Во Сабота на 27ми Јануари во 11:00, и Понеделник, 29ти Јануари во 10:00, пред Собранието на Република Македонија, ќе се одржат предупредувачки протести за повлекување на анти-уставниот предлог закон за јазиците од страна на нелегитимните институции, парламент и влада.
Протестите кои се продолжение на претходните редица протести и последниот, еден од најмасовните досега, одржан во Неделата на 20ти Јануари (прочитај повеќе овде). Целта останува иста, да се порача, никој да не се осмели да говори или преговара за промена на Македонскиот идентитет или за Македонската суштина на Македонската држава, против менување на името, против законот за двојазичност и против насилното туркање на Македонија во меѓународните организации како НАТО и ЕУ по цена на Македонскиот идентитет, нација и јазик.
Браќа и сестри, како и досега непартиски патриотски протести се организирани од движења, организации и поединци без скршена пара, без помош или логистика од држава или партија и со плаќање од своите скромни џебови, водени единствено од огромен и нескршлив патриотизам и определеност да се одбрани Македонија.
Поврзувајте се преку социјалните мрежи, оганизирајте превоз, и донесете го своето храбро Македонско срце пред Собранието на Македонија и со тоа одбранете ја Македонија. Вгради се во Македонската историја и биди меѓу тие што со своето срце, глава и грла ќе ја одбранат Македонија во овие премрежиња.
Македонија се брани во следниве денови, недели и месеци, додека не се спречи ѓаволскиот план бившите представници на Дип Стејт кои се веќе делегитимирани во својата земја, САД кој сакаат да го протнат тивко, подло и подмукло на заминување. Нема да може! Прочитај повеќе за нелегитимните Дип Стејт предавници како Хојт Ји кои се набркани на клоци од Американскиот Стејт Депармент. Исто така овде детали за предстоечкото објавување на запечатените обвиненија против Обама и Хилари за креирање на терористичката организација ИСИЛ)
И на крајот, послушајте го наежувачкото обраќање на минатонеделниот протест на Македонската хероина, Ана Бобинкова, која со месеци се соочува храбро очи в очи со полициските сили на Хунтата, превзема правни оспорувања на легитимитет на квислинзите во ЈО/ОЈО, кои со пуч ја презедоа власта и воведоа диктатура и окупација, и која е една од организаторите на сите досегашни протести за Одбрана на Македонија.
Се гледаме на Сенародниот Протест на Македонскиот народ в Сабота на 27ми во 11ч, и Понеделник, 29ти во 10ч, пред Собранието на Република Македонија.
Браќа и сестри, се гледаме во сабота пред собранието на РМ!