Интервју на Горан Шумкоски на телевизија во Русија, (подолу видео од интервјуто на руски јазик со македонски титлови). Со уредникот и домаќин на емисијата, Андреј Машков, разговор за слободата на Македонскиот и другите европски народи и победата на суверените држави-нации против експлоататорскиот военохушкачки неолиберален систем, за врските на Русија и Македонија, за новите Јалти, и за местото на слободна обединета Македонија во новиот праведен мултиполарен меѓународен поредок.
Андреј Машков: Здраво, ова е програмата „За Донбас“ со Андреј Машков. Денеска во моето студио го имам гостинот на нашата република, политикологот и економист од Македонија, Горан Шумкоски. Горан, драго ни е да те пречекаме во Донбас. Кажете ми, ве молам, сте биле во Доњецк или ова ви е прв пат?
Горан Шумкоски: Мило ми е што се среќаваме. На вашите сонародници им го честитам празникот, знам дека денес славите голем празник. Ден на народното единство. Ден на народното единство. Дојдов од други причини, но така се случи што јас сега имам можност да ги поздравам. И имам голема желба да ја споделам вашата судбина со вас и да ве поддржам.
И, да ви кажам дека овој страшен непријател загуби, и тој е поразен. Работам и на Запад и на Исток. Прашање на време е кога практично ќе се сруши да речеме во рок од 24 часа, бидејќи вештачки се држи. Тоа е тигар од хартија, и НАТО и Европската Унија, и штета е што се случува таква војна, која никому не му требаше, што тие ја наметнаа. Но, сакам да кажам дека сега се е пред вас. Тие изгубија. И дел од мојата посета тука е, како Македонец кој сочувствува со вас и помага во борбата на рускиот народ во Донбас да помогнам во економската обнова и развој на регионот бидејќи сум еден од светските експерти во оваа област специјално дојдов да се сретнам со администрацијата на ДНР, со професори, со универзитети овде и да го дадам своето знаење за како да се изгради оваа прекрасна економска иднина, за која има огромен потенцијал во Донбас.
И велам, сега треба да работиме, не треба да чекаме да заврши војната, тоа ќе дојде. Но, овие основи, фундаментии, стратегија, мора веќе да се поставуваат. Веќе мора да проучиме кои приоритетни сектори може да се развиваат, како да се развиваат, како да се пробиеме до извозните пазари. Веќе треба да почнеме да работиме, затоа дојдов овде во оваа прекрасна земја, во прекрасен град, со клима која ми се допаѓа, слична на мојата македонска клима. И подоцна, како што разговаравме претходно, ќе ви ги кажам и подлабоко причините за историските и политички врски меѓу нашите народи.
Андреј Машков: Како што гледам, вие имате кај нас сериозни планови за долгорочна соработка овде.
Горан Шумкоски: Точно, ако даде бог, и овие врски се зацврстат за да помагам овде, на универзитетите или на администрацијата ќе бидам тука уште долго и ќе го споделам моето знаење, и да ги учиме своите деца и македонскиот и рускиот народ за тоа какви длабоки меѓусебни врски имавме.
Еден интересен пример. Јас и мојот колега од вашиот универзитет зборувавме вчера. Пред 250 години овде имаше македонски полк, точно некаде на 30-40 километри северно од Донецк, во рамките на руската царска војска. Постоеше околу 8 години, имаше македонски, влашки, српски и бугарски полк. Тоа се балкански полкови од луѓе, војска, бегалци кои кревале револуции во Отоманската Империја и кога не успевале, бегале на север, преку Австро-Унгарија, Романија дошле овде и станале членови на овие полкови против истиот тогашен нивен и ваш непријател, Отоманската империја.
Која е паралелата помеѓу историјата и денес? Гледаме сега, во мојата Македонија, пред неколку години, луѓето ширум светот не се многу запознаени со нашата историја дека и нам ни наметнаа премиер без легитимни избори, прозападна марионета преку кого насилно не внесоа во НАТО и сакаат да не внесе во оваа Европска Унија каде што добра иднина за нас нема.
