Независни Изборни Листи се НАДпартиска Плетенка на Здравиот Македонски Потенцијал – Игор Цветковски!

Сподели на социјалните платформи:

 

Изгледа, Миленко, не знае што значи независна листа на која би можел да биде и предводник или дел, независна листа која ја овозможува изборниот законик каков што е сега, за која за да учествува на изборите се неопходни 1000 потписи од секоја изборна единица, значи над 6000 вкупно, дадени во општините како што се прави за секоја друга граѓанска иницијатива, со лично присуство и лична карта, без изјави на натор, без било какви плаќања како што некои се обидуваат да го лажат неупатениот народ. Ако за ваква ситнурија се лаже или не се знае законот, што да се очекува во иднина од таквите пУлитичари?!?

Создавањето на нова македонска држава не може да се изведе преку постоечките системски-естаблишментски партии, не смее да биде тоа партиско-идеолошка победа која постојано ќе ги провоцира другите-партиско неподобните и само ќе се зголемува раздорот меѓу народот, туку тоа мора да биде НАДпартиски, НЕидеолошки пристап, плетенка на здравиот македонски потенцијал кој досега немал шанса институционално да ја остварува македонската визија и со луѓе кои не биле високи партиски чинители, колку и да им била мала партијата или веќе се видени истрошени политичари.

Доколку не се успее во собирањето на тие 6000 потписи нема зошто воопшто да се учествува на изборите макар и се успеало во собирањето на 1000 изјави заверени на нотар со пари( не многу сепак), за регистрација на некоја партија како би била само декор при северџганскава лакрдија.

Единствената смисла за учество на овие избори е доколку македонскиот народ се сплоти во една независна листа за да го поништи северџгансково зло во сите сфери и да создаде услови за избор за ново уставотворно собрание, кое би донело уставни одредби кои би биле потврдени или не од народ.

Значи македонскиот народ со мнозинство од над 50% од вкупно запишаните гласачи, да го избере својот Устав за во иднина било кој нов амандман да биде додаден или не од народот, не од пратениците.

Какво системско уредување, партиско ли, претседателско ли, ќе имаме според новиот устав, ќе се дебатира и усвои, отакако се прогласи се црпковистичко за неважечко, а со оглед на тоа што би се донел и нов устав, и охридски, мајски, амнестии, промена на знаме,се тоа би паднало во вода.

Дел од таа независна листа може да биде и ВМРО-ДПМНЕ, и ЕМ и било која партија, но не како партиско-идеолшки ентитет, туку преку нивни членови,рамноправни со останатите кандидати, суверенисти, мултиполаристи, кои ги разбираат промените кои надоаѓаат во светскава геополитика, со 30.09.2018 како водилка, со огромна волја за создавње нова македонска држава, со нови луѓе од нивни редови, подготвени дека можеби ќе бидат само 2-3 месеци пратеници–до самораспуштањето на тоа собрание ради изборите за новото уставотворно собрание. Така само може да се добијат 2/3 пратеници.

Ако се’ ова како основа не се разбере, нема зошто понатака во детаљи да се навлегува за да се дообјасниме, ниту пак да се учествува на изборите.

Но ако се инсистира дека мора да се има партиски пристап, тогаш после евентуалниот неуспех на изборите,за сите, токму Родина,која до сега ми се чини има собрано околу 500 изјави(потписи) и која колку што знам нема да учествува на изборите како партија макар и се регистрирала, туку нејзини луѓе би биле дел од таа независна сплотена отворена листа, би била таа партиска сила која би го впила во себе сиот преостанат македонски потенцијал за преку неа да се оствари македонската победа, доколку сеуште имаме илузија за држава.

Не сум дал потпис за Родина, нема ни да дадам, но им посакувам успех од срце, особено што знаат што значи да се надмине јасството заради многу многу повозвишена цел од некакво си партиско џавкање во собранието на северџган. И не се единствена групација со таков став.

Ми се чини и Миленко природно припаѓа на таа македонска листа, го разбира моментумот, но можно е да се лажам.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

3 thoughts on “Независни Изборни Листи се НАДпартиска Плетенка на Здравиот Македонски Потенцијал – Игор Цветковски!

