Во Ведите се запишани имињата на најстарите пеонски племиња со нивно точно значење, како и четирите мистични(духовни) имиња на буквата М, на што всушност наликува пишаниот геоглиф кај Канда. Првото мистично име на буквата М е збор од два симбола, првиот е симбол за Господ како беспочетност и бесконечност, а вториот е знакот М како точка на негово пројавување во конечност. Освен што има значења поврзани со постанокот, седвигател, тркало на времето, сонце и сл., првото мистично име на буквата М во себе го содржи и значењето на темно сина и црна боја, односно бојата на импринтот, матрицата на постанокот. Мистичните имиња на буквата М, кои се скриени во зборот Канда, и од кои четвртото е мистично име на звукот М, го даваат објаснувањето за божјото пројавување и моментот на Постанокот. Само најважните поими, букви или зборови во Веда имаат мистични, духовни или тајни означувања и имиња, кодови што ја кријат вистината, најверојатно за да се открие во моментот кога за тоа е дојдено времето. Духовното име е резонанта, трепетот на вибрирачката душа на самото нешто. Иако духовните, мистичните имиња можат да бидат осознаени на ниво на чиста свесност од луѓе што се воздигнале до јасновидство, таквите имиња никогаш не се продукт на човечка креација, инвенција или обичај.
Овие нешта укажуваат на зачудувачкиот факт дека старите ведски јасновидци пред 12.000 години знаеле за Овче Поле, за геоглифот, за Македонија! Поточно е дека “знаењата“ се однесени од овој дел на светот на Исток во периодот пред првото уништување (10.500г. пред.н.е.) на цивилизацијата МаКанда во вечната борба меѓу Синовите на Темнината против Синовите на Светлината, со цел да биде сочувано и скриено Светото знаење за Постанокот. Не само што е физички скриено во тајните места на Тибет, туку, пред се, е скриено со помош на разни “клучеви“, што сега се декодирани. Таков е всушност случајот и со самото име Македонија и името на Александар, (тие се кодирани и заштитени, со голема причина), а Александар и неговата цивилизациска мисија се дадени и запишани во Ведите илјадници години пред неговото реално постоење.
Ведските јасновидци знаеле дека за да ги преживее оштетувањата на времето, Светото знаење мора да се пренесува од колено на колено како жив пламен, исполнет со животен здив. Една од убавините на усното предание, карактеристично за македонската традиција, е што не зависи од интелектуалното разбирање на текстот што се пренесува. Зависи само од точното изговарање на светиот звук, односно од изустувањето на вибрацијата, која што во определен момент е „будечка нота“ за заклученото знаење. Затоа, во Веда семантичкиот одраз на словата(буквите) во вид на слика/знак е второстепен во однос на вибрацискиот, звучен одраз. Учениците кои поминуваат дваесетина години во изучување на ведскиот јазик, поголем дел од тоа време посветуваат на учење на звучниот изговор и на точната вибрација на буквите и зборовите.
Проучувачите на Веда спорат околу староста на Ведските записи, некои тврдат дека се стари 3000 г.пред н.е., некои 6000, 12000, но сите се согласни дека „најрано“ нивниот запис е направен околу 1500г.п.н.е. По овој период наваму се работи за индуска транскрипција на оригиналните Веди. Инаку, по првата катаклизма, всушност предизвикана од голема цивилизациска војна во која е употребено оружје со поголема разорна моќ дури и од нуклеарното, во периодот околу 10.500г. пред н.е., веќе е извесно дека дел од Пеластите кои живееле на овие простори навлегуваат и во Египет кадешто ги пренесуваат своите големи знаења. Затоа и Египетските и Ведските јасновидци имаат исти знаења и божественото КА, како тајно, духовно име на Господ е запишано во старите текстови и на двете традиции.
