Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија
Сподели на социјалните платформи:

Глобалната #2ра Опција и Балканот. НАТО се повлекува од Балканот пред Русија, Кина и Турција.

И во минатото, Балканот честопати беше поле на кое надворешните сили се натпреваруваа за влијание. Со векови Хабсбурзите се соочуваа со Османлиите, по што следеше “Големата Игра” меѓу Западните сили и Советскиот Сојуз. Денес, Турција и Русија се повторно главните ривали за влијание на Балканот на Еврропската Унија олицетворена во Бриселската бирократија, како продолжена на рака на стратешките интереси на Американската Дип Стејт. И како тоа да не беше и онака доволно компликувано, сега на Балканот се појавува уште еден клучен играч, Кина.

Од 2014 година, Германија презеде водство во промовирањето на односите на ЕУ со балканските држави, охрабрувајќи ги реформите и соработката позната како “Берлински процес” резултира во пропаднати ЕУ надежи и очекувања. Направен е многу мал конкретен напредок во смисла на практични резултати и конкретни проекти за регионот, и ефектот од Берлинскиот процес што го водеше германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел е прилично тенок. Високите ветувања и обврски од страна на собраните лидери останаа главно на хартија. Сугестијата дека зголемувањето на поврзаноста и трговијата во регионот сами ќе го стимулираат економскиот раст не е потврдена од реалноста на теренот досега. Прочитај повеќе. Оценка на ЕУ за сопствениот недостаток на прогрес на Балканот (Гугл Преведувач на Македонски)

Турција, силниот економски раст во последниве две децении успешно го преточува во економско влијание на Балканот. Турските инвестиции се присутни скоро во секоја земја на Балканот а се проследени и со обновување на верски и културно историски споменици од османлиското време. И додека Ердоган го сонува обновувањето на Османлиската Империја, сепак ваквата негова амбиција, слично како онаа што првично ја имаше во однос на кризата во Сирија, ќе биде држана цврсто на земја на Балканот и модерирана од страна на двете светски велесили, Русија и Кина.

Руското враќање на Балканот е врзано со она што е од најголемо богатство на Русија, енергенсите, како и незаситната глад на ервопските економии и домаќинства за ефтин гас за разлика од скапиот ЛНГ кој САД им го нудат како “спас” од ефтиниот но “идеолошки лош” Руски гас. По децениското подбуцнување на Украина како главен јaзол за транзите на гасот од Исток кон Запад од страна на САД, со превратот во Киев, САД дојде чекор поблиску до својата мечта, да убие две муви со ден удар, ослабување и на Европа и на Русија. Русија и Европа веднаш почнаа да бараат алтернативни рути за доставка. Планот за Јужен Поток преку Црно Море до Бугарија доживеа брз колапс под жстокиот притисок врз Бугарија од страна на ЕУ и САД, олицетворен во посетата на Софија на најголемиот воен хушкач на Дип Стејт и пријател на ИСИЛ, Џон МекКејн. За да биде иронијата поголма, додека Бугарите се “радуваа” на скапите енергетски алтернативи кои чичко Џон им ги објаснуваше како шарено џиџе, Меркел, која преку Брисел жестоко им го оспоруваше правото на Бугарите да се вклучат во Јужен Поток, молкум си потпиша со Русија договор за изградба на нов директен гасовод, Северен Поток – 2, под Балтичкото Море. Силното чувстото на изиграност кај Бугарите на кои им не им беше дозволно да добијат значајна годишна рента за транзит на гас како и поефтин директен гас, трае до ден денес.

По колапсот на Јужен Тек преку Бугарија, на југот се договори нова алтернативна рута наречена Турски Поток, која природниот гас од Русија го носи преку Црно Море до Турција, Грција, Македонија, Србија, Унгарија и натаму до другите Европски земји. Компанијата Стројтрансгаз, која требаше да учествува во изградбата на Бугарскиот дел од гасоводот Јужен тек, се обврза да изгради нов гасовод во Македонија, зачувувајќи дел од планираниот курс за Јужен тек. Нафтоводот Клечовце-Неготино чини околу 75 милиони долари а Македонија треба да инвестира 15 милиони долари во проектот додека останатите 60 милиони долари ќе бидат одземени од долгот што поранешниот Советски Сојуз го должи на поранешна Југославија. Гасоводот на крајот ќе биде продолжен уште 60 километри за да се поврзе со грчкиот систем за транзит на гас.

