Киев, 10 мај 2021 година. Соединетите држави сметаат дека политичката интервенција за создавање на расколничка „Православната црква на Украина“ (ПЦУ) е нивно достигнување, признава поранешниот украински амбасадор во САД.
Иако централната улога на САД е отворено признаена неколку пати, вклучително и од архиереите на расколничката ПЦУ и американските дипломати, непријателите на православието во Украина продолжуваат да го негираат овој факт, обидувајќи се да ги обојат информациите како „руска пропаганда“, дури и кога доаѓаат од устите на Украинците кои ја презираат Русија и канонската украинска православна црква.
Валериј Чали беше украински амбасадор во САД од 2015 до 2019 година, за време на периодот кога патријархот Вартоломеј и украинската и американската влада ја нападнаа вистинксата украинска православана црква и ја создадоа ПЦУ. Чали минатата недела отворено зборуваше за улогата на САД во создавањето на ПЦУна украинската телевизија.
„За американската страна – патем, ова можеби не беше познато во Кабинетот на претседателот – клучна надворешно-политичка тема беше прашањето за кршење на Руско-Украинската вековна црква со поддршка на нашите партнери “, рече Чали во етерот на Пријамиј, пренесува веб-страницата на каналот.
Интервенцијата на Америка не беше нешто за што дипломатот можеше да зборува јавно порано. Во јануари, поранешниот државен секретар Мајк Помпео исто така отворено призна дека САД активно вршат притисок врз православните цркви да ја признаат ПЦУ. „Преземавме активности на многу фронтови со Русија“, порача Помпео на Твитер, „Обезбедував САД да го поддржуваат меѓународното признавање на расколничката Православна Црква на Украина, за да избега од руското влијание“.
Во јуни 2019 година, Макари Малетич, кој раководеше со расколничката „Украинска автокефална православна црква“, една од двете групи што беа распуштени во новата ПЦУ, призна дека Патријархот Вартоломеј дејствувал во Украина затоа што знаел дека ја поддржува САД и другите западни сили.
„Не само дипломатите на САД, Велика Британија, Франција и Германија, кои беа заинтересирани за црквата” рече тој, … Ако Вселенскиот патријарх немаше видено поддршка (читај притисок за да си ја врши ЦИАшката должност) во водечките држави во светот, тој немаше да го стори ова“.
Патријархот Вартоломеј во повеќе наврати негираше дека политиката има некаква улога во неговото содавање раскол во дотогашната Украинска црква, иако голем број православни архиереи јавно проговориле за улогата на Америка.
Нема вистинска надеж дека ситуацијата ќе се подобри под времето на претседателот Бајден, за кого се знае дека извршил притисок врз Ерусалимскиот патријарх да ги признае расколниците и се прогласува за голем сојузник на Цариградската патријаршија.
Самиот државен секретар на Бајден, Антониј Блинкен, беше во Киев минатата недела, каде се состана со Думенко, лажниот митрополит кој раководи со расколничката ПЦУ. Тој е единствениот верски водач со кој се состанал секретарот.
Според соопштението на ПЦУ, двајцата разговарале за „важноста од отстранување на вештачки пречки при утврдување на припадност на заедниците“, што значи дека разговарале за „трансферот“ на парохиите од канонската украинска Православна црква до расколничката ПЦУ, што во реалноста во моментов се случува со незаконско и насилно заземање на црквите.
Цариградскиот патријарх Вартоломеј никогаш не коментирал за насилството извршено врз епископите, свештениците, монаштвото, постарите жени и мажи верници од страна на неговите партнери во ПЦУ, заклучува OrthodoxChristianNews.
https://kolozeg.info/2020/11/03/вартоломеј-слуга-на-ватикан-вашингто/
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут ( еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!