Внатрешна Војна во НАТО! Турција Убива Џихадисти но и Американски Војници во Северна Сирија!
Сподели на социјалните платформи:
Во силна ескалација на регионалната безбедносна и воена криза сведоци сме на историски судир на две НАТО сили, САД и Турција! И додека САД е слепа дека проблемот е тоа што скокнаа во кревет со многу сомнителни партнери како џихадистите и вахабистите на Блискиот Исток и пошироко в Европа на Балканот, тоа не и пречи да лее крокодилски солзи велејќи дека Турција извршила предавство на САД. Порталот Bloomberg отворено го нарекува ударот на Турција врз Курдите, Џихадистите и Американските “Советници” во Северна Сирија “предавство”(читај овде).
Турската војска, втора по големина во НАТО (иако сега само формално членка на НАТО, и сојузник на Русија), спроведе воздушни напади и артилериски напади врз цели во градот Африн убивајќи 260 Курди и Џихадисти меѓу кои и голем број Американски воени “советници” (читаj овде на Reuters)

Ово доаѓа неколку дена откако Турција им порача на САД дека влегува во Северна Сирија за да им ги здроби Курдските и Џихадистите сојузници обучувани и наоружувани од Американци на теренот. Ердоган го знае она што и ВМРО-ДПМНЕ требаше да го знае, дека НАТО и САД се Тигар од Хартија кои се борат само преку подржување локални терористи како УЧК, и им порача дека ќе ги задави терористичките групи кои ЦИА ги создава во Северна Сирија (прочитај повеќе тука).

Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше неодамна САД велејќи дека “Земјата што ја нарекуваме сојузник инсистира на  формирање терористичка армија на нашите граници. Што може да има за цел таа терористичка армија? Ништо друго освен Турција”.

Имено, овој пат се користат и воздухопловните сили откако Русија, која со своите С-400 владее со Сириското небо, и дозволи на Турција целосно да ги збрише Американските платенички групи во Северна Сирија.

Остави коментар