Во своите написи
„Одлучив дека можам да живеам со тоа“ – рече Стансфилд Тарнер, директор на ЦИА на Џими Картер, за екстремно високото ниво на цивилни жртви и смрт и таму и во Авганистан и во САД со кои резултира денециската тајна војна на ЦИА во Авганистан и нејзиното организирање на извозот на дрога во самата САД каде убива десетици илјади и американци но и жртви низ цел свет.
Во своето обемно истражување – Пленот на војната: трговија со хероин во Авганистан од милијарди долари, проф. Мишел Чосудовски ја открива скриената агенда на Џо Бајден во Авганистан која е: Одржувајте ја трговијата со дрога. Широко е познато дека американската криза со опиоиди е предизвикана од извозот на хероин надвор од Авганистан. Од инвазијата во 2001 година на американско-НАТО силите на Авганистан, бројот на корисници на дрога во САД до 2016 година е зголемен на 4.500.000 (2.5 милиони зависници од херои и 2 милиони обични корисници). Во 2020 година, смртта од опиоиди од дрога во САД е зголемена за три пати. Тоа се големи пари и тука се вклучени и големите фармацевтски компании (види подолу).
Криминализација на надворешната политика на САД
Надворешната политика на САД го поддржува работењето на просперитетна криминална економија во која разграничувањето помеѓу организираниот капитал и организираниот криминал станува се повеќе нејасно. Донесувањето на одлуките на Стејт департментот на САД, ЦИА и Пентагон е клучно за поддршка на оваа монструозна профитабилна трговија од повеќе милијарди години, која е трета според вредноста после трговијата со нафта и електроника
Трговијата со хероин беше и е еден од клучните делови од агендата на војната во Авганистан подржани од моќните финансиски интереси кои се заинтересирани за наркотиците кои се потекнуваат од најголемите региони на дрога во светот вклучувајќи ја Златната полумесечина и Андскиот регион на Јужна Америка (под т.н. Андска иницијатива).
Покрај најавата на претседателот Бајден за повлекување на американските трупи, трговијата со опиум во Авганистан продолжува да биде заштитена од приватните платеници, како и од окупационите сили на САД и НАТО во име на моќните финансиски интереси.
Во голема иронија, фармацевската корпорација Џонсон и Џонсон, кој сега ја турка својата “експериментална” вакцина против КОВИД-19, се случува да биде главен производител на опиоиди и убиец во светот.
Во ноември 2020 година “беше постигната привремена спогодба во вредност од огромни 26 милијарди долари меѓу Џонсон Џонсон ои градови низ Америка кои ја тужеа Џонсон и Џонсон како дистрибутер на нови опиоиди”.
Овој тужбен судски процес беше „најголем федерален судски случај во американската историја“. Тоа е совпадна со почетокот на иницијативата за Ковид вакцини на почетокот на ноември 2020 година. (За повеќе детали, погледнете ја е -книгата на Мишел Чосудовски , Поглавје VI ).
Според Вашингтон пост: „Џонсон и Џонсон“ како дистрибутер на „Големата тројка“ Мекесон, Карданал Хелт и Америсурс Берген, носи голема мерка законска вина за помагање да се развие кризата со зависноста од дрога која однесе повеќе од 70 000 животи во Америка.
Авганистан се покажа како успешна кампања и за ЦИА и за Министерството за одбрана, блескава офанзива во која беа испратени бранови на доверливи и послушни новинари за да го оправдаат смешното тврдење на САД дека се под воена закана. Бидејќи ЦИА уште во времето на Картер ја зголеми поддршката за муџахедините (буџетот на ЦИА за Авганистан конечно достигна 3,2 милијарди долари, најскапата тајна операција во нејзината историја), членот на Стратешкиот совет на Белата куќа за злоупотреба на дрога, Дејвид Мусто, ја извести администрацијата дека одлуката за вооружување на муџахедините ќе биде погрешна: „Му реков на Советот дека одиме во Авганистан за да ги поддржиме производителите на опиум во бунтот против Советите. Зар не треба да се обидуваме да го избегнеме она што го сторивме во Лаос? Зар не треба да се обидуваме да им плаќаме на лозарите за да го искоренат производството на опиум? Завладеа мртва тишина“.
По издавањето на ова предупредување, Мусто и неговиот колега во советот, Џојс Ловинсон, продолжија да ја доведуваат во прашање политиката на САД, но откриле дека нивните прашања биле блокирани од ЦИА и Стејт департментот. Фрустрирани, тие потоа се свртеа кон јавноста со објавениот напис во Њујорк Тајмс и на 22 мај 1980 година каде напишаа: “Дали грешиме што се спријателивме со овие племиња како што направивме во Лаос кога Ер Америка (изнајмен од Централната разузнавачка агенција ЦИА) транспорираше во САД суров опиум од одредени племенски области?“ Но, Мусто и Ловинсон уште еднаш се сретнаа со тишина, не само од администрацијата, туку и од печатот. Беше ерес да се доведе во прашање тајната интервенција во Авганистан.
