Во својот геополитички извештај ДАЛЕЧНА АЗИЈА И ОКЕАНИЈА: СОЗДАДЕНО РЕГИОНАЛНОТО СЕОПФАТНО ЕКОНОМСКО ПАРТНЕРСТВО, Регионалното сеопфатно економско партнерство – најголемиот трговски блок во историјата. И ова не е хипербола, РЦЕП не само што ќе ги надмине постојните азиско-пацифички трговски договори како што е Сеопфатниот и прогресивен договор за транс-пацифичко партнерство (CPTPP) по обем и обем, туку ги надминува и другите клучни регионални партнерства во напредните економии вклучувајќи ги Европската унија и Договорот САД-Мексико-Канада (УСМКА, порано познат како НАФТА).
Регионалното сеопфатно економско партнерство (РЦЕП) беше потпишано кон крајот на 2020 година, со што официјално се создаде најголемиот трговски блок во историјата кој досега, заклучно со 30 април 2021 година, е веќе ратификуван од Кина, Јапонија, Тајланд и Сингапур. Со сегашното темпо, РЦЕП треба да стапи на сила на почетокот на 2022 година, бидејќи сите земји-членки се согласија да го завршат процесот на ратификација во рамките на оваа година. Потенцијалните ефекти на РЦЕП се огромни. Меѓу другото, договорот ќе воспостави правила за регионот за: Инвестиции, Конкуренција, Е-трговија, Интелектуална сопственост, Телекомуникации. Сепак, постојат некои клучни исклучувања како на пример: Работа на синдикатите, Заштита на животната средина и Државни субвенции. РЦЕП исто така може да и помогне на Кина да добие уште поголема основа во нејзината економска трка против САД кон тоа да стане прва глобална суперсила. Последно, но можеби најважно, Брукингс проценува дека потенцијалните придобивки од РЦЕП се огромни: 209 милијарди долари годишно може да се додадат на светските економии, а 500 милијарди долари може да се додадат на светската трговија до 2030 година.
На датумот 15-ти ноември годинава, се одржа виртуелниот собир на лидерите на 15-те земји од Далечна Азија и Океанија, кои го потпишаа Договорот за регионалното сеопфатно економско партнерство, или Regional Comprehensive Economic Partnership, познат скратено како RCEP.
Земјите-потписнички на Договорот се: Кина, Јапонија, Индонезија, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд, Виетнам, Тајланд, Брунеј, Лаос, Камбоџа (Кампучија), Филипини, Малезија, Сингапур и Мјанмар, кои со овој чин всушност го создадоа најголемиот економски и трговски блок во светот, опфаќајќи пазар со население од 2 милијарди и 300 милиони жители, пет пати повеќе од ЕУ, со 30% од вкупниот светски БДП.
Карта со земјите-потписнички на Договорот
Кинеско торжество и пораз на САД!?
Иницијатива за создавање на ваков блок во овој дел од светот, кој географски е далечен од нас, но со можни идни, добри или лоши, последици по нас, не претставува новост. Како претходница на овој блок се согледува Здружението на нациите од Југоисточна Азија (ASEAN), предводено од големата држава Индонезија, која досега претставуваше геополитички неутрална во односите на воочливата борба помеѓу Кина и САД.
Пред доаѓањето на чело на САД, на Доналд Трамп, постоеше обид за создавање на транстихоокеанското партнерство (TPPA), речиси во истиот момент кога се нудеше од страна на САД кон ЕУ и договорот за трансатлантско партнерство за трговија и инвестиции (TTIP), односно создавање на два големи прозападни блока, кои заедно со NAFTA, САД (поточно корпорациите оттаму) покрај тоа што ќе имаше преференцијална положба во економските односи, ќе беше и географскиот центар на овие три територијално огромни блока. Изненадувачки беше што на тој американски предлог тогаш, позитивно одговори Виетнам, односно земјата во која само неколку декади претходно се водеше долгата и крвавата Виетнамска војна.
Дали Кина со овој чин го искористи моментот на слабост во САД, каде постојат големи внатрешни економско-политички проблеми, и дали создавањето на најголемиот економски блок во светот, кој несомнено ќе стори, доколку се развива во мирнодопски услови, од земјите-потписнички најсилни економии во меѓународната заедница, ќе поттикне нова светска војна од официјален карактер, особено доколку го земеме во предвид и фактот дека милитантниот либерализам најверојатно повторно се враќа од позиција на власт во САД – се прашања кои во блиска иднина ќе бидат одговорени.
Во преговорите за потпишувањето на Договорот за регионалното сеопфатно економско партнерство, учествуваше и Индија, но се откажа во последниот период, бидејќи има проценки дека со влез во блокот би можело да има негативни последици по индиската домашна економија.
Домаќинот на свечениот виртуелен настан, одржан на 15-ти ноември беше Виетнам, пренесува
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут (еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!