Андреј Машков: Горан, повлековте вакви историски паралели кога Македонците, Бугарите, Србите, заедно со големата Русија, со Руската империја, за почеток најдоа тука засолниште, потоа се организираа овде, ги најдоа сите можности за да ја продолжат борбата и победија. Заедно со голема Русија. Сите сме уверени и сите знаеме дека така ќе биде и овој пат. И дека пријателството меѓу нашите народи никогаш не ослабнало. Сочувствуваме, длабоко сочувствуваме со народите на територијата на Југославија, уништена од Европската Унија. И денешните настани, кога истата ЕУ со токму тие Американците на чело кои ја уништија вашата земја, ја распарчија, денес тие се облекуваат во некоја бела облека и ви нудат сомнителна иднина како дел од истата оваа Европска Унија. Ние разбираме дека Балканот е мекиот стомак на Европа. И би сакал да ни кажете што во вашите очи се случува сега таму, во вашиот регион, на територијата на поранешна Југославија. Како сега се градат односите таму?
И сакав да кажам подоцна, но веројатно ќе кажам сега, деканастаните што се случуваат на вашата земја се многу важни за нас. денес го славиме Денот на националното единство. И ние разбираме дека нашата победа лежи во народното единство. Кога сме обединети, дејствуваме со една тупаница, го победуваме непријателот. Но, и пред наши очи видовме како, нашиот народ силно се сплоти, откако видоа што се случи во Југославија, со просперитетна, убава држава. Голема, густо населена, на брегот на топло море. И се создаде таков кошмар и ужас и убиства таму. Ова е, се разбира, за сите, за нас, за Русите, ова е голема лекција и показател како да се однесуваме со Европејците и со империјата на лагите. Кажете ни што се случува сега на Балканот?
Горан Шумкоски: Потегнавте многу интересно прашање. И едноставно можам да ви кажам дека очите на мнозинството луѓе, народи на Балканот, па и пошироко во Европа, веќе се отвораат за оваа вистина што ја кажавте за Европската Унија. ЕУ не е ниту економско ниту идеолошко решение за нашите народи. И тоа е се помалку решение за идеолошките и економските проблеми на самите западноевропејци. Па, да почнеме со Балканот. Овде кај нас, во мојата земја Македонија, имавме пуч, од оние “тивките”. Излеговме на протести, имаме 10% од населението излезено, ова е огромен процент и број на луѓе кои излегоа на улица. Но, не можете да направите ништо затоа што нема да бидете прикажани во медиумите. Не те слушаат, не те гледаат, те крадат тебе и твојата изборна желба и не ти се даваат збор. Ова е многу навредливо. И ова не го чувствуваат само Македонците, верувајте и Германците го чувствуваат ова, и ним тоа им го прават. И на Британците, Французите, ако ги погледнете нивните лидери сега, тие работат на штета на својот народ.
И на се повеќе од овие западни народи им се отвораат очите. Но едноставно, како што кажавте зошто не се креваат. Веќе се отстранети лостовите за нивното незадоволство да го покажат и решат на легитимен начин. А во Германија имам многу пријатели кои одат на протести, не се медиумски покриени, тие се банирани, затворени, сметките во банка им се затвораат. Тоа значи дека веќе не постои легитимен начин да се покаже ова незадоволство. А задачата на овие нелегитимни лидери е да ја уништат нивната економија во корист на американскиот проект. И самите знаете и кажавте дека ова не е решение за мојот македонски народ, ова не е решение ни за бугарскиот народ, Европската унија. Од 10 милиони станаа под 5 милиони. Ова е геноцид на еден народ. Истото и со Романија.
Во праксата се покажа дека ЕУ не е економско решение за балканските земји. Ова не е ни економско решение сега се покажува ниту за една моќна економија, како онаа на Германија. Бидејќи економската структура, моделот на Европската унија беше структурирана над тенки маргини, тенки воздушни перничиња и долу темелот на тоа беа евтини руски енергенси. Ако го отстраните овој темел, и место него ставите таму скап Течен Гас, целата структура се распаѓа, нема маневарски простор. И еве сега се распаѓа. А Германците секој месец гледаат и чувствуваат, секоја година ќе се чувствуваат се полошо и полошо, ги трошат своите резерви, не може да се произведуваат нови додадени вредности. И ќе дојде моментот кога целата оваа структура ќе пропадне и владата ќе биде отстранета. Се надевам дека сето ова ќе се случи мирно.
