Шведска објави дека ќе ги укине сите преостанати ограничувања за коронавирус до крајот на месецот, откако нејзиниот нордиски сосед Данска во петокот на 10ти Септември 2021 официјално ги укина сите преостанати ограничувања за борба против коронавирусот, вклучително и задолжителен пасош „Ковид“, со што стана првата држава во ЕУ што целосно се врати на секојдневниот живот пред пандемијата. Шведска стави акцент на личната одговорност и избегнуваше да воведе драконските мерки за заклучување што се воведуваат во поголемиот дел од западниот свет.
На прес-конференција во вторникот, министерката за здравство и социјални работи Лена Халенгрен објави дека преостанатите ограничувања, како и препораката за работа од дома, во Шведска ќе бидат укинати до 29-ти септември.
“Важна порака е дека ние сега преземаме понатамошни чекори во враќање на нормалните секојдневниот живот”, рече Халенгрен, додавајќи: “Нашиот став цело време беше дека ограничувањата треба да се укинат што е можно поскоро”.
Една и пол година откако вирусот го втурна светот во хаос, пресудата за слободарскиот пристап на Шведска кон ограничувањата допрва ќе се пишува. Она што е точно е дека застрашувачките изјави на глобалистите и злокобните нарачани напис на корумпираните медиуми за помор на Швеѓаните поради овој слободарски пристап, не се остварија.
Expert Predicts Coronavirus 'Tragedy' in Sweden as Deaths Increase https://t.co/Lx7rl1NLxw
— Breitbart London (@BreitbartLondon) April 11, 2020
Вистината е дека и покрај тоа што не се наметнати строги мерки за заклучување, стапката на смртност од КОВИД во Шведска останува пониска од многу западни нации што наметнаа заклучување. Додека Шведска забележа стапка на смртност од 143 на 100,00, развиените земји, вклучувајќи ги Франција, Португалија, Романија и Шпанија, беа повисоки, забележувајќи помеѓу 170 и 180 смртни случаи на 100,000.
Соединетите држави, Обединетото Кралство, Полска, Хрватска, Словенија, Италија, Белгија, Словачка и Молдавија, поминаа уште полошо од Шведска со меѓу 190 и 250 смртни случаи на 100.000 луѓе во земјата.
Кога се споредува Шведска (10,2 милиони луѓе) со слично населената американска држава Мичиген (9,9 милиони) – држава која имаше некои од најстрогите мерки за заклучување во Соединетите држави – Шведска имаше значително помалку смртни случаи, 14,659 наспроти 21,758 досега.
Исто така,шведската економија се повлече од кризата побрзо од другите во Европа-надминувајќи ги нивоата пред пандемијата во јуни – проекциите за раст во текот на следната година ја ставаат Шведска пред другите нации на ЕУ кои ги заклучија своите народи.
Шведска навистина доживеа помали економски контракции од поголемиот дел од Европа, се намали за 2,8 проценти во 2020 година во споредба со просекот на ЕУ од шест проценти и 9,8 проценти во Британија.
Сепак, еден факт од шведскиот пристап е непобитен: предвидувањата за пропаст и масовни жртви беа разоткриени како срамно неточни и надуени.
Научниците во Белгија минатата година прогнозираа дека околу 96.000 луѓе ќе умрат во Шведска во 2020 година, шест и пол пати повеќе од вкупниот број смртни случаи од почетокот на пандемијата. Минатата година, Њујорк тајмс исто така и без никакви образложувања објави дека „Шведска станала светска предупредувачка приказна“.
Друг аспект што не треба да се занемари е цената на слободата во споредба со трошоците. Додека граѓаните низ западниот свет гледаат дека нивните граѓански права се строго ограничени под превезот на јавната безбедност, особено земјите како Австралија, Канада, Велика Британија и во одредени држави во Америка, владата на Шведска во голема мера го остави тоа на својот народ да утврдат какви ризици биле спремни да преземат.
Недостатокот на тактики за заплашување и строги ограничувања во Шведска, најверојатно, резултираше и во помалиот број на луѓе кои страдале од негативни ефекти врз менталното здравје од пандемијата во споредба со другите западни нации.
Истражувањето спроведено во декември од YouGov покажа дека 65% од Британците страдале од проблеми со менталното здравје за време на пандемијата, во споредба со 54% проценти во Шведска.
Интересно е што сега Данска го води притисокот за враќање во нормалната состојба на слобода, надминувајќи ја Шведска во укинувањето на ограничувањата за неколку недели. Владата на Данска објави дека КОВИД „веќе не е критична закана за општеството“ и затоа нема оправдување за продолжување на драконските владини овластувања.
Тоа значи дека од Данците повеќе нема да се бара да презентираат пасоши за вакцина во земјата, мерките за социјално дистанцирање се укинати, а децата повеќе нема да мора да се изолираат доколку нивното училиште идентификува инфекција кај наставник или соученик. Ноќните клубови конечно се отворија без ограничување, па дури и музичките фестивали ќе се вратат.
Премиерот Мете Фредериксен изјави: „Секојдневниот живот за среќа се врати на повеќето места и имаме јасни очекувања дека можеме да избегнеме големи заклучувања во иднина“
Почнувајќи од полноќ на 10 септември, смртоносниот вирус веќе не е класифициран како „ социјално критична болест “ од страна на данската влада, што значи дека нема да се применат посебни мерки за справување со „Ковид-19“ во европската земја.
Сите ограничувања претходно спроведени од властите, вклучително и барања за „коронапасош“ за влез во ноќни клубови и други места, забрана за масовни собири и задолжително носење маски, се укинати, 548 дена откако премиерот на Данска, Мете Фредериксен, првично прогласи заклучување на неговата земја, пренесуваат локалните медиуми.
Во одлуката која ја објавија за напуштање на правната основа за ограничувања минатиот месец, данските власти рекоа дека „епидемијата е под контрола“.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут (еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!
Spored mene toa e vo red,i napustanjeto na PRAVNATA OSNOVA ZA OGRANICUVANJATA SE ukinuvaat , a VLASTA veli so VOOPSTENO IZVESTUVANJE deka >>>EPIDEMIJATA E POD KONTROLA<<>> VOOPSTENI IZJAVI ZA *SE* I *SESTO* VO SITE DRZAVI VO SVETOT , NISTO KONKRETNOI I NISTO PRECIZNO KOGA SE RABOTI ZA COVECKIOT ZIVOT.<<< ///.! ### Sosema dovolno , prakticno, i pozitivno delotvorno za se vo drzavata. Mnogu pozitivno postapili kako za GRADJANITE TAKA I ZA NIVNOTO OPSTESTVO.!