Една година од самоУБИСТВОТО на Ниче Димовски – Македон!
Сподели на социјалните платформи:

На денешен ден минатата година, на возраст од 56  години, “се самоуби“ Ниче Димовски – Македон.

Димовски беше патриот, борец за човековите права на Македонците во Македонија и светот, генерален секретар на Светски Македонски Конгрес, автор на седум книги и бизнисмен, сопственик на компанијата Македон Бетон и во еден период сопственик на галијата на кејот на Вардар во Скопје.

Напишавме “се самоуби“ во наводници, затоа што мала е вероатноста дека неговата смрт е резултат на самобиство, а повеќе е веројатно дека Димовски е ликвидиран. Прво што отвара сомнеж за ова е и самата приказна за “самоубиство“ која воопшто нема никаква логика. Димовски од Америка дошол во Република Македонија за да ја види својата тукушто новородена внука, а никогаш не доживеа да ја види, истиот ден “се самоубива“ со еден истрел во главата. Доколку планирал самоубиство зошто би доаѓал од Америка за да ја види новородената внука? Ова е првото прашање.

Друг интересен детал е тоа што прв за неговата смрт објави поранешниот агент на тајните служби Иван Џо Петрески.

Медиумите и веб порталите известуваа за смртта на Ниче откако дознаа од објавата на Иван.

Самиот Иван зборувал дека УДБА (АНБ) имале проблем со Димовски и не им бил баш омилен лик.

Тоа е веројатно затоа што Димовски беше единстениот во светот на бизнисот кој беше патриотски настроен и ја  користеше неговата позиција за да ги одржува православието и Македонската култура на секое место.

Така на предниот дел од неговата куќа Ниче имаше поставено античко-Македонски штитови со Македонскиот симбол на Македонската династија Аргеади и останата тематика од античка Македонија.

А и интериерот на неговата канцеларија кажува за неговата љубов спрема Македонија.

Ниче помагаше во изградба на православни манастири, ктитор е на манастирот “Свети Петар и Павле“ во Бистрица, Богомила.

Манастирот Свети Петар и Павле што Ниче го изгради.

Беше донатор на Македонската православна црква “Света Лидија Македонка“ во Ченто, Гази Баба и многу други. Донатор беше и на многубројни манифестации организации и поединци преку кои се ширеше Македонизмот. Ниче знаеше да порача: “ Да им простиме на сите кои го скараа и поделија Македонскиот народ. Ги повикувам сите да дојдат и да се прегрнеме, да си простиме и како Македонци да се обединиме! Да заборавиме на поделбите. Ова нека биде почеток на мир, љубов и хармонија меѓу Македонскиот народ. Дојде времето Македонско и затоа да си простиме, да се прегрнеме и обединети да извикаме: Македонијо, те сакаме татковино“.

Ова е еден од говорите каде Ниче порачува да им се прости на оние кои не поделија.

Димовски исто така планираше суперпроект долж Вардарската долина чија почетна инвестиција беше 4 милијарди евра. Целта на овој проект беше земјиштето покрај реката вардар за се даде на дијаспората да го откупи, а тие на тоа земјиште да инвестираат за развојот на Македониија во разни области. Планот беше да се произведува природна органска храна, да  се постават соларни панели и ветерници и со тоа да се искористат сонцето и ветерот за произведување на електрична енергија и снабдување со топла вода. Исто така дел од проектот беше и градење на хидро-централи, а Димовски исто така најави изградба на Македонска православна црква на која сакаше да го постави натписот од Библијата за видението на Светиот Апостол павле да дојди кај Македонците.

Планот на Ниче за овој проект погледнете го на следниот линк од 50-та минута, до 1h:17 мин.

Сето ова, пропагирање на обединување на Македонците, одржување на православните вредности, ширење на Македонската идеа, како и проектот “Вардарска долина“ беше пречка за тајните служби, бидејќи тие работат на уништувње и разнебитување на Македонската држава.

Потоа, имајќи предвид дека Ниче во неговиот живот повеќе пати и погледнал на смртта во очи и при тие моменти цврсто се борел да остани во живот, не сакаше да умри и тешко е да се поверува дека одеднаш, туку така, покрај се што преживеал реши да стави крај на својот живот на Ваков начин.

Во една од неговите книги го има напишано и следново: “По комата во 1997 година, решив: Ќе преживеам, морам да ја победам смртта“. Тој исто така беше познат и по тоа што и покрај сите несреќи кои ги доживеа, организираше трибини и држеше мотивациони предавања на народот токму за тоа никогаш во животот да не се предваат. На неговиот 200-тоти лет со параглајдер падна од 42 метри висина и тешко го повреди неговиот р’бет, докторите му рекоа дека нема да прооди никогаш повеќе, но тој по 65 дена го стори “невозможното“. Не само што прооди, туку и објави снимка кајшто изведува салто на назад во базенот во неговата вила во Америка. Пред да го изведе ова Ниче дури и тогаш одржа краток мотивациски говор.

Линк од видеото:

 

 

Сега, кога ќе го погледнете неговиот живот ќе сфатите дека цело време Димовски имал високи цели за кој цврсто работел да ги оствари и цело време трагал по вистината и поради ова патувал насекаде по светот. Својот статус на богаташ го искористил за истражување на Македонската историја.

Ниче Димовски е роден на 9 октомври 1964 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Трудољубивоста е негова одлика од дете: продавал црви за рибари, собирал полжави, берел и продавал мимози, растоварал и утоварал, собирал старо железо, поседувал боди-билдинг клуб, водел бизнис со увоз на прехранбени артикли од неколку фабрики од Франција и што уште не, стигна до својата компанија за бетон “Македон бетон“.