  1. Имаше песна ,,ДА БИДАМ БОГАТ И СЛАВЕН,,-па да,и богати се, и славни , па како ? ПА СИ КРАДЕЛЕ И КРАДЕЛЕ И КРАДЕЛЕ …, и се богати и славни ! За да ние МАКЕДОНЦИТЕ бидеме богати и славни, треба за се здужиме и да здружено ,прво ги избркаме и туѓите ,,и богати и славни,, и ,,нашите,,-,, и богати и славни ,, и уште некои нешта ?!, па да не влегуваме во ,,игри без граници ,, -,,на богати и славни,,-и со учество на избори во окупација , верифицираме,амнестираме ,НЕВАЛИДНИ – ,антидемократски -антимакедонски-антицивилизациски избори и си играме со,,детски,, -недефинирани игри,полни со дилеми,нејаснотии и за вас ,кои неодговорно заговарате – самоубиство . Постои легален , мирен , признат процес во меѓунароното прави и докажан во светската пракса-УСТАВОТВОРНО СОБРАНИЕ -за овој начин за враќање на состојбите во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА , постојат целосни сознанија и тие методи се легални и единствени за признавање -ОСЛОБОДУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ПРАВОТО И ЗАКОНИТЕ -ПРИЗНАЕНИ ПО МЕЃУНАРОНОТО ПРАВО-докажано во практични примери-ПРАВОТО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ-ПРАВОТО НА ПРАВОТО-НЕ,ПОЛИТИКА и во нашиот случај-не експирименти-учество на избори-кои нема да ги признае поразената страна и со тоа(тоа е целта на белосветски кратци-за да бидат , пак-и богати и славни) нови ПРЖИНИ,НОВИ БАДИНТЕРИ,НОВИ РАМКИ,НОВИ УЦЕНИ ОД ЗАШТИТЕНИТЕ ,, МЕЧКИ ИЛИ ХИЕНИ,, И ШТО ЛИ НЕ !, ОД ФАШИЗО-НЕМЕГУНАРОДНА ЗАЕДНИЦА – КОЈА САКА САМО ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ и баш и е гајле ,кој ќе ,,победи,, на ,,демократските,, избори . Затоа сите кои сте за избори-сватете има решрние и има светска пракса како тоа се прави-тоа можат само чесни Родолуби и ЗАЕДНО,поединачни стрелби , се пораз на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ! ПОБЕДАТА Е САМО ВО БУДЕЊЕ НА ЗАСПАНИТЕ ,,ЛИДЕРИ,, И САМО ЗАЕДНО СО ПОРОБЕНИОТ МАКАДОНСКИ НАРОД И СИТЕ КОИ ЈА САКААТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И БОГАТА И СЛАВНА !
    Ристо Андоновски

  2. Pa Milenko ke se kandidiral za nezavisen pratenik, pratenicka plata ke doniral, vade sliki od drustvo koe se fali so (uspeh na papiru) za licno CV….. nema koj nema da se potpise za negovata kandidatura ….. I posle nekoj den im vika deka DRPMNE bile edinstvenata opcija da gi simnat Severgjanite na celo so Strumicanecot Premier Zaev od vlast!
    Pa ke zakace nekoja dobro “pozicionirana” za da si splaknat ocite…..

  3. Се согласувам со генералната порака од текстот погоре…
    Сепак мислам дека е време да пријде сериозно на работите, време е да се престане со набројување што не чини, време е да се почне со афирмативно канализирање на општествената енергија, а тоа е што треба да се стори кој е првиот чекор… времето минува и ако и понатаму се остане на вербално над*буење со шарлатани и шоумени како и со партиски ботови-војничиња тогаш нашата генерација ќе се доведе во ситуација на своите наследници да им остави едно големо ништо.
    Време е да го оставиме Миленко и нему сличните да се занимаваат со самите себе и нивната величина за која мислат дека е вонвременска, тоа е така едноставно толку им сече, не се виновни тие, виновна е мајката природа…
    Наследивме држава, каква таква сепак држава, редно е да направиме нешто и на своите деца да им оставиме држава која ќе ја градат и понатаму!

    На сајтот на dvizenjebojkotiram.org оставив свој предлог листа за пратеници (https://dvizenjebojkotiram.org/idea/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%bb%d0%be%d0%b3-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0) кои би ги донеле промените се разбира некои сметат дека треба и понатаму со пасивен отпор, не било време за востание, да почекаме окупаторот да ослабне и после оп ете не нас.

    Така е тоа секогаш, секогаш важи правилото “сто људи сто чуди“ па така и денес, човечки е да се плашите, човечки е да стравувате за вашиот социјален статус каков и да е, но исто така човечки е да станете и да речете доста е! Никој нема да ви се лути, ако можете да живеете со вашиот страв продолжете, ако не можете дигнете го гласот, што и да одлучите што и да направете треба да знаете дека треба да живеете со последиците од таквата одлука.

    А сега на сите истомисленици – Македонци им посакувам здравје, среќа и успех во Новата 2020, а на оние кои не се тоа им посакувам да имаат стомачни-дигестивни тегоби (дијареа) во текот на целата година!

Остави коментар