
Ја поставуваме Македонија во центарот на светската геополитика за да биде и субјект и фактор во идните Јалти и во идниот мултиполарен светски поредок во кој Македонија и Македонскиот Народ повторно ќе бидат големи, слободни и суверени. Со професорот Александар Дугин, филозоф и идеолог на суверенизмот, зборуваме за ова и другите елементи од насоките за оцртување и операционализирање во пракса на тој праведен и чесен меѓународен светски поредок. Во продолжение е текстот од краткото видео обраќање до јавноста, после работната тет-а-тет средба во Москва (видеото на крајот од текстот).
Горан Шумкоски: Почитуван професор Дугин, благодарност од името на Македонскиот Народ за вашата поддршка, се сеќаваме на тоа кога пристигнавте во Македонија пред неколку години. Сега се среќаваме во Москва на тема како да се придвижи овој мултиполарен свет напред. Вие имате идеи, ние имаме идеи. Разговаравме денес. Ајде малку да им раскажеме на гледачите за ова.
Александар Дугин: Да, како прво, добредојде во Москва. Македонскиот народ, како Славјански народ, наши браќа, ние сме блиски православни народи и имаме многу заедничко, имаме исти корени. Но, во секој случај, сега прашањето е и за братството на Словените и за судбината на Европа, туку и за судбината на човештвото. И, или глобалистите ќе инсистираат на тоа тие да ја задржат власта врз целиот свет, или ние ќе го вратиме суверенитетот.
И Русија, заедно со Путин, тргна по патот на враќање на суверенитетот. Сега гледаме една парадоксална работа. Во САД се случува такво движење во правец на враќање во суверенитет, но, се разбира, потребно е да се прошири ова, дури и во Европа. Европа треба да стане повторно суверена, Македонија треба да стане суверена и независна од глобалистичките елити, бидејќи носителот на суверенитетот е само народот, што е најважно, затоа зборуваме за потребата од нов мултиполарен свет што ќе се заснова на суверенитетот на народите и културите што можат да ги одбранат нивните традиционални вредности.
Ние оваа година, во јуни, 10 -11 го одржуваме Московскиот Форумот на Иднината, тука во Москва. И еден од деновите ќе биде посветен на мултиполарноста. Форум на мултиполарноста. Ги покануваме претставниците на сите цивилизации таму. И Западот, Исток, и Југ, Глобален Југ. И се надеваме дека нашите браќа Славјани ќе бидат составен дел од претставниците со свои симболички делегации, и исто така ќе учествуваат на овој форум. Многу е важно да се соберат симболични луѓе. И тука се надеваме а таквите фигури кои би можеле да ја персонифицираат волјата на народите, без оглед на тоа дали се или тие се едноставно јавни личности, мислители, новинари, луѓе како блогери, не е важно. Важно е тие да бидат и да претставуваат симбол на луѓе кои ја олицетворуваат во себе борбата на нивните народи за суверенитет, на сите култури, со цел за разговораме за оцртување на идниот свет за кој ние се бориме и кој доаѓа се поблиску и поблиску кон нас.
Горан Шумкоски: Како што кажавте, да се формира една Суверенистичка Интернационала.
Александар Дугин: Да, да, да, тоа вие го предложивте и јас се согласувам со тоа. Дека нам ни е нужна Интернационала на поборниците за суверенитетот, Суверенистичка Интернационала, која ќе ги подржува односите помеѓу различните суверени независни структури, државата, влади, цивилизациите, народите, земји. Ова е повеќе од само националните држави. Ние живееме во свет каде цивилизациските карактеристики значат повеќе од само национално државјанство. И овие работи не се совпаѓаат. Цивилизациите се многу пошироко од националната држава.
Ова е нов, практично нов, мултиполарен свет кој сега се формира на нови принципи. Постојат и други акти. И во рамките на оваа Суверенистичка Интернационала ние мора да осмислиме многу нешта. Што се например границите помеѓу цивилизациите, каква нова шема, каков нов алгоритам на односи меѓу народите и цивилизацијата. Затоа што во минатото и конфронтацијата на идеолошките основи на капиталисти против социјалисти и националистичките, расни војни, етнички војни, религиозни војни, сето ова е во минатото. Сега се појавува нов свет, светот на суверенитетот. И неговата структура, неговите алгоритми, нејзините парадигми сè уште ни треба конкретно да ги осмислиме. И точно и за тоа ние одржуваме ваков еден настан.