Подоцна во 1980 година, Хог Левинс, новинар на списанието „Филаделфија“, интервјуираше човек што го идентификуваше како „висок“ службеник за спроведување на законот во Министерството за правда на администрацијата на Картер и го цитираше: Прашањето за опиум и хероин во Авганистан е експлозивно… Во говорот до нацијата, претседателот спомна злоупотреба на дрога, но тој беше многу внимателен да избегне споменување на Авганистан, иако Авганистан е местото каде што навистина се случуваат работите во моментов… Зошто не гледаме покритично кон испраќањето на оружје до банди на нарко-трговци кои очигледно ќе ги користат за да ја зголемат ефикасноста на нивната операција за шверц на дрога? “
САД беше многу свесна дека бунтовниците муџахедини беа длабоко вклучени во трговијата со опиум. Извештаите на агенцијата за лекови во 1980 година покажаа дека упадите на авганистанските бунтовници од нивните бази во Пакистан на позициите што ги држеше Советскиот Сојуз беа „делумно определени со сезоните на садење опиум и неговата берба“. Бројките беа остри и предупредувачки. Производството на опиум во Авганистан за време на акцијата на подршка на ЦИА се зголеми тројно во периодот од 1979 до 1982 година. Имаше докази дека до 1981 година авганистанските производители на хероин зазедоа 60 проценти од пазарот на хероин во Западна Европа и САД (ова се бројки на ООН и ДЕА).
Во 1971 година, во екот на вмешаноста на ЦИА во Лаос, во Соединетите држави имало околу 500.000 зависници од хероин. По Лаос во средината и до крајот на 1970-тите, овој број забележа пад на 200.000. Но, во 1981 година со новата поплава на авганистански хероин и како последица на тоа ниски цени, популацијата зависници од хероин во САД повторно се искачи на 450.000 за во 2016 да достигне стравични 4,5 милиони зависници! Само во Њујорк во 1979 година (година кога започна протокот на оружје кон муџахедините), смртноста од дрога поврзана со хероин се зголеми за 77 проценти. Единствените јавно признати американски жртви на авганистанските борбени полиња беа некои црни муслимани кои патуваа кон Хинду Куш за да се борат против САД во име на пророкот. Но, жртвите од наркотиците во САД од тајната војна на ЦИА, особено во градовите, кои броеја десетици илјади, останаа неважни, плус нераскажаната социјална болест и страдања.
Во февруари 1989 година, Михаил Горбачов ги повлече советските трупи од Авганистан и ги замоли САД да се согласат на ембарго за обезбедување оружје на која било од фракциите на авганистанските муџахедини, кои се подготвуваа за друга фаза на воена војна за контрола на земјата. Претседателот Буш одби, со што се обезбеди период на континуирана мизерија и ужас за повеќето Авганистанци.
Еден закон што е во спротивност со шеријатот и која талибанците немаат очигледен интерес да го променат е налогот на пророкот против алкохолот и дрогата. Но за продажба на другите народи тоа им е во ред. Всушност, талибанците ги повикаа своите авганистански земјоделци да го зголемат производството на опиум. Еден од талибанските водачи, „нарко-царот“ Абдул Рашид, истакна: „Ако се обидеме да го запреме ова [одгледување опиум], луѓето ќе бидат против нас“. До крајот на 1996 година, според ООН, авганистанското производство на опиум достигна 2.000 метрички тони. Околу 200.000 семејства во Авганистан работеле во трговија со опиум. Талибанците контролираа 96 проценти од целата авганистанска земја во одгледување опиум и воведоа данок на производство на опиум и патарина на камиони што превезуваа земјоделски култури.
Во 1997 година, еден авганистански земјоделец на опиум даде ироничен одговор на Џими Картер за тоа дали да се користи нуклеарно оружје како дел од одговорот на советската инвазија на Авганистан во 1979 година. Амхуд Гул изјави за новинар од Вашингтон пост: опиумот што го извезуваме е нашата атомска бомба за вас“. Интервенцијата на ЦИА уште еднаш си ја одработи својата крвава должност. Така, Авганистан, според програмата за контрола на дрогата на ООН, е број еден снабдувач на суров опиум во светот. Белешка: Ова се само делови од пообемната приказната објавени во „CounterPunch“,„а една нејзина верзија заврши како поглавје во нашата книга Вајт аут: ЦИА, дрога и медуиуми.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут ( еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!