Европа и Америка, покрај многуте конфронтации, имаат и заеднички проблеми. За таа цел беше организиран настан, во Вудроу Вилсон Центарот во Вашингтон, на кој настан говореше, швајцарскиот дипломат, Томас Гремингер, инаку сегашен Генерален Секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Најголем проблем, проблем број еден на Стариот континент, се мигрантите. Евроатлантскиот регион, освен проблемот со мигрантите, се соочува и со многу покомплексни и меѓусебно поврзани интернационални предизвици, како што се, насилниот национализам и екстремизам, тероризам, компјутерски криминал.
Како општ заклучок на настанот, може да се констатира, дека во атмосфера на недоверба и конфро
нтација помеѓу Америка и Европа, кои се соочени со вакви предизвици, постои реална опасност од поголема дестабилизација и нестабилност, што ќе има влијание на мирот во Европа и пошироко.
Томас Гремингер, меѓу другото, изјави: ‘’Геополитичката конфронтација е повторно актуелна во Европа, која мора да се соочи со предизвиците и принципите, кои го зацврстуваат безбедносниот поредок. Кога станува збор за мигрантите, ние можеме да понудиме зголемување на капацитетите, на пример како што веќе правиме во централна Азија, имаме луѓе кои ги тренираат граничните патроли таму, но секако има и други примери за решение, како што се интеграционите политики’’.
Ваква констатација и ваков развој на настаните, ќе претставува проблем и предизвик, за власта во Македонија. Знаејќи го фактот за сервилноста на нашите влади кон евроатлантските иницијативи, ние во Македонија, можеме да очекуваме проблематичен тек на настаните со миграцијата.