БААЛтик, БААЛкан и НАВУХОдоносор (северен ток, јужен ток и гасовод исток-запад)
Големиот меѓународен метеж од епски размери, во кој малата и (сосема „случајно“ настаната) македонска држава, ни крива ни должна се најде на ветрометина со години се фокусира на два енергетски „потока“ – Северен и Јужен Тек. И двата се стратешки клучни за опстанокот и енегретската „независност“ на цела Европа и клучна за идната надмоќ, перспективи и однос на силите во ЕУ.
Но има и еден трет „поток“ кој го пресекува и се вкрстува со правецот север-југ и е директно насочен од Исток кон Запад. Ако БААЛ (Ваал) -тик или -кан е само метфорична асоцијација на библиски (старозаветни) мотиви, името на третиот „поток“ е НАБУКО или скратеното име (според операта на Џузепе Верди) на вавилонскиот цар Навуходоносор, со чие владеење се поврзани и пророштвата на Еремија и Данаил, и пропаста и поделбата на Вавилонското Царство за време на владеењето на неговиот син Валтазар (БаалТазар).
Ако ги погледнеме сликите со проекциите на рутите на „потоците“ и кои сѐ европски (и светски!) моќни држави и наши силни соседи ставиле по една рака на вентилите, тогаш многу малку надеж ќе ни остане за улогата која малата македонска држава може самостојно да ја има во една таква голема светска шема, во која нашите комшии, заедно со „големите“ без воопшто да не прашаат си цртаат карти и патокази.
Ова писание нема амбиција да биде никаква гео-политичка „анализа“ или толкување на библиски пророштва, туку само да поттикне на натамошно истражување и согледување (каде сме?!) во прилог на наше – *македонско идно позиционирање во комплексната „гужва на теренот“ која никако, гледано од ниту една перспектива, не ни оди во прилог на нашата историска визија за своја, целосно независна, суверена национална држава на Македонците, без прибирање (како мултикултурна граѓанска територија) во идни регионални шеми, балкански сојузи, конфедерации и федерации.
*На првата фоторафија – слика од Рембрант на познатото пророштво за царот (Бал)Валтазар, синот на Навуходоносор – МЕНЕ МЕНЕ ТЕКЕЛ УФАРСИН (или „Мани, Текел, Фарес“ – *македонски превод).
Другиот ден откако пророкот Данаил му го протолкувал („Измерен си на кантар и се најде многу лесен“) царот умрел, а царството (Вавилонско) му било поделено.
Благој Шаклевски
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут (еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!