Членовите на Американскиот Конгрес изјавуваат дека им била доставена на увид “шокантна” доверлива белешка, со детали за злоупотребата на Законот за Надзор над Надворешни Разузнавачки Служби (ФИСА) од страна на Министерството за Правда и Федералното Биро за Истраги (ФБИ) во време кога на власт беа Демократите на Барак Хусеин Обама и Хилари Родам Клинтон. Оваа белешка е во врска со истрагата покрената во врска со кампањата на Претседателскиот Кандидат Доналд Трамп која била незаконски шпионирана од ФБИ по налог на Обама и Клинтон, што го прави овој скандал поголем и од Вотергејт на кој падна Претседателот Никсон.
Сите членови на комитетот од редовите на Републиканците повикаа овие документи да бидат веднаш декласифицирани и да станат достапни за американската јавноста. Членот на Комитетот за правосудство, Стив Кинг, го нарече она што го видел во меморандумот “е за повраќање” и рече дека е “полошо од Вотергејт”.
I have read the memo. The sickening reality has set in. I no longer hold out hope there is an innocent explanation for the information the public has seen. I have long said it is worse than Watergate. It was #neverTrump & #alwaysHillary. #releasethememo
— Steve King (@SteveKingIA) January 19, 2018
“Класифицираниот извештај составен од Комисијата за Разузнавање е длабоко вознемирувачки и покренува сериозни прашања во врска со однесувањето на бившиот пртетседател Обама и на ФБИ во времето на Џејмс Коми, бидејќи се однесува на криминалните злоупотреби направени во таканаречената истрага за заговор”, напиша Конгресменот Рон ДеСантис на Твитер.
The classified report compiled by House Intelligence is deeply troubling and raises serious questions about the upper echelon of the Obama DOJ and Comey FBI as it relates to the so-called collusion investigation.
— Ron DeSantis (@GovRonDeSantis) January 18, 2018