6 Милиони Работни Места низ ЕУ се Збришани од Првиот Бран на Ковид19 – Студија!
Сподели на социјалните платформи:
Првиот бран на пандемијата „Ковид“ елиминира шест милиони работни места низ ЕУ, особено врз секторите во кои доминираат привремени изведувачи, млади луѓе и вработени жени, според студијата спроведена од агенција на ЕУ. Еурофаунд сугерираше дека наодите покажуваат ризик од создавање на уште една „изгубена генерација“ откако „помладите работници доживеале најостар пад на вработувањето“, со околу две третини со изгубена работа млади луѓе на возраст до 25 години.

Eurofound, кој работи на обезбедување информации во ЕУ за помогање во создавањето на социјални политики и вработувања, го испита влијанието што го имала пандемијата, и наодите покажуваат дека заклучувањето нанесе повеќе штета отколку финансиската криза од 2008-9 година.

Додека студијата покажа дека способноста за работа од дома и поддршката обезбедена од владите низ блокот помогнаа да се заштитат некои работни места, исто така се забележува дека некои работници стануваат неактивни во својата професионална кариера, наместо да бидат факторизирани во статистиката за невработеност.

„На 12 месеци пред пролетта 2020 година, вработувањето во ЕУ и онака опадна за 2,4%“ , открива студијата, додавајќи дека овие нови изгубени места се плус од оние дотогаш изгубени од самата економска криза пред Ковид..

Во истражувањето исто така се изрази загриженост во врска со потенцијалното влошување на постојната нееднаквост, бидејќи работните места кои веројатно ќе бидат заштитени со далечинско работење во урбани средини, најверојатно ќе бидат оние работни места на подобро образовани работници.

Најтешко погодени беа Шпанија, Франција, Италија, Полска и Грција. Статистиката во Холандија претходно објави дека првиот бран на контаминација минатата пролет предизвика 173 000 луѓе во Холандија да останат без работа.

 

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или директну преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар