Никој Нема Право да ве Притиска да си го Менувате Името! Историска Изјава на Советникот на Путин во Македонија!
Сподели на социјалните платформи:

Во што ќе остане запишано како историска изјава, советникот на Рускиот Претседател Владимир Путин, Александар Дугин, денеска во Скопје, Македонија, изјави дека никој нема право да ве притиска да го менувате вашето име Македонија!

Дугин продолжи: “Политичката судбина на еден народ треба да ја решава самиот народ. Русија верува дека најглавен принцип е принципот на суверенитетот. Никој нема право да ја примора една земја да стапи во еден сојуз или не. Затоа прашањето за влегување во  НАТО, ЕУ или кај нас во ЕвроАзија треба да биде слободен избор и решение. Никој нема право да влијае врз позицијата на народот. Во овој смисол сметаме дека Русија не врши никаков притисок на Балканската политика. Ние би сакале и другите земји да не вршат влијание или притисок на Македонија! Ако вие сметате дека вашата земја треба да се вика Македонија тоа е вашо право. Тоа е ваше име, тоа е вашиот идентитет!

Изјавата можете да ја погледате на видеото на Макфакс подолу.

Александар Дугин, заедно со другиот советник на Путин, Леонид Савин, присуствуваа на конференцијата Република Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во ЕвроАзиската економска унија во организација на партијата Единствена Македонија.

1 thought on “Никој Нема Право да ве Притиска да си го Менувате Името! Историска Изјава на Советникот на Путин во Македонија!

Остави коментар