Огромниот изблик на млада Македонска енергија на големите непартиски протести на младите против предавствата на нелегитимната Хунта во Битола и Штип прерастува во широко младинско движење. Македонија раѓа нови лидери. Хунтата може да затвори 30 патриоти излегоа илјадници нови. Не ќе можат да ја дозатворат Македонштината која врие! Младата Македонија ги повикува своите врсници да се придружат во одбраната на државата, националниот идентитет и нашето опстојување на огништата од нашите предци кое е под закана!
Онлајн Пристапница – Млади за Македонија: (кликнете овде)
Го пренесувам повикот во целост:
Приклучете се во градењето на најактивната, најмоќната и најголемата македонска младинска мрежа!
Заедно да кажеме НЕ за уништувањето на нашата Татковина, НЕ за двојазичноста и НЕ за промена на името.
Нашата идеја е над партиски интереси, нашата порака е за сплотеност во одбрана на идеалите кои стимулираат напредок и не го нарушуваат достоинството на едно општество.
Тука сме да ги зачуваме и зацврстиме столбовите врз кои е изградена нашата држава, да формираме плодна почва за напредок во едно ново, слободно и просперитетно македонско утре.
Ние сме тие со неизгасливиот стремеж за промена кон подобро, за реафирмација на трајните идеали кои го стимулираат напредокот на нашето општество.
Придружете ни се кон градење на ново, достоинствено, сплотено и просперитетно македонско утре!
МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА се тие кои ќе ја зачуваат унитарноста и демократијата!
Во нас е желбата, стремежот и волјата за промена кон подобро!
ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА!
ПРИДРУЖИ НИ СЕ!
НЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ!
НЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО!
НЕ ЗА ДЕСТРУКТИВНИТЕ ПОЛИТИКИ!
*Секој што ќе се регистрира на оваа пристапница воедно дава и потпис против промена на името Македонија – сите регистрирани потписи ќе ги доставиме до Европскиот парламент, ООН и останати меѓународни организации*
Погледнете дел од атмосферата од протестите на младата Македонија во Штип и Битола кои се одржаа деновиве. Ние студентите го кренавме нашиот глас против диксриминацијата и неправдите од ЕУ, НАТО, ОН и другите меѓународни организации. Директно побаравме Европскиот парламент да го почитува нашето основно човеково право – правото на самоопределување и да престанат да не принудуваат да го смениме нашето име и идентитет.
Слушнете дел од моќните говори на младата Македонија од протестите во Штип и Битола:
Говор на Димитар Џундев во Штип.
[fbvideo link=”https://www.facebook.com/MZMakedonija/videos/837761743098621/” width=”500″ height=”400″ onlyvideo=”1″]
Говор на Стефан Илиевски на студентскиот собир во Битола (16.04.2018).
[fbvideo link=”https://www.facebook.com/MZMakedonija/videos/839082906299838/” width=”500″ height=”400″ onlyvideo=”1″]