Ви благодарам претседателе, за прв пат од постоењето на овој Национален совет имам можност да се обратам со свое видување за Извештајот на ЕК. Како што е познато, овој Совет е раководен од опозицијата. За жал минатата опозиција никогаш не ми упатуваше покана како професор, но еве добро е што сега работите се менуваат на подобро!
Моето излагање во врска со Извештајот ќе биде фокусирано на политичките критериуми, на вистинската заштита на човековите права, на правосудниот систем во целина, и секако на клучната детерминанта во правото на ЕУ, но и во нашиот систем, владеењето на правото!
Ќе нотирам неколку клучни недостатоци што не се содржани во Извештајот, а кои мораа да бидат внатре, не поради нечии лични желби или потреби, туку затоа што на сите граѓани во РМ им е потребен еден ОБЈЕКТИВЕН, НЕНАВИВАЧКИ ИЗВЕШТАЈ кој треба да ги детектира сите слабости на системот со цел натаму да се работи во насока на пронаоѓање соодветни решенија за нивно надминување!
Со премолчување на проблемите, или со нивното ставање под тепих, мислам дека ниту ЕУ, ниту РМ ќе има некаква корист!
Првото прашање е секако ЗОШТО ЕК И ЕУ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ ТОКМУ ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ го претставија најпомпезно во делот на нотираните успеси кога од друга страна се гледа дека во повеќе од половината од поглавјата резултатите се утврдени како незадоволителни, како поглавја во кои не се нотира никаков напредок, или пак е утврден сосема мал напредок!
ЗОШТО ЕК токму сега пројави желба да го набилда овој извештај со позитивна енергија која реално на соодветствува со она што се случува на терен, и зошто розевите очила за состојбите во РМ се ставаат токму сега? Дали е тоа заради потребата од брзо решавање на името?
Граѓаните кои живеат во Македонија, независно од нивната партиска, етничка или друга припадност, секојдневно прашуваат КОИ СЕ ТИЕ ВИСТИНСКИ РЕФОРМИ што се случуваат во државата, кога истите не се гледаат, а уште помалку се чувствуваат?
Дали овој извештај е наменет за РМ и за нејзините граѓани, или за некој друг? Граѓаните за жал не можат да видат, ниту да почувствуваат политички, правни, а најмалку економски подобрувања во земјата!
Во овој контекст навистина би побарала објаснување од претставниците на ЕУ зошто во делот што се однесува на Собранието на РМ нема ниту еден единствен збор за нелегалниот, неделовничкиот и неуставниот избор на претседателот на Собранието на РМ што се случи на 27. април 2017 година.
Зошто нема ниту една буква за прекршувањето на процедурата при изборот на претседател, нема ниту една буква за прекршените 20 члена од Деловникот, 4 члена од Законот за Собранието, и неколку уставни одредби!
Нема ништо за правниот и процедуралниот хаос што го направи актуелната власт тој ден, за политичкото насилство што беше извршено тој ден, за невладеењето на правото во храмот на демократијата како што треба да се гледа собранието, за грубото газење на Уставот, на Деловникот и на Законот за Собранието на РМ!
За жал ЕК не најде сила да го види газењето на Уставот и на другите правни акти во земјата од страна на сегашната власт! Политичкото насилство МОРАШЕ ДА БИДЕ НОТИРАНО И ОСУДЕНО ОД СТРАНА НА ЕУ со истата жестина како што беше осудено и физичкото насилство!
ЕУ не смееше да си дозволи да се стави во позиција да промовира селективно владеење на правото во земјата најмалку заради својот углед и авторитет што го ужива меѓу граѓаните на РМ!
ЕУ МОРАШЕ ДА ИЗЛЕЗЕ СО КОНКРЕТНА ОСУДА НА ПОЛИТИЧКОТО НАСИЛСТВО ВО ДРЖАВАТА, МАКАР СРОЧЕНА И ВО ЕДНА РЕЧЕНИЦА, ЗАТОА ШТО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЕУ ЗНААТ ДЕКА КРШЕЊЕТО НА УСТАВОТ И НА ДЕЛОВНИКОТ НА СОБРАНИЕТО НЕМА ДА ЈА ДОНЕСЕ РМ НА ПОВИСОКО СКАЛИЛО ОД РАЗВОЈОТ НА ПРАВНАТА ДРЖАВА, ТУКУ ЌЕ ЈА СМЕСТИ ВО ГРУПАТА ДРЖАВИ КАДЕ ВЛАДЕЕ ПОЛИТИЧКИОТ ВОЛУНТАРИЗАМ, правната анархија што секако не е добро за никого!