Горан Шумкоски: Вие правилно рековте, нам ни е потребен симболизам на тој мултиполарен, праведен свет. И јас се надевам во јуни ќе успееме да го направиме тоа, да ги започнеме таму основите. Но дека ќе продолжиме да ја продлабочуваме инструментите како упатства, патокази, за да можат сите овие земји кои сакаат да излезат од неолиберализмот кој ги експлоатира, фактички и да можат тоа да го направат. Се надевам дека ова ќе биде многу добар почеток за ова, професор Дугин. Александар Гелевич, за крај. Трамп. Како го гледате ова? Позитивно или негативно?
Александар Дугин: Мислам дека ова е огромна револуција, конзервативна. Значењето на Трамп е фундаментално за светскиот поредок, затоа што тој всушност зеде и спроведе одвнатре од центарот на глобализмот, спроведе една конзервативна револуција. Ова е грандиозно само по себе. За ова време, коментирав толку многу што стигнав до материјал за една цела книга која патем речено ќе излезе сега во Соединетите Американски Држави. Книгата е за Трамп, еве само пред некој ден, иако е многу свежа, таа брзо се печати.
Значи, го оценувам ова како голем настан, но и како огромни можности, нови, кои што досега сè уште не биле, предизвици и нови ризици. Затоа, Трамп точно ја сврте страницата на светската историја, но она што е напишано на следните страници, ова сепак ќе мора да се открие. Затоа, овде, се разбира, би предупредувал против прекумерно задоволство во врска со Трамп и неговите промени можат да се превртат во други насоки кои сега не можеме да ги замислиме.
Но, во исто време би било целосно неуместно да се намали неговото значење. Трамп изврши светска, грандиозна, конзервативна револуција на глобално ниво, враќајќи се на традиционалните вредности, враќајќи ја слободата на говорот, ја укина либералната цензура, нареди да се градат убави куќи, односно неговите први закони од првиот ден, тие едноставно воодушевуваат со имагинацијата. Како некој мит, како да се вративме во некоја сосем друга епоха, во друга ера, каде што суверените владетели во еден ден всушност можат да го уништат злото што акумулирало во претходните фази, и да го отворат патот за новото. Ова е грандиозно. И неговото уривање, заедно со Елон Маск на УСАИД, тоа е воопшто подвиг на Херкулес. Таквото гнездо на тероризам, зло, лаги, узурпација, пучеви, убиства, тортури, кои УСАИД ги извршуваше, тешко е да се замисли. И тоа што Трамп имаше доволно храброст да удри во центарот на како што тој го нарече, мочуриштето. Ова, се разбира, предизвикува воодушевување.
Но, се разбира, ние внимателно ќе следиме. Најважно е да се извлече од ова… важен заклучок. Нека Америка повторно ја врати својата големина. Европа треба да стане голема. Направете ја Европа повторно одлична. Германија, Германија треба повторно да стане голема, Македонија треба повторно да стане голема, Русија и така станува голема, без разлика дали тоа запад го дозволува или не.
И сега, кога Европа многу повеќе зависи од Америка, ова е единствена можност да стане повторно голема. Ми се чини дека Европејците ќе ја пропуштат својата историска шанса, затоа што ако не извршат конзервативна револуција сега, дегенерацијата и падот на Европското општество ќе биде неповратно. Затоа што наскоро нема да има Европејци, ќе нема европска култура, ниту европско образование, ништо нема да остане. И европската економија нема да ја има, и нема да има енергетика, затоа што… се исклучи од Русија и од други извори. Се случува колапс на Европа.
Сега е клучното време Европејците да си ја земат власта во Европа и, последователно на американскиот пример, едноставно да ги собори овие глобалистички анти-Европски елити. Денешната Европа е анти-Европска, како што вчерашната Америка беше Анти-Америка. Но, ние исто така го знаеме ова, затоа што во 90-тите години ние ја имавме анти-Русија. И еве ги нејзините остатоци, како Украина, е она каде што сме сега.
Горан Шумкоски: Се надевам дека сето ова ќе се случи порано а не подоцна, така што без војна …
Александар Дугин: Да, без војна.
Горан Шумкоски: …да го изградиме тој праведен, чесен, мултиполарен, слободен, свет.
Александар Дугин: Ви благодарам
Горан Шумкоски: Благодарам