Автор, Пепе Ескобар преку „Азија тајмс“. Додека Кино-Руско-Иранофобијата се распаѓа во санкции и хистерии, цртачите на мапи го изготвуваат пост-унилатералниот поредок.
И повторно играта ја водат дуото Николај Патрушев – Јанг Џиечи. Ова се двајцата клучни играчи кои ја водат геополитичката антанта и го кројат резултатот, во име на нивните шефови Владимир Путин и Кси Џинпинг.
Неделава Јанг Џиечи – директор на Кабинетот на Комисијата за надворешна работа на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија – го посетува секретарот на рускиот совет за безбедност Николај Патрушев во Москва. Тоа беше дел од 16-тиот круг на стратешко-безбедносни консултации Кина-Русија.
Она што е интригирачко ако Јанг-Патрушев се случи меѓу средбата Блинкен-Лавров на маргините на самитот на Арктичкиот совет во Рејкјавик и претстоечката средба на највисок ранг Путин-Бајден во Женева на 16 јуни (вејројатно во хотел Интеронтинентал каде што се сретаа Реган и Горбачов во 1985 година).
Западниот спин пред Путин-Бајден средбата е дека може да покаже некакво рекреирање на „предвидливост“ и „стабилност“ во споредба со сегашните турбо-бурни односи меѓу Русија и САД.
Тоа е неоствалива идеја. Путин, Патрушев и Лавров немаат илузии. Особено кога во Г7 во Лондон, на почетокот на мај, западниот фокус беше насочен кон „малигните активности“ на Русија, како и „присилните економски политики“ на Кина.
Руски и кинески аналитичари, во неформални разговори, се согласуваат дека Женева ќе остане уште еден пример на старата добра Кисинџерска подели и владеј тактика, ќе заврши со неколку заводливи тактики за да ја привлече Москва подалеку од Пекинг, во обид да се купи малку време и да се испитаат отворите за поставување геополитички стапици. Старите лисици како Јанг и Патрушев се повеќе од свесни за оваа игра.
Она што е најрелевантно е дека Јанг-Патрушев ги поставија темелите за претстојната посета на Путин на Кси во Пекинг недолго после Путин-Бајден во Женева – за да се изврши координирање геополитички, и уште еднаш, на „сеопфатното стратешко партнерство“, како што во меѓусебна соработка ја користат оваа терминологија.
Посетата може да се одржи на 1 јули, на 100-годишнината од постоењето на Кинеската комунистичка партија – или на 16 јули, на 20-годишнината од Кинеско-Рускиот договор за пријателство.
Така доаѓа дека Путин-Бајден е само предјадење додека Путин-Кси е главниот ручек.
А во меѓувреме чај за двајца, Путин-Лука.
Освен коментарот со „изблик на на емоции“ на рускиот претседател во одбрана на неговиот белоруски колега, чајот Путин-Лукашенко за двајца во Сочи додаде дополнително парче од сложувалката во врска со вонредното слетување на „РајанАир“ во Минск – во кој блогер од Белорусија за кого се тврди дека ги давал своите услуги на неонацистички баталјон Азов, кој вдеше војна против народните републики Доњецк и Луганск во украинскиот Донбас во 2014 година.
Лукашенко му рече на Путин дека „донел неколку документи за да може да се разбере што се случи“. Ништо не излегува од во врска со содржините на овие документи, но може и да стане жешка работа – поврзана со тоа што ЕУ воведе санкции против авиокомпаниите „Белавија“, иако превозот нема никаква врска со сагата „РајанАир“ – и потенцијално да стане тема во контекст на Путин-Бајден во Женева.
Големата слика е секогаш Евроазија наспроти атлантистички Запад. Колку што Вашингтон ќе продолжи да ја тера Европа – и Јапонија – да се оддалечат и од Кина и од Русија, Студената војна 2.0 на два фронта има се помалку заинтересирани корисници на кои може да им се продаде.
Рационалните играчи гледаат дека комбинираната научна, економска и воена моќ на 21-от век од стратешко партнерство Русија-Кина би била сосем друга игра во однос на глобалниот дострел во споредба со ерата на претходниот СССР / и железната завеса.
И кога зборувам за привлечноста за глобалниот југ и обидите за повторувања на Движењето на неврзаните (НАМ), објавувам дека владеењетона меѓународното право во ООН е попривлечно за глобалниот југ од поредок базиран на „правила“ врз основа „каде“ што само хегемонот ги поставува правилата.