Владеењето на правото е најважниот принцип врз кој почива ЕУ и сите земји-членки на ЕУ. И ВО МАКЕДОНИЈА, КАКО ЗЕМЈА КАНДИДАТКА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ МОРА ДА ВЛАДЕЕ ПРАВОТО ЗА СИТЕ И ЗА СЕКОГО БИДЕЈЌИ ДРУГ ИЗБОР НЕМАМЕ!
И покрај комплетното замижување за нелегалната процедура на избор на претседател, во Извештајот сепак е наведено дека промената на власта била одложена поради одбивањето на претседателот Иванов, од политички и легалистички причини, да му даде мандат да формира влада нa лидерот на СДСМ кој имаше поддршка од мнозинството во Собранието. Извештајот содржи еден класичен и опасен спин што се забележува во неговиот вординг кој не смееше да се дозволи да биде ставен на хартија, а тоа е дека на 27 април 2017 година затоа што бил избран првиот етнички албански претседател на Собранието, биле предизвикани насилни напади од страна на демонстрантите пред Собранието!
Поврзувањето на првиот етнички албански претседател на Собранието со насилните напади во Собранието или ставањето на етнички предзнак на настаните што се случија во Собрание е невистина која мора да се тргне од Извештајот, затоа што настаните од 27.април не беа етнички мотивирани, туку напротив, реакцијата на граѓаните дојде заради прекршувањата на правото во државата!
Ако ЕК навистина сака да биде објективна во Извештајот треба да нотира дека поради прекршувањата на Деловникот, Уставот и Законот за Собрание од страна на пратениците на актуелната власт, се случи и влезот во Собранието, како и подоцна непосакуваното од никого физичко насилство.
Неуставната и неделовничката акција на пратениците од власта ја предизвика реакцијата на демонстрантите!
Знам дека ако вака се нотираа работите во Извештајот, ЕК ќе требаше да побара политичка и кривична одговорност и за пратениците од власта поради флагрантна повреда на владеењето на правото, НО ТОА Е ОБЈЕКТИВНАТА РЕАЛНОСТ која за жал не е нотирана никаде!
Ако вака беа нотирани правните факти кои се реалност, тогаш Извештајот сигурно ќе добиеше поголема тежина и прифатеност во очите на мнозинството македонски граѓани!
Апропо настаните од 27 април, интересно е што во Извештајот нема ниту збор за незаконското приведување на пратениците од опозицијата без претходно да биде симнат нивниот имунитет како што налага Деловникот на Собранието и Уставот на РМ! Слушаме од министерот за внатрешни работи дека пратениците уживале имунитет само за притвор, а не и за приведување?! Срам! А како пратениците беа однесени во притвор, со чочек или со ПРИВЕДУВАЊЕ? Како е можно да се има имунитет за ПРИТВОР, а да се нема имунитет за приведувањето, па како тогаш ќе стигне пратеникот во притвор е прашањето што требаше да го одговори „инвентивниот“ Оливер Спасовски?
За волја на вистината, Народниот правобранител на РМ ја констатираше оваа незаконитост, на истата незаконитост укажа и лично Талат Џафери, но во Извештајот на ЕК не е ништо нотирано! Повторно замижување пред незаконитостите и ставање на валканите алишта под тепих со што се намалува интегритетот и кредибилитетот на овој Извештај!
Нема ниту збор за најтешката кривична квалификација „терористичко загрозување на уставниот поредок“ што ја добија лица кои пееја македонска химна во Собранието и кои зборуваа за потребата од унитарна Македонија, и Македонија како држава на сите нас!
Од друга страна, нема осуда за албанскиот пратеник кој пееше химна на Република Албанија во Собранието на РМ!
Во делот на реформите на судството, чудно е што нема никаква реакција или барем укажување од страна на ЕК дека премиерот Заев НЕ МОЖЕ да раководи со Советот за реформи во правосудниот систем на земјата!
Ова се коси со уставните начела во земјата, кои едновремено се и начела во правото на ЕУ!
Се коси со начелото на поделбата на власта, се коси со начелото на независноста и самостојноста на судството, но и со интегритетот и самостојноста на судиите кои како членови на советот за реформи се принудени да му стојат мирно и да му се директно подредени на премиерот!
