Геоглифот кај Св. Николе кој се гледа од небо наликувајќи на буквата М или на трикратна стрелка, со ориентација север-југ, на височинка во тркалеста форма со димензии од околу 85 на 45 метри, датира од периодот 10.500 години пред новата ера и под него се наоѓа врвна технологија оставена од некогашната развиена цивилизација. Таа технологија, оставена во срцето на древна Пеонија, со посебната вибрација што ја емитува не поврзува со соѕвездието Плеада и има благопријатно дејство на околината, тврди познатата поранешна новинарка, Емилија Гелева. Ова е резултат на нејзиното повеќегодишно мултидисциплинарно истражување на древните вистини за Македонија што ќе биде презентирано во книгата што е во подготовка.
Канда, како што месното население го нарекува овој локалитет, како и многу други стари називи од топонимијата на Овче Поле (Пробата), и од поширокиот регион на некогашна Пеонија, се запишани во “Светото знаење“ дадено во Ведите. Нивното значење ја открива најдлабоката македонска историја поврзана со почетоците на цивилизацијата, како и кодираното значење на зборот Македонија. Археоакустичните мерења, направени во два наврата минатата година од странски стручњаци, потврдуваат дека се работи за „вештачка структура“ што се разликува од околната – природна. И на неколку други места во светот се забележани подземни структури што имаат нешто заедничко со локалитетот Канда, но ниту едно не е запишано во Веда, и само Канда на површината го има знакот М што е знак и вибрација за точката на пројавувањето на Господ, кој првично се манифестира во мала јајцевидна форма голема колку палец што лебди на цвет од божур(лотус) во примордијалното космичко пространство.
Во старите египетски записи се наведува дека има седум подземни локации низ светот кои во структурата имаат столб на чиј врв се наоѓа јајцевиден камен што се нарекува свет, син, филозофски итн. Каменот е важен поради неговите алхемиски својства со вибрациите што ги дава. Тој камен има навидум цврста структура, но во суштина при допир се претвора во ситно зрнеста пудра или прашина. Се разбира и столбот не е обичен, туку е еден вид калем преку кој се емитираат вибрации, а во Египет е познат како „џед“. Инаку, и Никола Тесла споменува дека човештвото треба да го користи знаењето во Веда, од кадешто и тој црпел информации за своите огромни достигнувања.
Местото Канда, судејќи по се, е централно во системот на седум слични места, бидејќи ведските јасновидци тврдат дека манифестацијата на постоењето, настанува низ симболот и вибрацијата на буквата М. Вибрационите формули во Веда познати како мантри, говорат за „космичкиот шум“ Ммм, брум што може да се наслушне од вселената со нашата отворена свесност, и ведските учители велат дека низ вибрацијата Ммм, бесконечното Ааа се сублимира во „точка“ М низ која се манифестира конечното, односно се пројавува Постанокот. Оттука, во најважната ведска мантра од четири збора, Ммм го има во двата – аомммм и хаммм, како најважна вибрација. Инаку, во ведската азбука буквите се изразуваат како дихтонзи: КА, ЛА, МА итн. Затоа, буквата М е М но и МА.
Оттука, МаКанда е кодираното име за Маке(н)донија и значи Пројавување на светлината. Александар во Веда е Сканда, а како што гледаме Сканда се содржи анаграмски и во Алек(с)андар. Името на жената на Сканда е Рокана која што тој ја ожени во градот Ма(ра)канда. Ова ни укажува дека Александар Македонски, кој бил просветлен, знаел дека Роксана од Бактрија и припаѓа на белата, светла раса која од овие простори 10.000г. пред него се имаше населено на делови од територијата на Централна Азија. Според ведската митологија Сканда, како мало дете, е хранет од шесте дадилки, нимфи на Кртика, што на Запад е соѕвездието Плеада. Инаку, Пеон (бог исцелител на Пеоните) е син на Атлас и П(л)еоне која е седмата ѕвезда во Плеада.
Лингвистичката споредбена анализа на топонимијата и ведските записи го покажува длабокото метафизичко и скриено(езотерично) значење на зборот и месноста Канда, и на поширокиот регион познат како Пеонија. Се работи за мултидисциплинарно истражување и оригинални откритија за важноста, староста, пошироката поврзаност на ова исклучително древно место кое ја открива длабоката историја на Пеоните и Македонија, но и на светот. Проучувањето укажува на непобитна поврзаност со светогледот на Веда, како засега најстар пишан систем на знаења во човековата цивилизација, во кој постои запис за местото Канда, како и за топонимијата и зборови што се сметаат за стари имиња во Пробата (Овче Поле)и пошироко, што месното население ги зачувало и ги памети, но не знае точно да го објасни нивното значење. Пробата, на пример, значи “врзан со Господ“. Килисели – правото име на Св. Николе значи место на цркви, а црквите се енергетски точки односно чакри. Бригите, кои се дел од древните народи што живееле на територијата на денешна Македонија, во Веда се првите луѓе од „централниот регион“ создадени од Ману, кој е првиот човек што Господ го еманирал со задача да ги создаде првите десет народи во светот.
Значи, целта не ни е да докажуваме дека има многу зборови кои се идентични со ведските, тоа е веќе сосема јасно, зашто не само словенските туку и другите европски јазици наоѓаат многу сличности и тврдат дека ведскиот јазик е коренот на нивните јазици. Ние говориме за идентичност на топонимија, на пример, еден од многуте зборови за „вода“ е „вардара“- Вардар е најголемата река што тече низ денешна Македонија, името на стариот пат Кандаваки низ древна Македонија, по кој одел и Александар Македонски, а подоцна од римјаните преименуван во Егнатиа, на санскрит значи “Патот на светлината”. Или, патот што низ Овче Поле водел кон североисток во многу дамнешни времиња го викале П(а)уталија, а водел до Па(у)талија, што е правото име на денешен Ќустендил во Пиринска Македонија. Инаку, Александар Македонски го изградил градот Патала на југот на индускиот брег, а денес најсветиот храм на Тибет е Патала или “Белиот храм”. Поимот „словен“ во својот корен го има ведското „вен, вена“ што значи, централно, главно,сонце, и едновремено значи и “составувач на Веда“, па оттука Словените, генерално, се ведски народи. Познато е дека зборот веда денес најчесто се преведува како“знаење“, но во речникот на македонскиот јазик, како и во Ведските записи, неговото прво значење е „просветлување, молња“, зашто нема знаење без миговно, секавично просветлување. Оттука, Словен значи “вед“, просветлен или оној „со знаење“.
Емилија Александар Гелева
Продолжува.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут ( еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!