Квислинзите му Нудат на Трамп Македонска Крв за да им се Опрости Анти-Трамп Спрегата со Сорос!
Сподели на социјалните платформи:

Вес Мичел, помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, во вторник доаѓа во Скопје. Тоа ќе биде негова прва посета на земјава, откако минатата година ја замени Викторија Нуланд, која како клучен играч на Стејт Департментот, беше ‘спонзор’ на  Пржинскиот процес. Тој е типичен, американски, анти-руски ‘јастреб’. Познат е како активен поддржувач на идејата за снабдување на Украина со воено наоружување, како и за зајакнување и проширување на санкциите против Русија. Секако во Европа ќе најде најмногу домашен изворен патриотизам околку некакво измислено Руско влијание.

Мичел ќе има исто така, голема улога во мисијата за намалување на ‘руското влијание’,  за про-руски ориентираните политичари во зоната на земјите со директно влијание на Русите , како што се: про-рускиот Претседател на Молдавија, Игор Додон, бугарскиот Претседател , Румен Радев, како и поддршка и поголема соработка со опозициските партии во Унгарија, каде Премиерот Виктор Орбан, јавно ги промовира своите про-руски политики против Украина и целата Европска Унија.

Мичел во оваа посета го избегна Соросовиот подржувач Еди Рама во Албанија, но поради сегашната стратешка важност на Македонија која е на Кериевата Линија на Огнот, доаѓа и кај нашите Соросоидни нелегитимни квислинзи. Што ќе понудат Соросовите мариоените Заев и Шеќеринска за им се опрости активното учество во Анти-Трамп спрегата на Сорос? Секако Македонска крв спакувана со борбата против божемното Руско влијание за да се навлажнат апетитите на воено-индустрискиот комплекс на САД за нови бомби, оружје, а за Македонскте животи не им е гајле ни на квислинзите а на САД им е гајле исто колку и за Украинските, Сириските, Либијските и други цивилни жртви. Дали понудата ќе биде прифатена останува да видиме. (Прочитај повеќе овде: Заев Впрегнат во Поразената Идеја на Сорос за ‘Нов Светски Поредок’ без Нации и Граници!)

За очекување е, тој да инсистира и да настојува, да се зголеми поддршката на Америка, за националистите и паравоените формации, во Балтичките држави, Полска и Финска, земји кои граничат со Русија, а под изговор на воена закана од Русија, како и за давање поголема воена помош на Украина.

Не помала ќе биде и неговата улога во Јужен Кавказ, каде ќе се обиде, Азербејџан,  да го врати под американско влијание, а се смета и на негова способност, за инвентивност и притисок со разноразни идеи и проекти, за гасоводи во Нагорно-Карабах.

Во неговото мотивациско писмо до америчкиот Сенат , летото 2017, тој ја обвини Москва за директно мешање и дестабилизација  на Украина, Грузија, Молдавија и Балканските земји, меѓу кои е и Македонија. Исто така, ја обвини Русија за поддршка на ‘непријателските’ режими во Сирија и Иран. Изјави дека ќе се залага, за намалување на ранливоста на американските сојузници и партнери, на корупција, дезинформации и други видови на притисоци, кои Русија ги користи,  да ги ослаби институциите и цивилните организации во овие држави.

Освен оваа функција, во Стејт Департментот, Вес Мичел обавува уште неколку други функции, во приватниот сектор:  Менаџер во компанијата Хениер Енерџи (Cheniere Energy, Inc.) , професор на универзитетот Нотр Дам – Мендоза бизнис колеџ, во Хјустон, Тексас (University of Notre Dame – Mendoza College of business , Houston, Texas).

 

Остави коментар