Паралелно со недостигот на илузии од Москва за нова доверба со Вашингтон, ова уште повеќе важи и за Пекинг – ако го имате во предвид последниот излив на Курт Кембел, поранешен помошник државен секретар во Обама-Бајден 1,0 за источна Азија и Пацифик, кој сега е поставен како раководител на Индо-пацифички работи во Советот за национална безбедност под Обама-Бајден 3.0.
Кембел е вистински татко на концептот „стожер на Азија“ кога беше во Стејт департментот во раните 2010-ти – иако како што рече Хилари Клинтон, како државен секретар дека таа е актуелен автор на Стожер на Азија во 2016 година за време на претседателската на кампањата во САД, во есеј од октомври 2011 година.
На еден настан промовиран од Универзитетот Стенфорд оваа недела, Кембел рече: „Периодот што беше објавен како ангажман [со Кина] заврши“. На крајот на краиштата, „стожерот кон Азија“ никогаш не умре, бидејќи постоеше јасен континуитет Трамп-Бајден.
Кембел замаглуваше со зборови за „новиот пакет стратешки параметри“ и дека треба да се спротивстави на Кина со тоа што ќе работи со „сојузници, партнери и пријатели“. Тоа се глупости: се работи за обид за милитаризација на Индо-Пацификот.
Тоа е она што го Бајден потврди за време на првото обраќање на заедничката сесија на Конгресот на САД, кога се пофали дека му рекол на Кси дека САД „ќе го задржи силно присуството во Индо-Пацификот“, онака како НАТО во Европа.
Иранскиот фактор
На друга, но паралелна патека со Јанг-Патрушев, Иран е на прагот на значителна промената на насоката. Можеби ќе го видиме тоа како дел од зајакнување на Лакот на отпорот – кој ги поврзува Иран, Единиците за народна мобилизација во Ирак, Сирија, Хезболах, Хутите во Јемен и сега пообединетата Палестина.
На прокси војната во Сирија и беше преодреден спектакуларен пораз на воено-хушкачите. Не им ја донесе секуларната Сирија на тацна на еден куп вахабискитчки такфири (познати како „умерени бунтовници“). Тој не го спречи проширување на сферата на влијанието на Иран. Не го исфрли од колосек југозападниот дел на Азија на гранката на Новите Патишта на Свилата. Не го уништи Хезболах.
Се сеќавате на „Асад мора да замине“? Само сонувај; тој беше реизбран со 95% од сириските гласови, со излез од 78%.
Иранските претседателски избори на18 јуни – само два дена по Путин-Бајден – ќе се случат во време на кулминацијата на преговорите околу нуклеарниот договор во Виена за кој Техеран во неколку наврати изјави дека истече на 31 мај.
Ќор-сокакот е јасен. Во Виена, преку посредници од ЕУ, Вашингтон се согласува да ги симне санкциите за иранската нафта, петрохемикалиите и за централната банка, но не сака да ги отстрани санкциите од лица како членовите на Исламската револуционерна гарда.
Во исто време, во Техеран, се случи нешто многу интригирачко со Али Лариџани, поранешен спикер на парламентот, амбициозен член на познато семејство, чија кандидатура за претседател беше отфрлена. Ларијани веднаш ја прифати одлуката . Како што ми рекоа во Техеран, тоа се случи без кавги, бидејќи му било објаснето дека се очекуваат големи промени.
Како што сега стојат работите, скоро неизбежен победник на 18 јуни се чини дека е Ебрахим Раиси, до сега судија – и близок до револуционерната гарда. Значи има можност Иран да ја напушти меѓународната агенција за атомска енергија – и тоа значи дека е крај на Заедничкиот сеопфатен план за акција на САД како што знаевме, и со непредвидени последици. (Од гледна точка на револуционерната гарда, JCPOA е веќе мртва).
Дополнителен фактор што Иран го чувствува е страдањето од голема суша – кога летото и се уште не е пристигнато. Електричната мрежа ќе биде под огромен притисок. Браните се празни – затоа е невозможно да се поткрепи на хидроелектричната енергија. Притисокот ќе расте Иран да добие нуклеарна енергија.
Ние не ни треба кристална топка за да видиме на кој начин ветрот дува кога станува збор за првите три “егзистенцијални закани” на опаѓањето на хегемон – Русија, Кина и Иран. Она што е јасно е дека ниту еден од “старите добри методи” за одржување на потчинувањето на вазалите веќе не работи – барем кога се соочува со вистински суверени сили. Додека Сино-Русо-Иранофобијата се раствора во магла од санкции и хистерија, цртачите на карти како Јанг Џиечи и Николај Патрушев неуморно го кројат пост-унилатералниот поредок.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут ( еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!