И затоа прво реков дека мора да гледаме напред бидејќи нашата праведна визија за светот, ова е визијата на Русија, визијата за Македонија, и на секој слободен, суверен народ, е да соработуваме меѓу себе, заемно да ги почитуваме нашите вредности, вредностите на народите, традиционалните вредности, да ја развиваат економијата во корист на народот, а не во корист на транснационалните корпорации, како што е сега на Запад. Ова победува на меѓународниот “пазар на идеи”. и ова го освојува и срцата и умот на народите, и на луѓето на Запад и на Исток.
Тие разбираат дека западниот неолиберален систем не обезбедува богатство и решенија за проблемите што ги имаат овие народи, а уште помалку ги обезбедува за овие нови потенцијални – како што кажавте – жртви, што сакаат да ги втурнат во ЕУ во системи каде што ќе бидат експлоатирани. Многу познат главен економист на Светска банка, и нобеловец, кој мораше да ја напушти Светската банка. Јас исто работев во Светска банка, и исто си заминав како протест против работи кои беа неправилно направени. Што зборуваше тој? Тој рече дека мора да дадат повеќе од еден пат за развој.
Дајте и можност на земјата да се развива на свој начин. Но тие рекоа не, и ја продолжија експлоатацијата на неолибералниот систем, кој сега конечно и пропадна. Тој рече и дека за секое 1 евро инвестиции, “развојни фондови” фрлено од Брисел на земја од Источна Европа, веднаш пристигаат назад 10 евра како профит за западните мултинационални корпорации. Тоа значи дека нема бенефит за народите на Балканот и Источна Европа од овој модел.
И пак, да завршам таму каде што почнав. Мило ми е што повеќе луѓе го сфаќаат овој факт. И сакаат да изградат нов, таканаречен мултиполарен свет, на суверени нации, каде што ќе бидат Кина, Русија, па дури и Америка. Нека соработуваат сите рамноправно и да не наметнуваат економски или воени одлуки или уште помалку, начин на живот. Секој мора да живее како што таа земја мисли дека треба, според сопствените вредности. И има големи разлики во тоа кој како сака да живее.
Андреј Машков: Горан, штотуку опишавте навистина страшна слика за сегашноста на народите во Европската Унија. Да, однадвор, може сè изгледа многу добро, и дека има богатство. Но, чувството дека нивните деца ќе живеат полошо од нивните родители е веќе присутно. Луѓето од повозрасното поколение совршено разбираат што се случува. Експлозијата на гасоводите „Северен тек 2“ сугерира дека САД, империјата на лагите, нема да запре пред ништо. Никој нема да ги засрами, никому нема да одговараат, ќе прават само што сакаат, а притоа ќе го урнат животниот стандард на сите европски граѓани. А тоа што денес ниту граѓаните на Германија, ниту граѓаните на Франција, Шпанија, па, не знам можеби предводниците на ЕУ, дури и во овој случај не можат, немаат право на глас, немаат право на избор. Па, на некој начин беа претворени во зомби, за кои беше посочен еден тесен коридор на можности, по кој мора да се движат, не е јасно за што, не е јасно за кого. И овие настани, разбирливи се, видливи, а процесот што сега се одвива внатре во секој Европеец е зголемување на гневот. Но, тоа што е важно е да се најдат решенија. Односно, ситуации кога луѓето не се гледаат, не се слушаат и не им се дава можност некако да се изразат, кога рацете им се врзани зад грб и нема инструменти, но во исто време вие зборувате за можност да се постигнат вашите цели. Како, повторно заедно со Русија? Повторно еден пат заедно со Русија?
Горан Шумкоски: Точно. И се надевам дека ова ќе биде пат кој води кон слобода не само за Македонија, туку и за другите балкански народи, а и за европските народи воопшто. Ова е мојата животна приказна од последните 5-10 години, како што е мислам, и на многу други таканаречени Европејци, и Балканци и други, дека не наоѓаме платформа да ја изразиме нашата желба и стремеж да го градиме нашиот начин на живот во нашите земји, како што ние сакаме. И до што води ова? Тоа води до фактот дека народите во оваа Европа, Германците, Британците, Французите, Македонците и Србите, навиваат за Русија, навиваат за Русија, и не ги поддржуваат своите влади, знаат дека, како што јас знам како Македонец, дека слободата на мојата Македонија се одлучува во Донбас.