Во Извештајот е нотирано дека и натаму околу 60% од предлог-законите во Собранието се донесуваат по скратена или по итна постапка без за тоа да постојат конкретни причини. Јасно е дека скратената постапка на донесување на законите го намалува квалитетот на предлог-законите. Во овој дел од Извештајот повторно нема ниту збор за кршењето на деловничката процедура при носењето на Законот за употребата на јазиците од страна на Талат Џафери и Артан Груби како претседател на собраниската Комисија за европски прашања! Нема ниту збор за злоупотребата на европското знаменце за политички цели што беше констатирано од неколку амбасадори во земјата, нема ниту збор за директната дискриминација што овој закон би ја правел кон другите малцински заедници во државата кога ќе стапи на сила!
НОТОРЕН ФАКТ Е ДЕКА Законот за употреба на јазиците е ДИСКРИМИНАТОРЕН за сите останати заедници во земјата!
Со него на јасен и недвосмислен начин се фаворизира употребата на албанскиот јазик како надреден над сите останати малцински јазици, и спротивно на Уставот се наметнува како втор службен јазик на цела територија на државата. Законот е спротивен на амандман 5 од Уставот, спротивен е на Охридскиот рамковен договор, поточно на точка 6, како и на Анекс Б, точка 8 која прецизно го дефинира опсегот на примената на законот за јазиците.
Иако оваа власт го зголеми рокот за јавни консултации во однос на политиките и законите од 10 на 20 дена, сепак нотирано е дека се уште нема институција која е одговорна за контролата на квалитетот на самиот процес на консултации што е КРИТИЧКА СЛАБОСТ. ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ ИНТЕР-МИНИСТЕРСКИ КОНСУЛТАЦИИ СЕ ФОРМАЛНОСТ. И самите институции немаат потреба да прават детален осврт на сите забелешки добиени во процесот на консултации, недостасува целосен увид меѓу кажаното на консултациите, и внесеното во политиките, а посебно забелешката се однесува на немањето прецизни бројки што примената на конкретните закони ќе значи за буџетот на државата.
Собранието и натаму нема доволно контрола над владиното трошење пари, вклучително и тоа колку владините предлози имаат буџетски импликации.
Во делот на реформата на администрацијата набележано е дека летото 2017 година Владата има незаконски разрешено или им го има незаконски престанато мандатот на илјадници членови на управни и надзорни одбори, комисии, и други тела, како и на топ менаџерите на 85 јавни институции врз основа на нивната наводна опструкција при трансферот на власта! Не постои ниту еден доказ за наводна опструкција при трансферот на власта!
Власта се уште не се обрнува внимание на целосно почитување на системот на заслуги при регрутирањето на лица на позициите во јавната служба. За жал системот на заслуги, образованите компетенции и стручните квалификации на кандидатите за оваа Влада не се воопшто важни. Важна е партиската лојалност и членска книшка!
И покрај забелешката дека има прекумерна употреба на привремените договори за вршење услуги или други видови на регрутирање кои го бајпасираат принципот на заслуги и употребата на отворен натпревар меѓу сите кандидати, Владата и натаму тера со партиски директиви при новите вработувања!
Нема ниту збор за извршените незаконски разрешувања на професионалци во администрацијата, во МВР од страна на оваа власт, ниту збор за незаконското унапредување или уназадување зависно од партиската припадност на вработените по неколку скалила на работните места во администрацијата, нема ни збор за отказите што илјадници луѓе ги добија од оваа власт само затоа што биле вработени од претходната, ни збор за мобингот што се прави од високи функционери во владата врз вработените, ни збор за бројни примери на судир на интереси што носителите на власта ги имаат при работењето, ни збор за непотизмот, за вработувањата на свои роднини, деца во државните институции.
Понатаму, во Извештајот се наведува дека на државата и недостасува соодветна координација меѓу клучните институции во делот на имплементацијата на политиките. НЕМА НИТУ МИНИМАЛНИ БАРАЊА ИЛИ НАСОКИ во секторот за планирање кај министрите. Како резултат на ова секторот на планирање останува СЛАБ, што се одразува и врз нецелосното и само на хартија ставено финансиско планирање. Квалитетот на координативниот систем на ЕУ интеграцијата како во делот на политичките мерки, така и во делот на имплементацијата на помошта од ЕУ фондовите останува мал.
