Ово доаѓа неколку дена откако Турција им порача на САД дека влегува во Северна Сирија за да им ги здроби Курдските и Џихадистите сојузници обучувани и наоружувани од Американци на теренот. Ердоган го знае она што и ВМРО-ДПМНЕ требаше да го знае, дека НАТО и САД се Тигар од Хартија кои се борат само преку подржување локални терористи како УЧК, и им порача дека ќе ги задави терористичките групи кои ЦИА ги создава во Северна Сирија (прочитај повеќе тука).
Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше неодамна САД велејќи дека “Земјата што ја нарекуваме сојузник инсистира на формирање терористичка армија на нашите граници. Што може да има за цел таа терористичка армија? Ништо друго освен Турција”.
Имено, овој пат се користат и воздухопловните сили откако Русија, која со своите С-400 владее со Сириското небо, и дозволи на Турција целосно да ги збрише Американските платенички групи во Северна Сирија.