Кога непријателот ќе изгуби овде, на меѓународен план, НАТО и другите лостови на овој меѓународен неолиберален експлоатативен систем, кога ќе изгубат овде, тогаш ќе ја ослободиме Македонија, тогаш ќе дојде нормална влада и во Германија и повторно ќе има можност да се изградат прекрасни односи меѓу Германија и Русија меѓу кои секогаш имало периоди на соработка низ историјата, освен војна, и токму така треба и да биде. Таму ќе биде и Франција. Сакам мојата Македонија да влезе во оваа Евро-Азиска унија, секогаш разговарам со руски партнери, пријатели, кога велам, не гледајте на Евро-Азиската унија толку мала, од Белорусија, до Киргистан. Ајде да одиме на Балканот, има луѓе што ја сакаат оваа ЕвроАзиска Унија, во Бугарија, во Србија и во Унгарија, така што ова ќе биде иднината ова ќе биде можност за слободата на овие народи.
Значи оваа идеја за евроазиството, таа е многу длабока, тоа е еден континент, веќе го кажа Шарл Де Гол, Евроазија од Владивосток до Лисабон, ова е решение за сите овие воени проблеми, економски проблеми на континентот Евроазија, а јас се надевам дека ова ќе дојде порано отколку подоцна, и сите работиме во нашите земји, и сите работиме во соработка со Русија, дека ќе дојде побрзо, затоа сакам Русија да поддржи повеќе од овие проруски и евроазиски движења, партии, во овие земји, без разлика колку тоа да е тешко, а таму многу е тешко да се каже нешто позитивно за Русија, знаете, и на Балканот и на Западот, но треба некаква морална поддршка, не зборувам за финансиската поддршка.
Едноставно во мојата земја присилно ни наметнаа име Северна Македонија, вие знаете, и со историчарите овде разговаравме, тоа не треба да го подржувате тоа не беше одлука на народот, тоа беше одлука на некоја марионетска влада што насилно ни ја наметнаа.
Андреј Машков: Има една Македонија и еден народ. Дали мислите дека клучот за слободата на европските народи, ќе повторам и ќе кажам, клучот за слободата на европските народи се наоѓа овде во Донбас?
Горан Шумкоски: Да, сега овде се одлучува за слободата на нашите народи, затоа сите народи на светот ве поддржуваат, немаат моќ да ги сменат своите влади, но поддржуваат, патувам по светот, ги знам нивните чувства, како што многу добро зборуваше за оваа слика на Европеецот сега, како неговото утре нема да биде подобро, како што нивните деца нема да имаат подобро утре на економски план, ќе биде само полошо.
Имаат и друго човечко, национално прашање, им ги одземаа сите овие традиционални вредности, семејство, религија, имаа огромна миграција на други луѓе кои, тие не се расисти, и ние не сме расисти, но сите тие треба да бидат среќни во својата земја. Не можат да дојдат и бидат повеќе среќни на некое друго место моите прекрасни Бангладешци, например, каде што работев, и кои ги има 180 милиони. За емигрантите Германија како држава не е вредност. Да, мигрантите не ги прифаќаат вредностите на државата, како што се гледа од разни конфликти, но овие луѓе, старите европски култури, народи, сега се во шок, мислат што се случи со овие вредности и како ни се случи ова, едноставно не беше така пред 20 години.
Ама покрај овие вредности како религија, семејни вредности сега им се наметнати и други идеологии кои како ЛГБТ да речеме, сега веќе сите знаат што значи ова, не знаеле порано. Нека си живеат, никој не ги брка, туку што од ова направија централна идеологија. И луѓето велат, не треба нашите деца да го учат ова во градинка, но сега тие се приморани да го учат.
Андреј Машков: За овие несреќни луѓе, веруваме, има можност да живеат, да се социјализираат, но кога ќе ги стават во прв план, кога ќе бараат послушност кон нив и за здравите луѓе да се разболат. Ова е проблемот.
Горан Шумкоски: Точно. Веќе кажавме, исцртавме неколку нивоа на овој проблем, општ и глобален, и Донбас, и Македонија, и пошироко Европа, Евроазија. А тоа значи дека овој систем, неолиберален, е поразен на сите овие нивоа, поразен идеолошки, поразен економски, јас гледам економски развој последниве 10 години, само Југоисточна Азија, се тресе од развој. Таму има таков развој, зборуваме за Кина, не е само Кина, тоа се Индија, Малезија, Бангладеш. Бангладеш например го облекува половина од светот, Индонезија.
