Претседателот Ѓорѓи Иванов во обраќање до јавноста попладнево објави дека нема да го потпише указот за стапување во сила на Законот за употреба на јазиците донесен на 11 јануари годинава.
На 11 јануари 2018 година Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за употреба на јазиците без јавна расправа, без научна дебата, без вклученост на академската и на експертската јавност и без опозицијата, рече Претседателот Иванов додавајќи: “Уште пред да биде изгласан, во повеќе наврати укажав дека не е добро кога прашања кои се веќе апсолвирани повторно да се отвораат заради добивање краткорочни политички поени, а на штетат на трајните интереси на Република Македонија и на македонскиот народ.
Во последното годишно обраќање потенцирав дека овој закон е донесен со европско знаменце, без притоа да постои европска директива што налага усогласување на македонското законодавство со законодавството на Унијата. Со овој закон Република Македонија ќе стане можеби единствената европска држава која сама си поставува услови за членство во Унијата, кои никој не ги бара.
За апсурдот да биде поголем, дури и укажувањата од претставниците на Европска унија не беа испочитувани и беа игнорирани. Европското знаменце е злоупотребено за со просто мнозинство да се донесе закон со кој се менуваат системски закони коишто, пак, се носат со двотретинско мнозинство.”
https://www.youtube.com/watch?v=BW6Jk35iTBQ
Претседателот Иванов ги повика пратениците на Собранието на Република Македонија внимателно да ги разгледаат неговите забелешки. “Очекувам од нив одговорно и совесно да постапат, затоа што само така ќе дојдеме до сеопфатно решение за вистинско унапредување на употребата на јазиците, без притоа да се создаваат поделби“, рече претседателот Иванов во обраќањето до јавноста.
Се надевам дека ова изјава од прецедателот ке биде прифатен од оваа нелегитимна влада која не знае што значи да се сака татковината.