Денес, Сабота, 27ми Јануари во 11:00, пред Собранието на Република Македонија, се одржаа предупредувачки протести пред Сенародниот Голем Протест в Понеделник, 29ти Јануари во 10:00. Редица говорници и околу 500тината присутни ја повикаа нелегитимната власт, парламент и влада да си дадат оставка и повикаа на распуштање на арламентот и организирање на нови избори. Говорниците и присутните беа обединети во пораката дека никој да не се осмели да говори или преговара за промена на Македонскиот идентитет или за Македонската суштина на Македонската држава, против менување на името, против законот за двојазичност и против насилното туркање на Македонија во меѓународните организации како НАТО и ЕУ по цена на Македонскиот идентитет, нација и јазик.
Говорниците порачаа дека движењето е дел од глобалното патриотско движење против фашистичката Соросова визија за глобализација без граници и нации, и граѓани економски поробени од страна на 0.00001% од светската корпоративна елита! Присутните со овации ,Македонија, Македонија, и Нато Фашисти, проследија дел оф говорите а со овации Избори, Избори, беше проследено барањето за РАСПУШТАЊЕ НА НЕЛЕГИТИМНОТО СОБРАНИЕ, ФОРМИРАЊЕ НА ТЕХНИЧКА ВЛАДА И НАРОДНО СОБРАНИЕ ДО НОВИ ЛЕГИТИМНИ ИЗБОРИ!!!
Присутните на протестот, уште едно силно патриотско обраќање на Македонската хероина, Ана Бобинкова, која со месеци се соочува храбро очи в очи со полициските сили на Хунтата, превзема правни оспорувања на легитимитет на квислинзите во ЈО/ОЈО, кои со пуч ја презедоа власта и воведоа диктатура и окупација, и која е една од организаторите на сите досегашни протести за Одбрана на Македонија.
Се гледаме со силен патриотски набој и енергија на Сенародниот протест на Македонскиот народ в Понеделник, 29ти Јаниари во 10:00, пред Собранието на Република Македонија за да го спречиме донесувањето на анти-уставниот закон за јазици.