Канда, меѓу другото, во Веда значи стрелка, раководечки принцип, светилки, јаз,вода, свето место, јазол, главен, магистрален, недостаток на „лапис лазули“ односно недостаток на „син камен“. Ова е посебно интересно, зашто „синиот камен“, во мај 2013г. ни беше откриен во „македонското село“ Зулкарнај, Узбекистан, кадешто јас и Марина Дојчиновска ги сретнавме 150-тината последни Македонци кои за себе тврдат дека се потомци од најблиската свита на Александар Македонски и дека таму го чуваат неговиот гроб. Тие ни го покажаа „месечевиот бунар“ и „синиот камен“, кој има цврст изглед но кога ќе се допре станува белкаста зрнеста прашина. Конкретно, „лапис лазули“„ веќе не недостасува на Канда, а во метафизичка смисла не недостасувал и пред тоа бидејќи на само еден километар воздушна оддалеченост од Канда археолозите го открија древниот град Бела Зора, чие име на санскрит или ведски јазик е „бала суриа, или бала сириа“ и во превод значи токму Бела Зора, што е светлина. Сириа значи и сонце, а и во македонскиот јазик е поим за исток кадешто изгрева сонцето. Најинтересно од се е што еден од синонимите за „бала суриа“ е „лапис лазули“ што едновремено значи „светлина“. Оттука, во Веда имаме порака дека на Канда и треба светлина односно дека тој локалитет треба да биде откриен.
Канда и Бела Зора се една целина, а капитолите на столбовите во Бела Зора се украсени со приказ на самиот момент на Постанокот опишан во Веда, како мала јајцевидна, крушкаста форма што лежи на стилизиран цвет – пеон односно божур, обвиен од лево и од десно со стилизирано стебло и листови на божур. Овој мотив е најстариот македонски симбол и може да се најде и на други артефакти. Инаку, во Веда „пушкара„ значи „роден од божур„ а зборот „пундарика“ значи божур и изобилство божури. Изгледа неверојатно, но Пушкарница и Пударница се називи на околните места во подножјето на Канда, што месното население ги користи а не знае што значат. На англиски „пундарика“ се преведува како лотус, но ведските имиња за лотус освен „пушкара“ и „пундарика“ се и „кандотах“ (бел божур), кандота(темно син) и коканда(црвен) лотус поточно божур. Стилизираниот божур, всушност, е розетата од ливчиња што се наоѓа во центарот на македонското шеснаесеткрако знаме. Инаку, соѕвездието Плеада поради изгледот се опишува и како „космички цвет“.
Капитол во Бела Зора (VII век пред н.е.),во средината стилизација на божур со примордијалното “јајце“
Пеон е старо име за божур што се користело во делови на Источна Македонија, а бидејќи божур е „божји „ор“- озар“, не зачудува што античките автори значењето на името Пеони го даваат како „Синови на светлината“. Пеоните го почитувале Кандавон како принцип на светлината, олицетворен во сонце или светол соларен принцип. Според римски записи Пеонија се простирала од Алпите до Белото Море. Тука спаѓаат Па(е)нонија, Пе(лаг)онија, Пеорија на север од Халкидик. Некои антички автори го изедначуваат поимот Пеон со Пеор и велат дека тоа значи Синови на Светлината, што патем го има како значење и во Веда.
За Пеоните најпочитувани божества се Аполон и сестра му Артемида. Аполон во македонската митологија се поистоветува со Пеон, што Грците колку и да сакале да го избришат – не успеале. Пеон и Аполон е бог- исцелител. Грците подоцна Пеон го преименувале во Асклепион, како што всушност ја преправаат целата македонска историја за да не се следи правата трага. Инаку, Пеон е син на Атлас и П(л)еоне – што е името на седмата ѕвезда во соѕвездието Плеада. Трагите на вистината се неизбришливи, зашто кај манастирот Трескавец, Прилеп, има остатоци од храм посветен на Аполон и Артемида, од пред неколку милениуми. Релјеф на Артемида и Аполон покажува дека тие се исправени пред столб на кој стои претстава на „божествената пројава“ со мала јајцевидна, крушкаста форма. Патем, денес скулптура со “шишарка на столб“ се наоѓа пред влезот на Ватикан.
Аполон и Артемида (главните богови на Пеоните)
Слична таква структура способна да емитува специфична фреквенција се наоѓа под површината на геоглифот Канда кај Св.Николе. Тој е физички артефакт, но повеќе од тоа, тоа е запис што ни ја открива нашата длабока историја и потекло. Запис што ни го раскажува не само нашиот туку и човечкиот генезис. Тоа е македонско-ведски код на настанокот. Наша света должност е да ги тргнеме превезите што ни го затскриваат вистинското знаење и да придонесеме за идниот цивилизациски развој.
Емилија Александар Гелева
КАНДА – Македонскo-Ведски Клуч на Постанокот – Емилија Александар Гелева!
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут (еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!