Ова ја доведе Македонија да биде во ситуација да добие огромни економски бенефити од транзитот и користење на ефтин природен гас. Но ова исто така ја доведе Македонија и да биде на фамозната “Линија на Стрелба (Оган)” изречена од тогашниот Државен Секретар на САД, Џон Кери. И така почнаа настаните подржани од Дип Стејт преку амбсадорот Бејли кои кулминираа со пучво Собранието и избор на нелигитимен претседател и на собранието а консеквентно и нелигитимна марионетска влада од страна на остатоците на Клинтоновиот режим во заминување кои со изборот на Трамп се поразени и во својата сопствна земја а и глобално.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека “македонските настани се очигледно контролирани однадвор и дека причината за ова е желбата да се влијае на тоа во врска со нејзиното одбивање да се приклучат на антируските санкции, поддршката и подготвеноста да бидат вклучени во спроведувањето на другите опции за испорака на гориво, вклучувајќи го и т.н. Турски тек”, рече тој. Ова сомневање го потврди и Владимир Чижов, Рускиот амбасадор во ЕУ, објаснувајќи дека “ако ја погледнете географијата на регионот, Македонија е најдоброто место за изградба на проширување на најновиот проект за енергетска инфраструктура во регионот, т.н. Турски тек“, додаде Чижов. А дека Македонија е сеуште единствената и најдобра алтернатива која останува високо на листата приоритети за Русија и Европа потврди и неодамнешниот твит на Руската Амбасада во Македонија.

Кина, исто така, гледа голема улога за себе во регионот, првенствено преку својот огромен инфраструктурен проект “Појас и Пат”, кој има за цел да ги подобри комуникациите низ целиот Евроазискиот континентален масив и во кој Македонија е повторно една од клучните земји. Пекинг планира да инвестира околу 10 милијарди евра во 16 земји во југоисточна и источна Европа, за таканаречениот Балкански “пат на свилата”.

Кина ќе гради железничка мрежа на брзи возови од Будимпешта до грчкото пристаниште Пиреј преку Белград и Скопје. Kинескиот гигант “Коско” го финализираше договорот за купување контролен пакет во грчкото пристаниште Пиреj, најголемото во земјата. Кинезите веќе инвестираа околу 600 милиони евра за модернизација на објектот, претворајќи ја во една од првите 50 пристаништа во светот во поглед на обемот на контејнери. На состанокот на крајот од 2016 помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа (формат Кина-ЦИЕ) во Суджоу, Пекинг официјално се обврза заложи за проектот од Будимпешта до Белград. И ова е само почетокот, Кина сака да го петвори Пиреј во европски јазол за кинеските бродови што доставуваат производи во Европа. Тие сега патуваат низ Суецкиот канал пред да заминат во некое северно пристаниште, како што се Ротердам или Хамбург. Релативната близина на Пиреј го прави поатрактивна опција – кога на Балканот ќе се обезбедат современи патишта и пруги по кои може да се врши брз и современ транспорт на товар.

Кога ова ќе биде завршено, тогаш новиот пат на свилата ќе му даде на Балканот економска алтернатива на ЕУ, со што ќе се зачува сувереноста на Балкансите држави а и ќе претставува транзитен пат за силно мултиполарно влијание на Русија и Кина во срцето на Европа. Според тоа, САД се плашат дека би можеле да го изгубат своето влијание врз континентот и на тој начин сака проектот да биде срушен, што би можело да се случи ако Република Македонија биде фрлена во хибриден воен хаос”, смета аналитичарот Андреј Корибко.

Корибко натаму вели дека “Балканскиот пат на свилата е многу поголема мета на дестабилизирачките дизајни на САД од сега веќе привремено суспендираниот Турски Поток. И покрај тоа, Русија не се откажува од ангажирањето на регионот, бидејќи иако енергијата игра важна улога во нејзините планови, тоа не беше единствената нејзина детерминанта. Руските инвестиции и дипломатско-стратешкиот ангажман сè уште продолжуваат, а плановите на Кина се во согласност со добрата волја што Москва може да му помогне на регионот да ги одржува со Пекинг. Како цивилизациски и културолошки поблиска држава на оние од Балканот отколку Кина, луѓето на Баланот и веруваат на Русија а преку неа и веруваат и на Кина, бидејќи во моментов таа е стратешки партнер на Русија број еден. Рака под рака, Русија и Кина работат на ослободување на Балканот од униполарно влијание, но токму тоа сегашната динамика се префрли на тоа каде Кина игра водечката инфраструктурна улога, додека Русија се движи на помалку јавен но сепак важен пат за обезбедување поддршка за овој амбициозен и глобално влијателен потфат.” Аналитичарот Андреј Корибко (Geopolitica.ru) (Гугл Преведувач на Македонски)

