Нуклеарната бомба е подготвена: Наскоро во Италија. Американските авиони носат Б61-12 нуклеарни боеви глави со 4 „изборни опции на моќност“, што ја прави евентуалната нуклеарна војна со послаби нуклеарни опции посварлива за продавање на ионака непрашани за ништо народни маси, пишува Манлио Динучи за Глобално Истражување. Додека чекаме да го прочитаме одговорот на Италијанската влада зошто со ова ги прекршува конвенциите за нуклеарно оружје од 1975 и спогодбата во ООн од 2021 на кои е потписник, во САД се извршуваат последните тестови за бомби и нуклеарките ќе пристигнат и веќе ќе бидат поставени под нашите нозе, доведувајќи не во огромна неконтролирана опасност, пишува Манлио Динучи во написот објавен на италијански јазик во „Ил манифесто“.
Видеото објавено на 23 ноември 2020 година од Националните лаборатории Сандиа, покажува како американски ловец Ф-35А од 3000 метри надморска височина, лансира нуклеарна бомба Б61-12 (овој пат опремена со не-нуклеарна боева глава). Тестот беше извршен на 25 август на стрелиштето Тонопах во пустината Невада.
Официјалното соопштение го потврди тестирањето. Б61-12 има нуклеарна боева глава со четири изборни опции на детонации при лансирање во зависност од целта што треба да се погоди. Програмата на Пентагон предвидува производство на околу петстотини Б61-12 со проценет трошок од приближно 10 милијарди долари (така што секоја бомба ќе чини двојно повеќе отколку што би чинела кога би била изградена целосно од злато).
Официјално е објавено дека производството на новите серии на нуклеарни бомби ќе започне во фискалната 2022 година, почнувајќи од 1 октомври 2021 година. Непознат е бројот на бомби Б61-12 што САД ќе ги постават во Италија, Германија, Белгија и Холандија за да ги заменат Б61-ите, чиј вистински број и сега е таен.
Сателитските фотографии покажуваат обновувања извршени во базите Авиано и Геди во рамките на подготовките за пристигнувањето на новите нуклеарни бомби. Ф-35А авионите на американското воено воздухопловство и Ф-35А на италијанското воено воздухопловство ќе бидат вооружени со овие бомби. Во како вид на ситуација ќе се вклучи Италија, откако авионите Ф-35А, подготвени за нуклеарен напад со бомби Б61-12, ќе бидат распоредени на италијанска територија, е лесно предвидливо.
Како напредна база на нуклеарно распоредување на САД во Европа насочена главно против Русија, Италија ќе биде во сè поопасна ситуација. Ќе зависи се посилно од стратешките одлуки на Вашингтон кои вклучуваат политички и економски избори на сметка на нашиот суверенитет и нашите сопствени национални интереси.
Според плановите, Италија ќе мора да ги зголеми воените трошоци од сегашните 26 милијарди на 36 милијарди евра годишно. , Над 60 милијарди ќе бидат доделени за воени цели од Министерството за економски развој и ќе се извлечат (плус камати) од Фондот за обновување и ќе се додадат на претходниот износ. Со ова Италија ќе го прекрши дури и повеќе отколку претходно, Договорот за спречување на распространување на нуклеарно оружје од 1975 година кога се обврза „да не прима нуклеарно оружје од никого или да има контрола над ова оружје, директно или индиректно“.
Италија со ова уште посилно ќе го прекрши и неодамнешниот Договор на ООН за укинување на нуклеарното оружје, во кој се вели: „Секоја држава-членка што има нуклеарно оружје на својата територија, во сопственост или под контрола на друга држава, мора да обезбеди брзо отстранување на таквото оружје“. Фрлајќи камен во застојаната вода на парламентот кој молчи на оваа тема, пратеничката Сара Куниал постави прашање за писмен одговор до премиерот и министрите за одбрана и за надворешни работи.
Откако ги обелодени гореспоменатите факти, пратеничкото прашање на Сара Куниал цитира „дали Владата има намера да го почитува Договорот за неширење на нуклеарно оружје, ратификуван од Италија во 1975 година; дали владата има намера да го потпише и ратификува Договорот на ООН за укинување на нуклеарното оружје, што стапува на сила во 2021 година; дали владата има намера да обезбеди, врз основа на утврдувањето на овие договори, САД веднаш да го отстранат нуклеарно оружје од италијанската територија и да се откажат од инсталирање на новите бомби Б61-12 и друго нуклеарно оружје? “
Додека чекаме да го прочитаме одговорот на владата, во САД се извршуваат последните тестови за бомби и нуклеарките ќе пристигнат и ќе бидат поставени под нашите нозе, пишува Манлио Динучи во написот објавен на италијански јазик во „Ил манифесто“.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут ( еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!