифатени и затоа поднесе оставка а кои ќе водеа кон враќање на драхмата. Паралелната валута беше во изборниот манифест на Лига. Петте ѕвезди се помалку радикални од Лигата во однос на еврозоната, но исто така подржуваат промени кои се некомпатибилни со фискалните правила на ЕУ. Паралелната валута има многу поголеми шанси за успех во Италија, и на некој начин би се решила фискалната дилема на владата. Најгорливото прашање е дека ова ќе претставувало почетокот на патот кон излез на Италија од еврозоната.
Најстрашниот кошмар на ЕУ се остварува
Европските медиуми го опишуваат ова како најлошиот кошмар на ЕУ каде две Евроскептични партии ги здружија силите. Двете страни, исто така, сакаат повторно да преговараат за фискалните правила на ЕУ за да и “дозволат на Италија повеќе да троши”. Пет Ѕвезда се повлече од ветувањето за одржување на референдум за членство на Италија во еврозоната, но Лигата сé уште го нарекува еврото “погрешна валута” и сака да излезе од него веднаш штом тоа ќе биде политички изводливо.
Претседателот Матарела во еден силно проевропски говор во четвртокот на конференција за состојбата во Европската Унија во централниот град Фиезоле стави до знаење дека не сака да види никаква конфронтација со Брисел.
Претседателот Матарела може да се пени со проевропски говори колку што сака но освен да распише нови избори не може ништо да стори. А на нови избори веројатно и според најновите анкети ќе им се даде уште поголемо мнозинство на Пет Ѕвезди и Лига.
Со години јадев гомна дека прво Англија па следна е Италија,за излез од посраната унија на ционистичкото зло еу и нато.А тоа е возможно со доаѓање пак на фашистите на власт(во случајов нео дека првиот фашизам,не постои веќе) Е сега дури ќе биде интересно.Од тоа црнците таму и комунистите буквално трага нема да остане.Нек се угоде