Лично Богатење на Мицковски со Директна Подршка од Заев! Затоа ДПНЕ е Замолкнат! – Карапетров Блог!
Сподели на социјалните платформи:

Мицковски се спремал да биде нов Анѓушев откако ќе го избркаме од ДПНЕ и ќе си ја вратиме ВМРО на народот! Нема да му помине ни тоа ни замолкнувањето на ДПНЕ и соучесништвото во предавничката спрега со Хунтата. Погледнете детални документи во написот на Владимир Карапетров како на Мицковски му е обезбедено монополско богатење до 2036 со одлука на Хунтата на Заев во 2018 и ќе ви стане јасно зошто Македонскиот Народ ги #Бојкотира корумпираните елити кои си се договориле да нема предвремени избори за уште две години да ја доограбат Македонија! Договор СДС-ДПНЕ – Нема Предвремени Парламентарни Избори! Спрегата со Ѓаволот за Северна на Дело!

“За Хидро Мицко ние што бојкотираме имаме сценарија од Бихаќка. Мицковиќу објасни го следново за пошироката јавност.
Објасни како ти и твојот партнер со кого сте баџанаци (Стевица нотарката на сликата на твојата Розе и е сестра а Јорданчо и е маж) се стекнавте со хидро централи , ресторан , бензиска , такси компанија , бизнис со нафтени деривати.
Како Минка Енерготек стана повластен снабдувач на електрична енергија до 2036 .
Објасни за хидро централите во Пехчево , Берово .
Објасни за фирмата Фонко Хидро која се наоѓа на Васил Ѓоргов бр 28 на истата адреса на која се наоѓа и фирмата Минка Енерготек .
Објасни за хидро централата на Фонко Хидро во Центар Жупа.
Објасни за преносот на уделот од 59% од Минка Да на Минка Енерготек .
Пренос кој лично го одобрил Заев на седница на влада на 04.01.2018.
Објасни за нај еклсклузивниот ресторан Шалом во Струмица.
https://www.facebook.com/RestoranShalom/
Објасни за овие големи бизниси Мицковиќу.
И ти нас ќе не нарекуваш деке сме соработници на Заев?
Па вие двајца цело време сте во коалиција.
Ние само се бориме за Македонија Мицковиќу додека вие се борите за кеш и продажба на се што е Македонско.
Ти Мицковиќу сонуваш да бидеш новиот Анѓушев ама мало сутра.
И ти најде да зборуваш за правда и за сиромаштија . Ти кој вртиш милионски бизниси годишно ќе зборуваш за пропадната економија???
Нееее Мицковиќу. Сте се зафркнале со другар ти Заев. Не можете повеќе да го лажете Македонецот.
Македонецот Ве прочита сите до еден.”

Владимир Карапетров Македонски

Остави коментар