2000 година Бранко Црвенковски мавташе со разузнавачки материјали, година дена подоцна војна и рамковен за нас, премиерски и претседателски мандат за него. 2015 година Зоран Заев мавташе со разузнавачки материјали, за нас уништена држава и идентитет, за него милијарди 2020/21 Љупчо Палевски-Палјачо мавта со разузнавачки материјали . . .
Плукнат на татко му, велеа нашите стари, абе ист ко него, така збори така се однесува, со исти луѓе се дружи, за исти работи се интересира… За разлика од оваа архаично, здраворазумско, народно толкување на генетските линии кај поколенијата, современата наука татковството го докажува со генетските отпечатоци преку лабараториски анализи.
Ако треба да извлечеме една од најбитните заеднички карактеристики за сите досегашни владеачки гарнитури во Македонија, тоа е се разбира непотизмот, односно појавата на неосновано и незаконско стекнување со државни функции преку блиски роднински врски.
Освен фаворизирањето на своите роднини, јас тука би ги опфатил и партиските слепопослушници, односно неспособни ликови, кои освен од државни јасли, не се способни да преживеат од ништо друго, па со својата слепа послушност кон своите партиски шефови, по секоја цена се обидуваат да дојдат до државна работа, се разбира без ден работно искуство било каде и со било што. Тоа се политичките деца, кои освен биолошките, се вклучени во непотистичката историја на Македонија.
Па така, ако добро размислиме и се присетиме на „владеењето“ на лицето БЦ, прво нешто на што ќе ни текне, се приватизацијата преку големата грабатизација на народот и народниот имот и се разбира објавениот и никогаш завршен лов на октоподот.
Имено, БЦ во времето на своето владеење, а по налог од надворешните ментори за уништување на македонската индустрија, создаде идеални услови за грабеж на народот, ги пушти своите партиски избраници (политички деца) да крадат, и откако ги соголија народот и државата, ги пушти истражните органи да соберат докази за истиот овој грабеж.
Се работи за материјали од македонските безбедносни служби, кои наместо да ги даде на судската власт, тој ги напика во своите фиоки и веројатно до ден денешен ги користи за свои лични потреби за рекет и криминално политичко моделирање на македонското општество. Со истите тие/такви материјали, а преку т.н. Големо уво, афера од 2000 година, тој ја сруши владата на дпне и повторно во 2002 се врати на власт.
Да токму така, злоупотребата на безбедносните служби за остварување на криминално- политички активности не ја измисли Заев, туку неговиот политички татко БЦ, односно криминално политичка структура која веројатно стои и зад него, но бидејќи тој е првиот видлив извршител, методологијата можеме да ја означиме со неговото име, а сите кои ја користат истата методологија, ресурси и остваруваат исти цели, по народното толкување се плукнати на него, односно негови политички деца. Во исчекување сме и науката да го потврди тоа, а до тогаш ќе го слушаме здравиот разум и вековниот народен ум.
За Заев и бомбите веќе сите знаете како со сечи лепи вадење од контекст направи една извртена политичка реалност, типичен пример монтажата за Мартин Нешковски, како и за масакрот од Смилковско езеро, ќе бидам досаден да пишувам за тоа. Ефектите од владеењето на БЦ и неговите политички деца сите ги знаеме и чувствуваме на своја кожа.
Мотивот за ова копање по археолошките политички наоѓалишта на македонска почва, е да го предупредам народот дека се спрема уште едно поколение за превземање на власта, се разбира од БЦ династијата и нормално повторно со материјали од безбедносните служби.
Скоро 4 години повторно на политичката сцена гледаме едно од политичките деца на БЦ, како мавта со материјали од безбедносните служби, демек се обидува нешто да направи за народот и секогаш во последен момент го спречуваат, демек од власта против која се бори. Она што успешно за сега го прави, е театарот за народот со сечи, лепи, допиши на писанија кои наводно се сѐ уште активни досиеа од безбедносните служби, а со краен ефект контрола и превземање на нов народен, неконтролиран од политичката мафија, политички субјект, за кој народот гладува со децении, а се тарекува трета политичка опција во Македонија. Лесно ќе го препознаете, него го промовираа во ист стил, со истурање на бои, како и шарените соросоиди. Сега се спремаат нови бомби од фиоката на БЦ, старо/нови шарени фаци за нова шарена револуција, нови политички фаци, но сите тие се проклето плукнати на БЦ. Леб од нив нема, само мака, како и до сега.
За жал, овој генетски отпечаток на непотизам случајно или не, на големо се препознава и во дпне. На почетокот промовирана и реално креирана како народна партија, тогашната вмро-дпмне, имаше историска шанса да биде спасителот на македонскиот народ. Но наместо тоа, тие се претворија во кланица за искрени патриоти, инкубатор за непотизам и отскочна даска за кариеристи, голем дел и со докажана комуњарска генетика. Школски пример е и сегашниов нивен лидер, кој професорското столче си го добил како „наследство“, како може од ваков „лидер“ да се очекува спас од овој маѓепсан непотистички круг?
Каде е излезот од сето ова? Неизлегување на избори, се додека не се појават вистински народни стручни и чесни кадри на листите, има и такви во двете непотистички дувла, но се маргинализирани, а за да се најдат на листите потребно е заедно со малкуте чесни членови и под притисок на народот да се изборат за тоа. Неизлегување на избори се додека тие се организитаат по овој изборен модел скроен за фашистичко изживување врз македонскиот народ. Неизлегување на избори се додека на политичката сцена дефилираат децата на БЦ и сите оние со непотистички манири. Бојкот на сѐ што излегува од непотистичките кујни.
Сите деца на БЦ 2000 година Бранко… – Bobi Georgievski | Facebook
На 15-та минута, за бедното муле за пренос на информации меѓу предавничката тројка Заев-Веруш-Мијалков. Сами си се издаваат заплетените корумпирани анти-Македонски криминалци и удбаши, слуги на странски интереси за рака колнати долари.
Видео на Битчут:
Видео на глобалофашистичкиот ФБ каде што може да биде избришано секој момент.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или директну преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!