Уште Колку Долго Пред и Америка да Назначи Коњ во Сенатот – Пол Креиг Робертс!
Сподели на социјалните платформи:

Колку долго пред Америка да назначи коњ во Сенатот? пишува аналитичарот Пол Креиг Робертс. Во поранешните времиња, кога Американците ја учеле римската историја на училиште за да ја избегнат истата судбина, тие учеле дека Калигула го назначил или имал намера да го назначи својот коњ Инцитатус за римски сенатор или можеби за римски конзул. Без оглед дали Калигула го направил ова или не, историчарот Суетониј, кој ја запишал идејата на Калигула за поставување на коњ за римски сенатор, немал план да опишува луд император. Тој само ја овековечува сликата дека Рим е завршен, со тоа што некогаш моќниот римски сенат, чувар на Римската република, бил сведен на статус на штала за животни. Зарем ова не е опис на Вашингтон и САД денес? заклучува аналитичарот Пол Креиг Робертс.

Цивилизираното општество почива на вистината и фактот, а не на лагата и измамата . Бидејќи вистината и фактот се цензурирани, а измамата и лагите се се што имаме, ние очигледно немаме цивилизирано општество.

Навистина, човек не може да најде знаци во САД на цивилизирано општество. Наместо дебата, извикувавме навреди, закани и прогон. Судбината на обвинетите, како што е офицерот Шовин, се решава во медиумите, а не во чесни судења. Научниците и медицинските власти лажат за пари, како и новинарите. Вистината нема свои чесни чувари на официјалните позиции, а најмалку на универзитетите. Владите служат на необјавени агенди и оркестрираат страв со цел да ги постигнат тие свои тајни агенди. Земји се нападнати и бомбардирани врз основа на лаги и лажни обвинувања. Заштитата на уставот не се спроведува за да нè заштити од неограничена и неодговорна владина полициска моќ. Овој список продолжува.

Како може да се исправи овој брод? Некои републиканците сега сметаат дека демократите го изгубиле влијанието дозволувајќи нивните градови да бидат ограбени и изгорени од „мирните протести“. 

Има некои вредни републиканци, како што се гувернерите на Флорида, Тексас и Јужна Дакота и сенатот на државата Аризона. Но, повеќето републиканци научија дека начинот да се напредува во животот не е да се обиде да се испарви бродот. Тие се задоволни со учество, а не со тоа да бидат лидери и да одат против ветровите кога треба.

Следствено, немаше доволно републиканци подготвени да се борат за да спречат украдени претседателски избори во Америка.  

Однесувањето на републиканскиот државен секретар на Џорџија Бред Рафенспергер укажува на тоа дека републиканците не се одговорот. И републиканците од Пенсилванија посочуваат дека републиканците се премногу слаби за борба.

Јасно е дека антиамериканските бели либерали не се одговорот. Но, ниту про-американските републиканци се решението. Историјата на белите либерали е осуда на Америка, нејзината историја и сите досегашни книги и написи за тоа. Ова не значи дека Америка нема свој удел во злосторствата. Јас и самиот имам пишувано за многу од нив. Но, за белите либерали нема ништо друго освен злосторства.

Американските конзервативци се премногу патриоти. Тие го носат знамето на ракавот, а тоа ги заслепува од можноста да ги видат фактите. Тие се секогаш подготвени да измислуваат на „странските непријатели“ произведени од воено-безбедносниот комплекс за да ги оправдаат своите огромни буџети и моќ. Се сеќавате на стравот дека ако Виетнам падне во комунизмот, слободниот свет е изгубен? Овој апсурд стана симбол на глупоста.

Републиканците лесно се насочуваат кон работи кои се далеку од реалните домашни внатрешни закани од сопствената влада и се насочуваат на фабрикувани закани од странски непријатели произведени од медиумите. Џорџ В. Буш ја искористи „војната против тероризмот“ за да го укине habeas corpus. Обама ја искористи „војната против тероризмот“ за да изврши егзекуција на американски граѓани само под сомнение и без никаква соодветна постапка. Трамп ги “обединуваше” Американците против Кина, а демократите ги “обединуваат” Американците против Русија. Конзервативците секогаш повеќе сакаат да измислат надворешни непријатели отколку да се занимаваат со внатрешните, бидејќи тие сметаат дека секој сомнеж кон владата е непатриотски. Тие се заштитнички настроени кон својата земја и ја мешаат владата со сопствената земја.