И што е најважно, порано постоеше некаква економска предност на иновациите, и некаква конкурентност на западниот систем, која сега е целосно изгубена. Тоа значи дека претходно Индија можеше да извезува ваква кошула, но медицинска опрема мораше да се увезува од Германија. Сега не е така, произведуваат се, од игла до авион, се можат. Западниот неолиберален систем, и Германија и Америка, немаат веќе што да му продаваат на светот.
Тоа значи дека изгубиле економски, рековме претходно, покрај идеолошки, економски, морално и на крајот им остана, а ова е страшно, на што сега сме сведоци, само воен метод. Тие мислат дека 33 трилиони долгови на Америка, кои се неотплатливи, ќе се избришат со војна, кои сите ги плаќаме од наш џеб, а се нивен долг, затоа што преку доларот ја оданочуваат секоја земја, секој поединец, со самото тоа што го користиме.
Економски изгубија, тие, овие неоконзервативците како што ги викаат, мислат дека сега е последен момент да се победи воено и да се расчистат сите овие долгови, да се закопа целиот овој систем и да се почне од нула. Затоа има војни, затоа во Сирија, затоа Израел, затоа Либија, веќе Донбас, не знам утре каде ќе биде Тајван или некаде. Сакаат, копнеат за оваа светска војна, во која сметаат дека можат некако да победат, иако очигледно е дека се поразени и воено, како што примерот на Донбас го покажува.
Андреј Машков: Знаете Горан, јас сега ќе кажам дека тој модел кој го опишавте и кој е моторот и на Американскиот и Европскиот прогресс, како страшно може и да звучи, е војната, без шанса за победа. Ќе смислуваат сè повеќе нови војни, ќе го вовлекуваат човештвото во се повеќе и повеќе ново крвопролевање, а овој процес ако не бидат запрени, сакаат да го направат овој процес бесконечен. За нив е корисно да се хранат со човечка тага, корисно им да се лие крв. Денеска целата светска заедница зборува за ситуацијата на Блискиот Исток, каде што се случува оваа трагедија меѓу Израел и Палестина. САД, веќе без да кријат, велат дека смртта на палестинските деца не им значи ништо. Илјадници, илјадници. Слава на оние луѓе кои сега барем мислат дека овој поредок треба да се прекине. И понудат на човештвото нови модели. И овие нови модели, тие се тука во Русија, во рускиот Донбас. И како што разбирам, вие сте тука на мисија, вие сте човек од Европа, Македонец човек кој длабоко ја сака својата земја, својата татковина. Но, во исто време човек кој разбира дека победата за европските народи се кова тука. Какви предлози имате, која е вашата програма за развивање на мирна егзистенција?
Горан Шумкоски: Одлична можност да завршиме на позитивна нота. Затоа што точно кажавте дека Западот сака ова да биде бескрајна војна. Затоа што овие владетели не се избрани од народот, туку овие лобија на производители на оружје избираат претседатели и им бираат премиери на Западот. И тие сега се хранат со овие војни. Но, ова е привремено. На позитивна нота, што ние можеме да направиме овој процес да биде краток, за да нема бескрајна војна. Затоа што, не можеме да ја завршиме војната со војна.
Можеме со позитивна работа да ја завршиме војната. Како? Јас веќе развив таква доктрина за суверен економски развој. Имам модули на интернет. Ги учам луѓето ширум светот. И во таа смисла обучувам и во Германија, и во Франција и во Шведска, како да изградите суверен економски модел во вашата земја. И како да излезете од овој неолиберален модел. Еве. Ова е мојот мал придонес за ова. Има толку многу луѓе во светот кои мора да се соберат на едно место, на една платформа.
Па, можеби е тоа БРИКС. Можеби Новата Развојна Банка во БРИКС. Можеби Евроазиската унија. Може да има некоја друга аналитичка платформа, која овие вештини, ова знаење ќе им ги даде на сите држави и земји кои сакаат да го напуштат неолибералниот модел и да тргнат по суверен пат со помош на Русија, Кина и другите моќни земји од мултиполарниот свет. Ова е она на што работам. И тоа е дел од мојата посета на Донбас. И јас сум поканет да одам утре например во Мали, кому му треба помош за да излезе од овој систем. Ним им треба многу помош. Не само финансиски, тоа е најмалку. Знаење и способност безболно да се напушти овој систем.