Пеколниот план за уништување и етноцид врз еден народ, на нелегитимните остатоци на Клинтоновата Дип Стејт олицетворени во амбасадорот Бејли е осуден на пропаст. Бејли не го представува американскиот народ кој покажа силен протест против ваквите военохушкачки авантури гласајќи за Трамп и барајќи Америка да си се посвети на обвновување на својата економија наместо прескапи воени интервенции, преврати и подршка на терористи, што ја сруши репутацијата на САД како борец за демократија низ цел свет. Грешат оние што мислат дека подршката на Дип Стејт и ЦИА за Албанците може да биде отцепување дел од Македонија. Тие не сакаат дел, тие ја сакаат цела и без Македонски идентитет! Тие преку воведување на бинационална држава и вето на Албанците врз цела територија од Дебар до Крива Паланка сакаат целосно да ја отсечат вертикалата Север-Југ, толку потребна и на Русија и на Кина а и на Европските Држави. Се потврдува мислењето на Бизмарк за гео-стратешката важност на Македонија и дека кој ја контролира Вардарската Долина го контролира целиот Балкан. Но Македонскиот народ, од кој дел беше излажан со шарените обланди за “борба со корупција” веќе ја разбра крајната намера од Дантеовски пропорции за укинување на еден народ и почнува да се организира за отпор за промена на карактрот на Македонската држава и за промена на името на државата и иденитетот на Македонците. Во ова, на Македонскиот народ му одат во прилог и ќе му помогнат во одбраната на државата и идентитот земјотресните геостратешки промени и неминовноста на влегувањето на Русија, Кина и Турција на Балканот како резултат на секојдневното уривање на униполарниот свет и редицата геостратешки порази на империјата на Дип Стејт и ЦИА на глобален план кои продолжуваат и на Балканот.

 

1 thought on “Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

  1. ### “MACEDONIAN BURNING QUESTION” ###### “Macedonian people of the **REPUBLIC OF MACEDONIA** sent to THE EAST & to THE WEST WORLD very clear and final answer and decision that we stay *****REPUBLIC OF MACEDONIA*****, as the solely acceptable solution ! So “EVERYTHING WHAT’S SIGN UNDER *OVERUSE FORCE* AND *BY FORCE* IS *****INVALID*****,and also, “THE AGGRESSIVE *COUP D’ETAT*, by the EU-IDIOTS , US-IDIOTS, and supported by MK-IDIOTS.. All these POLITICAL ILLEGALITY ACTIVITIES were ABSOLUTELY NOT ACCEPTABLE to the MACEDONIAN PEOPLE in the REPUBLIC OF MACEDONIA, CLEARLY, LOUDLY, TELLING THAT ***DON’T LIKE and WILL NOT ACCEPTED TO BE RULED BY **UNELECTED** MK-IDIOTS (Traitors, Spy, Dictatrors, and Teroristc Organization-“UCKI”) ! We all kenow that the POLITICAL THEORY confirm *****ANY SYSTEM BASED ON OBVIOUS INJUSTICE WILL NEVER BE STABLE AND BALANCED*****! So the people throughout the world aware of this Political Axioma always make a very known political slogan ///// ############ ” NO JUSTICE NO PEACE ” ########### ///// ! ##### Taking all that was said, about the political situation in REPUBLIC OF MACEDONIA, the only REAL POLITICAL ACTIVITY IS TO REALIZE STRAIGHT OFF *NEW PARLIAMENTARY ELECTIONS under the AUSPICES OF The UN, OBSE, and of course the REPRESENTATIVE of the TWO POLAR WORLD SIDE, and OF COURSE WITH ALL PARTIES THAT LIKES TO TAKE PART IN THIS VERY IMPORTANT ***BURNING MACEDONIAN QUESTION*** ! Everything what was done UP TO NOW AS ,so called. **Political Parliamentary Elections** were only ***POLITICAL CIRCUS***, ***POLITICAL MANIPULATION***, **POLITICAL TERRORIZM**, /EQUAL TO/ – ***POLITICAL IDIOTIC ELECTIONS***, or WE THINK the best is the COMPLETE IDIOTIC STAFF TO LEAVE THE MACEDONIAN POLITICAL SCENE FOR EVER, because there’s not any other peaceful solution ! ///// ### “LONG LIVE OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA” ///// ### “FOREVER *****MACEDONIA***** FOREVER” ! ///// ### “NEVER, NEVER, NEVER n…. …ONLY MACEDONIA” ! .

Остави коментар