Неколку децении се обидував да ги научам што е разликата, но тие беа бавни ученици.  

Размислете за моето искуство. Јас бев помошник секретар на Министерството за финансии на претседателот Реган, на кого тој се потпре да ја постави својата економска програма со цел Конгресот да може да гласа за тоа, што и јас го сторив. Следно, тој ме стави на таен претседателски комитет овластен да го испита тврдењето на ЦИА дека Советскиот Сојуз ќе победи во трка со оружје со САД, за што беа потребни највисоки безбедносни дозволи. Јас исто така бев член во 1980-тите години на Комитетот за сегашна опасност, група поранешни владини креатори на политика загрижени за советската закана.

Сепак, сега во 21-от век бев прогласен за „руски агент / агент на Путин“ од страна на новата веб-страница наречена PropOrNot, која не можеше да се идентификува и можеби беше финансирана од ЦИА, а која беше одобрена од Вашингтон пост,  долгорочна маша на ЦИА. Бев етикетиран како руски агент од истата причина што Трамп беше подложен на измамата „Русијагејт“ – за да се спречат нормалните односи со Русија. Истото му се случи на Стивен Кон, најистакнатиот руски експерт во Америка.

Нормалните односи со Русија би значеле намалување на буџетот и моќта на воениот / безбедносниот комплекс. Така, за нас, кои се залагаа за намалување на шансите за нуклеарна војна, се рече дека сме против Америка и за Русија. 

Не задоволувајќи се со ова, следно бев етикетиран како „анти-семит“ затоа што како гостинска колумна поставив напис од израелски државјанин критички настроен кон третманот кон Палестинците на Израел. Фактот што му дозволив слободен говор на еден Израелец значи дека сум антисемит. 

Не задоволувајќи се со ова, јас бев прогласен за „негирач на холокаустот“ кога го цитирав извештајот на Дејвид Ирвинг во прегледот на книгата дека иако има документирано многу нацистички злосторства против Евреите, тој не можел да најде никаков доказ за организирана политика на холокауст и покрај 50 години потрага. За известување за заклучок на авторот во преглед на книга, јас бев етикетиран од лажговците на Википедија како „негирач на холокаустот“. Забележете дека не потврдив или негирав нешто. Јас само го пријавив она што го откри најдобриот историчар на Втората светска војна по половина век пребарување. Историите на Ирвинг се темелат целосно на досегашните документи, во чиј лов го поминал цел живот и со бројни интервјуа со преживеани. 

Овие напади беа дизајнирани да ја намалат читаноста на мојата веб-страница. Ако можам да бидам погрешно претставен, не е ни чудо што научници кои покренуваат стручни прашања во врска со Ковид и неговиот третман можат да бидат замолчени или 3.000 врвни архитекти и структурни инженери кои рекоа дека е невозможно авиони да ги урнат згардите во Њујорк на 11ти Септември 2001 можат да бидат отфрлени како „теоретичари на заговор“ од страна на научно неуки бирократи кои не се способни ни за алгебра од средно училиште . 

Живееме во земја во која луѓето со добар карактер и солидна експертиза можат да бидат отпуштени од работи, и демонизирани од неуки будали со нула достигнувања. 

Со други зборови, водството од страна на способните е невозможно.

Да кажам поинаку, во САД денес карактерот, интегритетот, фактите и вистината немаат никакво значење. Елитата има агенда, а сите што и се на патот се прегазени.

Во поранешните времиња, кога Американците ја учеле римската историја на училиште за да ја избегнат истата судбина, тие учеле дека Калигула го назначил, или имал намера да го назначи, својот коњ Инцитатус за римски сенатор или можеби за римски конзул. Без оглед дали Калигула го направил ова или не, историчарот Суетониј, кој ја запишал идејата на Калигула за поставување на коњ за римски сенатор, немал план да опишува луд император. Тој само ја овековечува сликата дека Рим е завршен, со тоа што некогаш моќниот римски сенат, чувар на Римската република, бил сведен на статус на штала за животни.

Зарем ова не е опис на Вашингтон денес? заклучува аналитичарот Пол Креиг Робертс.

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут (еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар