Движењето за цивилизациски вредности под мотото Нека Македонија биде место/земја за соработка помеѓу источната и западната цивилизација, во интерес на човештвото а не линија на огнот. излезе со предлог Претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин да станат ДОБИТНИЦИ НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР. Ова е базирано на надежта дека наместо ,,линија на огнот“ Македонија да ја направат поле за меѓусебна соработка и поведување на ренесансата на новото време. Од неодамна, кога во светот настапуваат неминовни, сосем природни епохално-космо-универзални позитивни подвижувања, за похумана, поделотворна, покреативна и поправедна иднина и поквалитетно живеење и создавање на Човештвото, воопшто, особено со најавените позитивно – визионерски најави, на Претседателот на САД, за промена на стариот приод со нов приод за соработка и нерушење на влади и држави низ светот, притоа најавувајќи спремност за соработка со претседателите на големите земји, особено со Претседателот на Русија, г-дин Путин, во тој контекст, чувствуваме потреба од преиспитување на досегашните деструктивни, уништувачки политики во однос на потпишаната Декларација за стратешка соработка, помеѓу САД и Р. Македонија, за разлика од милитантните политики на предходната администрација на САД, преку изјавата на секретарот г-дин Џон Кери, дека Македонија е на ,,линијата на огнот!?“
Движењето продолжува со потпишување на петицијата пред Собранието на Македонија како и други локации низ Македонија а посебна онлајн петиција може да потпише овде. Истовремено движењето за цивилизациски вредности испрати отворена покана до Претседателот на РМ, г-дин Ѓорге Иванов и до амбасадорот на САД во РМ, г-дин Џес Бејли, да присуствуваат и учествуваат на Отворена национална дебата ,,НЕПРИНЦИПИЕЛНИТЕ, АНТИДЕМОКРАТСКИ, АНТИЦИВИЛИЗАЦИСКИ, АНТИМАКЕДОНСКИ ПОЛИТИКИ СПРЕМА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНИЈА. Од Дебатата ке биде испратено писмо до Претседателот на САД, г-дин Доналд Трамп. Целта/заложбата на Дебатата е да се променат досегашните непринципиелни деструктивни политики спрема Македонскиот народ и држава, со кои, со предизборниот, изборниот и постизборниот инженеринг, преку албанската платформа и Планот 3-6-9, на геноциден начин, се уништува еден цел древен мирољубив народ, кој низ историјата, на човечката Цивилизација и подарил мноштво преродби, Ренесанса, писменост, духовност и други придобивки.
Еден од лидерите на Движењето за цивилизациски вредности ги објасни целите на движењето на неодамнешниот протест пред Собранието на Република Македонија во Скопје.