Затоа што ако направиме неколку такви добри примери од земји кои сакаат да излезат, патот на другите ќе им биде полесен. Кога ќе се отвори оваа брана, кога сите ќе влезат во овој нов систем, војната и обидите за нејзино продолжение ќе нема од што да се хранат. Ова е она на што сакам да работам. Има многу луѓе кои сакаат да работат. Мислам дека таму е решението. Како да и помогнете на која било земја сама и побрзо да излезе од овој систем.
Андреј Машков: Треба да им се понуди нов модел.
Горан Шумкоски: Токму така, ние треба да го покажеме патот. За да се скрши стравот на која било влада во овие земји, да речеме Етиопија или Филипини. Ако решат, утре сакаме да го оставиме неолибералниот систем на суверенитет. Но има страв, и го има затоа што нема пат. Тие не знаат како. И се плашиме да заминеме, затоа што не знаеме каде можеме да одиме. Секако. И тука е улогата на моќната руска наука и економија. Покажете им го патот. Ова може да се направи. Направете го овој пат полесен. Затоа што и самите знаете. Секоја земја што ќе одлучи, да речеме, Филипините утре ќе каже, еве ние излегуваме од овој ваш систем. Утре ќе имаат санкции. Ќе имаат напад на валутата. Ќе имаат забрана за извоз. Ќе ги доживеат сите можни лоши моменти.
Како да им помогнете да го надминат ова. И ова може да се надмине. Може да се надмине многу лесно. И кога ние и другите земји во светот ќе видиме дека ова не е толку страшно. Ако заминеме, ќе ни ја отстранат Свифт. Но, постои СПСФ, како што го нарекуваат. Има BricksPay. Постои уште еден алтернативен систем. Ова треба да се прикаже и покаже.
И да се изгради инфраструктура. Не само прикажување. Бидејќи BricksPay или SPSF, треба да бидат оперативни. И да им кажеме, овде само го вклучуваме и работи и кај вас. Значи, многу работа на овој модел предстои за да се прикаже, покаже, изгради и да им помогне да се префрлат на овој модел. Мислам дека ова е едноставно најважното нешто за светот брзо и безболно да дојде до целосно формиран праведен меѓународен мултиполарен поредок.
Андреј Машков: Вашата лична мисија е овде на Донбас. Која специфична програма сакате да ја имплементирате овде? Што разговарате сега со властите на ДНР? Каде наоѓате разбирање? Како ги гледате вашите активности, да речеме, за најмалку 5 години? Какви плодови треба да има? Можеби не веднаш, но на среден рок.
Горан Шумкоски: Прашањето е: ние треба да го најдеме она што сега и треба на владата и администрацијата на ДНР. Стигнав пред неколку дена. Едно нешто што ме донесе овде, преку универзитетот, беше конференција за слободните економски зони. Ова е еден од моите подлабоки знаења за кои се специјализирав низ светот, покрај другите општи економски случувања.
Андреј Машков: Специјалист сте за слободни економски зони?
Горан Шумкоски: Не само, но, една од многуте специјалности. Понудив помош, работам низ целиот свет, тука сум. Ќе го направам тоа бесплатно, имав високо платена работи, но сега сакам само да го споделам моето знаење од љубов кон овој регион. Покрај ова, најдов и други луѓе кои силно се занимаваат со ова, кога дојдов вчера овде, имав средба со професори, членови на Институтот за аналитика при Владата. Тие рекоа дека развивме сеопфатна стратегија за развој на регионот Донбас. Веќе погледнав и видов каде можеме да работиме заедно.
Веќе се договоривме да ја направиме следната верзија, која ќе биде подетална. Алатки за тоа како да се постигнат резултатите од оваа стратегија. Индикатори како да се мери ова секој месец, година за да можеме да стигнеме на крајот на петтата година. Во оваа фаза на соработка сме, каде што и да е потребно во ДНР, со задоволство помагам во која било насока. Само сакам луѓето да разберат дека сега треба да работиме за економски развој. Токму сега, или веќе вчера. Мора да градиме како да нема војна. Ги разбирам сите пречки што таа ги носи, но мора да работиме веднаш, за да бидеме подготвени утре, кога овој непријателски систем ќе пропадне, како што рековме.