Фундаменталните права продолжуваат да бидат во голем дел пропишани во законите, но имплементацијата на законите бара одржлива заложба кон реформите. За жал зборуваме за човекови права, а основното право на секој Македонец да се нарекува Македонец, и така како што чувствува НИКОЈ НЕ ГО ШТИТИ!
Се водат тајни преговори за промена на нашето државно име, се крши Уставот и законите во државата во делот на преговорите, само за РМ се измислуваат дополнителни критериуми за членство во НАТО и во ЕУ, се додаваат услови со кои не се почитува домашното, ниту меѓународното право каде јасно стои дека државното име и идентитетот на нацијата се јус когенс категории, фундаментални принципи, инхерентни вредности кои ние ги имаме стекнато како такви многу пред Грција да го преименува својот регион во Македонија, во 1988 година!
Името и идентитетот се елементи на нашата државност, тие се елементи на нашиот правен субјективитет како држава! Во оваа смисла, заштитата на фундаменталните права на граѓаните на РМ треба да се движи, пред се, во заштитата на нашето универзално признато право на самоидентификација како Македонци, во заштита на правото самостојно да одлучуваме какво ќе биде нашето име, каков ќе биде нашиот идентитет, бидејќи сето тоа го дефинира и нашето достоинство како поединци, но и како државјани на РМ.
Никој, вклучително и ЕУ, не може да ни го порекне правото да бидеме Македонци!
Samo mozam da kazam edno “GOLEMO BRAVO” za Prof. Dr. Karakamiseva , taa e golem borec za svojata tatkovina “REPUBLIKA MAKEDONIJA”, koja na kratko no mnogu sodrzajno ja prezentirase VISTINATA STO SE SLUCI I PRODOLZUVA DA SE SLUCUVA VO MAKEDONIJA , od koga dojdoa na vlast t.n. KOALICIONATA BANDA , ANTI-DEMOKRATSKI I HAOTICNI POTEZI VO SVERATA NA SEVKUPNOTO ZIVEENJE VO MAKEDONIJA. EVROPSKATA KOMISIJA TREBA DA ZNAE DEKA KRSENJETO NA USTAVOT NA REPUBLIKA MAKEDONIJANA I DONESUVANJE NA NEUSTAVNI ZAKONI I ODLUKI KOI NEMAAT NIKAKVO ZNACENJE ZA REPULIKA MAKEDONIJA- tie se 100 % NEVALIDNI , NEZAKONSKI i bez IKAKOV OBVRZUVACKO PRAVO ZA MAKEDONSKITE GRAGJANI odnosno za REPUBLIKA MAKEDONIJA. Evropskata Komisija treba i mora da go pocituva najbitnoto moto za informiranje na EVROPSKATA JAVNOST A TOE E – “FACTS FIRST NOT FAKE NEWS”. Toa sto go procitav kako bila prestavena KOALICIONATA BANDA koja e na vlast i kakva e sostojbata vo Repulika Makedonija prestavuva nisto drugo tuku -“BIG SHAME ON EUROPE”. In this case THE FAKE NEWS is the typically EUROPIAN POLITICAL VIRUS only to press MACEDONIA to CHANGE OWN CONSTITUTIONAL NAME, WITHOUT ANY EXPLANATION,except GREECE DEMAND. Do you ever “ASK YOURSELF EUROPE” whether GREECE is RIGHT or NO ????? The only answer for this stupid Greece problem is “MACEDONIA HAS ABSOLUTELY RIHGT HOW TO CALL ITSELFS” SO YOU HAVE TO REMEMBER THAT NOBODY CAN FORCE US TO CHANGE OUR CONSTITUTIONAL NAME simply NOBADY HAS RIGHT including EU and Greece. SO AT THE END , REMEMBER ; WE ARE “REPUBLIKA MAKEDONIJA / REPUBLIC OF MACEDONIA” and we shell never change our CONSTITUTIONAL NAME BECAUSE GREECE LIKE IT ! SIMPLY, “THAT’S THE WAY IT GOES” and You – Europe I AS YOU LIKE IT . CULTURALLY I ASK YOU-EUROPE “STOP WITH YOUR NON-DEMOCRATIC BEHAVIOR TO PRES US, IT’LL BE BETTER FOR BOTH , FOR REPUBLIC OF MACEDONIA AND FOR YOU-EUROPE..!