Се чини некој треба да ни објасни некои работи…. Или пак точно тие што треба да ни објаснат се зафатени со воздушните напади врз Сирија, извршени врз исто така лажни обвиненија како “хемискиот напад” во Дума, Источна Гута за да одвлечат вниманието на граѓаните од реалноста околу труењето на Скрипаљ? Лажно Обвини и Почни Војна е Воено-Хушкачката Агенда на Западот Пред Пропаѓање – Кеитлин Џонстон
Се сеќавате на 30те прашања за “фактите” што ги изнесе Тереза Меј? Прочитај повеќе овде: 30 Прашања Кои ФејкМедиумите Во Случајот Скрипаљ Ги “Премолчуваат” Бидејќи Трагите Водат Кон ЦИА, Не Кон Русија! Едно од прашањата беше како жртвите преживеаа еден таков силен нервен агенс како Новичок, наводно од Русија и кој наводно бил користен во обидот за атентат?
Овие сомневања можеби се одговорени сега откако независна швајцарска хемиска лабораторија, ја најде супстанцата што се користела за труење на Сергеј и Јулија Скрипаљ а тоа е токсинот наречен БЗ, кој никогаш не бил произведен во Русија, но бил развиен во САД, Велика Британија и други членки на НАТО.
Резултатите од испитувањето спроведено од швајцарската хемиска лабораторија која работела со примероците што Лондон ги предал на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПХЗ), покажуваат дека Сергеј Скрипал поранешен руски двоен агент, и неговата ќерка Јулија биле отруени со токсин познат како 3-хинуклидинил бензилат или BZ.
А на швајцарската лабораторија не може да и се најде замерка бидејќи е исто така меѓународно признаен центар на квалитет во областа на нуклеарната, биолошката и хемиската заштита и е еден од петте центри со трајно овластување од ОПХЗ.
Но, кој веќе се грижи за тоа? Дипломатите беа избркани, Путин беше наречен Хитлер и ракети беа истрелани врз Сирија. А патем речено, што се случи со ракетите во Сирија? Воен Дебакл на Крвожедната Империја на Злото! Скоро Сите Ракети Соборени! Сиријците Слават по Улиците!