Андреј Машков: Знаете, ова што го кажувате сега ми напоменува повторно на историски паралели. Ги има многу во нашиот разговор денес. И еве една од нив, дека, помните, идниот свет по Втората Светска Војна беше создаден и неговите темели беа поставени уште на Конференцијата во Јалта во 1943 година. Остануваа уште 2 години до крајот на војната. СССР сè уште не се преселил во европскиот театар на операции. Но, веќе се чувствувавме силни. Веќе ги гледавме перспективите.
И оваа мирнодопска структура се раѓаше кога војната беше во полн ек. И сега е исто. Вие зборувате за мирнодопска градба, дека веќе сега, денес, треба да почнеме со мирна градба, како веќе да нема војна. И ова е веројатно чувството на негирање на војната како таква. И знаеме дека идеологијата на фашистичкиот режим на Украина се заснова на омраза. Пред се, на омраза кон Русите. А за што, нејасно е. Но, денес ќе бидат Русите, утре ќе бидат другите народи. Ним не им е гајле кого мразат.
А вие зборувате за модел кој е изграден на љубов, кој е изграден на прифаќање, кој е изграден на пријателство и доверба, и дека сите се еднакви и секој народ, секоја држава има право на свој суверен, прекрасен развој и прекрасна иднина. И мило ми е, искрено мило што ги предлагате вашите проекти во Донецк. И што е најважно, колку што разбрав, овде сте добредојдени, наоѓате разбирање и поддршка.
Горан Шумкоски: Да, да. И се надевам дека ќе има поконкретни проекти и програми. Но, гледам голема желба за соработка, гледам голем потенцијал. Покрај економскиот и природниот потенцијал, тоа е човечкиот потенцијал. Огромен човечки потенцијал. Интелигентни луѓе кои сакаат да направат нешто корисно за својата земја сега и веднаш. Затоа и јас сум многу среќен што сум на оваа земја во еден ваков судбоносен историски момент и во мојата кариера и мојот живот.
Андреј Машков: Па, Горан, многу ми е драго. Времето на нашата програма одамна заврши. Крај нема разговорот. Сепак, нашата комуникација со вас ќе продолжи. И мислам дека штом имате некои резултати, или нешто да раскажете, веднаш ќе се сретнеме во ова студио и ќе ги споделиме вашите согледувања, вашите случувања, вашата визија за ситуацијата, ќе споделиме со нашите ТВ гледачи. Бидејќи ова е многу интересно, тоа за што зборувате, и најважното нешто што ни треба.
Но, сепак, веројатно се зазборував. Најважно е што вие веќе го живеете и го носите тој мирен живот. Веќе ја живеете иднината што и секој друг во светот наскоро ќе ја доживее со доаѓањето на мирот на Донбаската земја. Ви благодарам многу за ова. Па, денес, уште еднаш, на моите сограѓани, граѓани на Донбас, им го честитам Денот на националното единство на Русија. И, патем, имате единствена можност да им го честитате овој празник на нашите граѓани.
Горан Шумкоски: Како што направив на почетокот, исто така уште еднаш ви го честитам овој голем, огромен празник. Сакајте се, почитувајте се. Обновете го овој огромен, чист, силен руски дух кој е тука илјадници години. И напред, за преку вашите успеси, како што рековме, да се ослободиме и ние, како и другите народи во Европа сега.
Андреј Машков: Русија напред! Ние сме со вас, да, ние сме со вас. И заедно, секако, ќе победиме. Значи нашата победа, нашата руска победа, кога се сеќаваме на Втората Светска Војна, се сеќаваме како руските ослободители ја ослободија Европа од фашистичката чума. Тоа се наши победи, вистинити се, видливи се и опипливи. И денеска се бориме за нашата победа. Заедно со вас. Ни е мило што ве гледаме во нашите редови. Па, многу ви благодарам за денешниот разговор.
Потсетувам, денеска во нашето студио беше гостинот на Донецката Народна Република, политикологот, економист, јавен деец на Македонија Горан Шумкоски. И денес зборувавме за политика и економија, Но најмногу од сè, веројатно зборувавме за фактот дека мировната агенда веќе се појавува во недрата на денешната Донецка Народна Република. Се гледаме повторно во етерот на Првиот Републикански ТВ канал. Но, за денес нашата програма заврши. Јас, водителот на програмата Андреј Машков и Горан се збогуваме со вас. Бидете среќни, и да ни е честит Денот на националното единство.
4ти, ноември, 2023. Уредник А. Семкин Коректор, титлови А. Егорова