Со собирање војска околу Украина, Путин даде до знаење дека украинскиот напад врз Донбас ќе биде прилично а и сигурно катастрофален за неа, дури и крајно ризичен за нејзината понатамошно постоење и државност.
Украинската власт би можела да одговори со тоа што без разлика на се ќе тргне на Донбас. И онака ги помина изминатите неколку месеци мобилизирајќи ги своите трупи, и ако не тргне напред ќе ги фрустрира своите агресивни националисти.
Во таков момент, Русија ќе се појави – да го брани Донбас и да ги отфрли назад Украинците. За Украина тоа ќе значи и ставање крај на Северен Тек 2, и ќе има уште еден редовен бран ма санкции (иако нивното влијание сега е веќе незабележливо).
Русија може да одговори со полн напад преку Харков и Крим за да ги отсече украинските формации околу Донбас, а од Крим да тргне на Одеса, па дури и оо Брјанск да навлезе накај Суми а од Белорусија директно на Киев.
Или пак Русија може да се повлече и да им овозможи на Украинците да го освојат Донбас со што ќе се сруши кредибилитетот на Русија, со фокус последователно на губење и на Крим и предизвикување силно внатрешно спротивставување на Путин од страна на Рускитте патриоти. Ова би било најдобро сценарио за Украина и Западот. Но, малку е веројатно да се случи – и Украинците веројатно го сфаќаат тоа.
Идеално сценарио за Русија би било задржување и комплетирање на Северен Тек 2, што би имало споредна корист од лишување на Украина од 3 милијарди долари годишно и стратешката транзитна важност (нејзиниот воен буџет е 5 милијарди долари годишно, а БДП-то 150 милијарди долари). Во тој момент, Зеленски би морал да направи избор помеѓу пиштоли и путер, бидејќи се претпоставува дека шпекулациите за постмајдански економски бум во Украина се урна како кула од карти, како што покажува статистиката. (н.з. Слично како инвеститорите кои нели само чекаа да дојдат предавници на власт и ќе гргнеле во Македонија, а останаа само предавниците и урнатата економија и голиот народ).
САД повторно ја искористија Украина за дополнително да ги затегнат односите меѓу Русија и Западот до крајната точка на разбивање (се чини дека приведување руски шпиони стана хоби меѓу прозападните влади од Црна Гора и Бугарија до Чешка). Повторно, на Русија не и ни требаат особено добри односи со нив. Тие се неинтересни од гледна точка на трговија или трансфер на технологија. Дека некои нафатирани Руси, многумина од нив либерали кои се противат на Путин, купуваат имот во Прага, не ја прави Чешка важна за Русија (чешките заблуди настрана).
Така што Зеленски сега навистина нема добри опции. Тој сè уште може да го нападне Донбас, и навистина, инцидентите на украински гранатирања на Доњецк се зголеми веднаш по објавувањето на крајот на руските „вежби“ и веќе однесе повеќе цивилни животи меѓу кои и 5 годишно дете.
Тој може да се повлече. Но, тогаш тој би се соочил со предизвици од националистички. А дојде и буџетската криза поврзана со губењето на приходи од гас, и следуваат некои тешки избори, помеѓу пиштоли и путер.
Освен ако не да генерира економски раст во стилот на источно Азиски-тигар, украинската воена моќ во однос на рускиот веројатно достигнува врв во овие рани 2020-ти и натаму само ќе опаѓа. Ефтина монтажна работа за германски фирми (која дури и Полјаците ја одбегнуваат) нема да генерираат таков вид на економски раст. Русија има внатрешни економија на обем и технолошки кластери кои Украина не е во позиција да ги реплицира.
Додека Украина ги добие своите домашни самопрајски Бајрактари, Русија ќе има беспилотни летала „Охотник“ кои можат да ги избришат од небото. Не помалку важно, во меѓувреме Кина дополнително ќе ја ефектуира својата зголемена релативна моќ кон САД, а прашањето за Тајван ќе ги развлече американците на многу страни. САД која од крајот на Студената војна стабилно се позиционираат како непријател на Русија, ја чека бескрајна жестокоста со која, руските власти ќе се разборчуваат со САД точно во моментот кога американците ќе се заглават во тензии и кризи во Пацификот, заклучува аналитичарот Анатоли Карлин.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут ( еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!