Хероината на Македонскиот Отпор Ана Бобинкова во Прилогот на Француската ТВ Порача: Не Ја Даваме Македонија!
Сподели на социјалните платформи:

Лидерите на движењето Преродба, Ана Бобинкова и Ристо Мијаковски, се најдоа во телевизискиот прилог на Француско-Германската АРТЕ ТВ во врска со организацијата на отпорот против промена на Македонската држава, нација и идентитет кои овие Македонски хероји го организираат од минатото лето се досега вклучително и на големиот и историски СеМакедонски протест на 27ми Февруари во Скопје.  Ви го пренесуваме преводот на прилогот направен од Елизабета и Димитар Велкови а целото видео можете да го погледнете на крајот од написов.

АРТЕ: Додека Скопје се буди, Ана Бобинкова и нејзиното семејство се упатуваат кон центарот на градот. Правникот и професор по филозофија, Ана, денес организира патриотски собир.

АНА: Ова е историски момент што живееме денес. Суштината е да го продолжиме нашето постоење и на државата како што било одсекогаш.

АРТЕ: Драматичен повик, додека нејзината земја се подготвува да го промени своето име. По распадот на Југославија во 1991 година, употребата на името МАКЕДОНИЈА, ги затрова односите меѓу Грција и младата република на Балканот. Секој се представува како наследник на претходниот царство на Александар Велики. На власт веќе неколку месеци, новата влада, реши да попушти игра и во принцип е за промена на името, што не е по вкус на АНА.

АНА: Ќе се собираме тука, секоја сабота, се додека не ги прифатат нашите барања. Само Македонците имаат право да одлучуваат за нивниот идентитет, име и иднина.

АРТЕ: Помеѓу другото се споменува за Северна или Нова Македонија, што значи културно обезличување.Тукушто Грција издејствува промена на името на аеродромот и автопатите, АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ, и одредени луге мислат дека се отиде премногу далеку.

ГОСПОДИН: Проблемот за Грција е што сака да не се промени, име на аеродром, име на автопат и утре и името на жената ми. Тоа е мизерно.

АРТЕ: Дел од народот е бесен. Министерот Османи го знае тоа многу добро. Тој е еден од преговарачите. За него нема избор. Додека не се потпише договор со Грција, тие ќе стават вето за влезот во НАТО и во ЕУ.

Османи: Безбедноста на земјата е поважна од промената на името

Арте: Дали вие сакате или сте приморани да го смените името?
Османи: Аааааааа, тоа е дел од процесот на интеграција во НАТО и ЕУ

Арте: Значи, вие сте присилени на тоа
Османи: па може да се каже

АРТЕ: Видно ослабена во своите позиции Македонија се подготвува да го промени своето име што може да биде сторено до крајот на оваа година.

 

Целото видео погледнете го овде:

https://www.arte.tv/fr/videos/081165-000-A/vous-n-aurez-pas-la-macedoine/

Остави коментар