Значи покрај сите проблеми во детството тој се борел и станал сопственик на успешна компанија.

Ниче Димовски беше реализиран семеен човек, сопруг, татко е на три деца Антонио, Давид и Мила, дедо на внуката Талија…

Пропатувал во повеќе од педесетина држави во светот, во животот се соочил со безброј предизвици и искушенија, доживеал многу искуства, се стекнал со знаења за човекот, вистината и светот.

При живот трипати бил соочен со смрттаВо 1997 година, на 33 години, поради операција на хранопроводот во Германија, паѓа во седумдневна кома, за чудо на лекарите останува жив. Во 2000 година паѓа од параглајдер на планината Галичица од 42 метри височина, по 62 дена заробен во кревет, под ризик дека ќе остане траен инвалид, заздравува и повторно за чудо на лекарите проодува. Во 2010 година, повторно при хируршка интервенција на хранопроводот во Германија, целиот зафатен од сепса, запишан е како медицински феномен, се враќа во Македонија здрав и жив.

Покрај сите овие проблеми Димовски не размислувал на самоубиство нити еднаш, и тоа доведува до прашање: како сега кога ги помина сите проблеми помислува на самоубиство?

Ниче уште од најрана возраст, преку неговиот авантуристички и немирен дух, преку многубројните животни пречки и предизвици, најчесто искусени преку болката и болеста, ги спознава вистинските вредности на животот.

По отслужувањето на воениот рок, на 22 години заминува во Калифорнија, САД, кај неговиот дедо, вујко на неговата мајка Невена. Престојува кај домородни Индијанци истражувајќи го нивниот начин и филозофија на живот… Посетил повеќе древни народи во Средна Америка…

На 44 годишна возраст решава да ја објави својата прва книга “Најголемата вистинска тајна на светот“, која се печати во 2009 година.

По првата книга, Ниче Димовски продолжува да пишува, во 2012 година ја објавува својата втора книга “Вистината за вечноста“, целиот тираж за нецели два месеци е распродаден. Во оваа книга, Ниче Димовски е дециден: “Клучот од тајната врата на Вашата душа, е во Вас, отклучете ја!“

Во 2013 година Ниче Димовски го издава првиот стрип во боја “Александар Македонски – Лавот од Македон“, со единствена желба, најмладите да учат за храбоста на Александар Македонски. Бесплатно го дели на најмладите, да учат за древноста на Македонците и Македонија.

Во 2013 година ја пишува и објавува книгата “Бог е жив“.Авторот повикува да се напушти стравот, бидејќи само тогаш, како што вели, ќе го пронајдете мирот во себе и преку љубовта во себе ќе вибрирате во фреквенција на Создателот. Авторот е благодарен на Бога кој му дал живот да сведочи за Неговата големина и можноста за неговата мисија кон другите за љубов во Бога. Во ова дело авторот ги објаснува времето кога бил во кома во 1997 година, со сеќавања од “другиот свет“. Значи тој со години наназад им зборувал на останатите дека треба да ги победат нивните стравови, пишува седум книги во кои вметнува такви пораки, и сега некој сака да не убеди дека тој доаѓа во Македонија да ја види внука си, и “се самоубива“ без да ја посети и никој не ја знае причината за тоа?!

Во 2016 година Ниче Димовски го објавува делото “Тајните на писателите“ како најдобар прирачник со практични совети за оние кои сакаат да напишат книга.

Во 2017 година Ниче Димовски го објавува романот “Љубов се викам“, како книга за неговиот дваесетгодишен животен сон, кој имаше намера да го филмува на големите екрани. Оваа желба, за жал, не ја оствари…

Ниче Димовски е еден од основачите на Светскиот Македонски Конгрес во 1990 година. Од 1990 до 2008 година е генерален секретар на Светскиот Македонски Конгрес, од 2008 до 2012 година е потпретседател на Светскиот Македонски Конгрес, а од 2012 до 2020 повторно е избран за генерален секретар на Светскиот Македонски Конгрес. Активно е вклучен во македонските работи меѓу Македонците во Македонија, сите делови на Македонија и Македонците во светот.

Сите овие негови активности се показател дека Ниче немал мотив за самоубиство, туку имал мотив да се бори, а неговиот мотив биле Бог, Македонија и Македонците, па како што гледате за овие работи се трудел преку целиот негов живот.

Како што напоменавме на почетокот, најчудно е тоа што доаѓа во Македонија на повик од неговите роднини за да ја види новородената внука и наредниот ден го наоѓаат мртов во неговиот дом, со прострелна рана во главата и пиштол покрај него. Случајот веднаш е прогласен за самоубиство, прв за неговата смрт објавува поранешен УДБАш, а неговото семејство, уплашено, се повлекува од јавноста. Сето ова води до тоа дека Ниче Димовски е брутално ликвидиран, но дали од Македонските тајни служби или некој друг, сеуште останува мистерија. Се надеваме дека еден ден ќе излези на виделина вистината за неговата смрт.

Упокој ја Господи душата на починатото твое чедо Ниче Димовски, прости му ги прегрешенијата волни и неволни, направени со збор, со дело или со помисла, и како Благ и Човекољубив, насели ја неговата душа во место светло, место блажено, место мирно, место каде што почиваат праведниците, место каде што нема ни жал, ни воздишка, но живот Бесконечен. Амин.

Извор

Остави коментар