Најмоќниот Говор во Историјата – Обраќањето на Александар Македонски до Фалангата во Персија (ВИДЕО)!
Сподели на социјалните платформи:

Во брилјантна 10-годишна кампања, Александар и неговата Македонска Армија го освоија поголемиот дел од тогашниот откриен свет, од Египет до реката Инд. Во 324-та пред Христа, тие се вратија во Опис, близу денешен Багдад, каде Александар нареди дел од Македонските ветерани да се вратат дома. Но, налутени од она што го примија како навреда на нивната чест, исто како и од примањето на Александар на Персиските обичаи, … тие се побунија. Говорот на Александар до Македонската Армија е базиран на записи од сведоци и историчари и се верува дека верно ја пренесува суштината.

По говорот, Македонската војска го молела Александар за проштевање. Во сцени на емоционално помирување меѓу Кралот и неговата армија Александар почнал да ги планира следните походи. Но во Вавилон, помалку од година подоцна се разболува од непозната болест, и умира на 32-годишна возраст.

Целиот говор на Александар Македонски во продолжение:

“Македонци, мојов говор нема да биде насочен кон спречување на вашата желба да се вратите дома; што се однесува до мене, може да одите кај што сакате. Но, сакам пред да заминете да сфатите што сум направил јас за вас и што сте направиле вие за мене.

Дозволете ми да почнам, како што е ред, со татко ми Филип. Кога ве најде тој, бевте селани, облечени во гуњи, со по некоја овца по планините, не можејќи да се одбраните од соседите, Илирите, Тесалијците и Тракијците. Филип ве натера во војна со соседните варвари, поради вашата безбедност, тој ви даде наметки наместо гуњи, почнавте да живеете убаво со закони и обичаи, и ве претвори од робови во владетели над овие варвари кои ви ја грабаа земјата. Тој ја покори Тракија, ги зазеде најповолните крајбрежни градови и нивните пристаништа и ја отвори земјата за трговија и ви овозможи да ги искористите вашите рудници непречено, со што донесе просперитет.

Тесалијците, да? Живеевте во страв и ужас од нив! Да, но сега ги владеете нив! Тој ве направи владетели на Тесалијците, пред кого сте умирале од страв. Атињаните и Тебанците, кои беа постојано подготвени да ја напаѓаат Македонија, тој толку ги порази и понижи (со моја мала помош во тоа време) така што тие сега не земаат данок од Македонија, туку плаќаат и бараат од нас заштита на нивната безбедност.

Филип вмаршира во Пелопонез и таму воведе ред. Тој ги покори сите соседни племиња и беше назначен за командант во кампањата против Персијците, чест не само за него, туку за сите Македонци, и претпочиташе да ја сподели честа со сите Македонци, а не само за себе.

Такви беа постигнувањата на татко ми во ваше име и име на Македонија. Како што можете да видите сами за себе, тие се огромни. Но сепак мали во споредба со што јас направив за вас. Јас наследив од татко ми неколку златни и сребрени чаши, и помалку од 60 таланти во ризницата во споредба со долговите од над 500 таланти. Почнав од земја која едвај можеше да ве одржи и веднаш ги отворив Дарданелите за вас, и веднаш го отворив преминувањето на Халикарнас иако Персијците во тоа време ги владеа морињата.

Јас ги поразив Сатрапите на Дариј со мојата коњаница, ја додадов Персија на вашата Империја и ве направив владари на целата Јонија, цела Аеолија, и Фригиа и Мизија и Ликија, и го зедов Милет со опсада. Сите други места што доброволно се предадоа, нивното богатство стана ваше. Сите богатства на Египет и Либија, кои го зазедов без битка, се ваши сега. Сирија, Палестина и Месопотамија се ваш имот. Вавилон, Бактрија и Суза ви припаѓаат вам.

Богатството на Лидија, ризниците на Персија, и драгоценостите на Индија како и земјите околу нив, се ваши сега. Вие сте сега Сатрапи, вие сте генерали, вие сте команданти.

А што задржав за мене, освен оваа пурпурна облека и дијадема? Ништо. Никој не може да покаже на моето богатство, освен овие работи што ги чувам во ваше име. И што би правел со сето тоа богатсво и онака. Јадам исто што јадете и вие, не земам повеќе одмор или сон од вас. И знаете дека често и јас сам стражарам ноќе за да ве чувам, за вие да можете да спиете мирно.

Кој од вас може да каже дека направил повеќе за мене отколку јас за него. Има ли? Излези тогаш напред! Ако имаш повеќе рани од мене, излези и покажи ги, и јас ќе ги покажам моите. Зашто не постои дел од моето тело, барем однапред, кај што немам рани. Телото ми е покриено со лузни од секое оружје што можете да го замислете, со меч во директна борба, погоден со стрели, и со копја фрлани од непријателот, и и со камења и стапови. И се тоа заради твојот живот, твојата слава и твоето богатство.

И еве стојам тука и сè уште ве водам како освојувачи на сите земји и мориња, сите реки, планини и рамнини. Ги прославувавме нашите свадби заедно, а децата на многумина од вас се братучеди на моите. Покрај тоа, ги поништив на сите од вас вашите долгови без да прашам како сте ги направиле, иако добивате висока плата и плен по опсадите. Повеќето од вас имате златни круни, спомен за вашата чест и храброст што сте ги добиле од мене. Секој од нас кој бил  убиен и го сретнал славниот крај, бил погребан со сите врвни почести. Многумина од нив се овековечени со бронзени статуи во Македонија, а нивните семејства се чествувани и не плаќаат данок.

Под моја команда, ни еден од нас не бил убиен во бегство од борба. И сега, имав намера да ги испратам дома оние од вас кои се ранети или веќе не се физички подготвени за борба, да бидат пречекани како херои дома; Но, бидејќи сите сакате да заминете, заминете тогаш сите. Заминувајте!

Вратете се и пренесете дома дека вашиот крал, Александар, освојувачот на Персијците, Медејците, Бактријците и Согдијците; Кој сега ги владее Оксанците, Аракосијците и Дрангијците; кој исто така ги завладеал Асакеносите, Хидаспите, Партите, Коразмијците и Хирчаните, се до Каспиското Море; Kој марширал над Кавказот, преку Kасписките порти; Кој, исто така, ги преминал Хинду Куш, Ацезините и Хидраотите; Кој ги преминал реките Окс и Танаис, и Инд, кој никогаш не бил преминат од било кој друг освен Дионис, и кој би го преминал и Хифазот, ако не бевте престрашени кукавици; Кој навлезе во големото море и од устието на Инд; Кој ја минал низ пустината на Гадрозија, каде што никој досега не марширал со војска; Кој ја зазед Карманија и земјата на Оританите, додека мојата флота веќе отплови околу брегот на морето што се протега од Индија до Персија. Кога ќе се вратите дома јавете дека кога се вративме во Суза го напуштивте вашиот крал и го оставивте во немилост на народите кои ги покоривте. Можеби овој ваш извештај дома ќе биде виден како прекрасен во очите на Македонците и достоен во очите на боговите!

Заминувајте!”

 

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут (еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар