Како и во Македонија, каде фатени за јајца уценети ситни криминалци “патриоти” се впрегнуваат како мулиња за пренос на информации меѓу предавничката тројка Заев-Веруш-Мијалков за разбивање на чистиот отпор, така и во САД. Таму е всушност и измислен овој ЦИАшки МИ6 принцип кои нивните домашни УДБАшки бедни слуги го одработуваат во Македонија со уфрлување на “патриоти-глумци” меѓу чистите слободолјубиви и неоцрнети патриоти. Додека американските власти тврдат дека „крајниот десен екстремизам“ е една од најголемите закани со кои се соочува Америка, водачот на групата Гордите Момчиња, издвоен како пример за “националист” – всушност бил „плоден“ информатор на ФБИ пишува Ројтерс, повикувајќи се на постапка на федералниот суд од 2014 година.
Енрике Тарио повеќе пати работеше тајно за истражители по апсењето во 2012 година, откриваат судските документи. Интересно како на Тарио му беше наредено да се држи настрана од Вашингтон еден ден пред бунтот во Конгресот на 6 јануари, откако беше уапсен под обвинение за вандализам и оружје – по барање на владините обвинители да му биде забрането да присуствува. Најмалку пет членови на Горди момчиња беа обвинети како дел од немирите од 6ти Јануари.
На сослушувањето во 2014 година, федерален обвинител, агент на ФБИ и адвокат на Тарио ја опишаа неговата тајна работа – истакнувајќи дека лидерот на Горди момчиња им помогна на властите да гонат над десетина лица во различни случаи поврзани со дрога, коцкање и криумчарење луѓе.
За Ројтерс Тарио негираше дека работел тајна или соработувал во случаи. „Не знам ништо од ова“, рече тој, додавајќи „Не се сеќавам на ништо од ова“.
Службениците за спроведување на законот и судскиот запис се спротивставуваат на негирањето на Тарио. Во изјава за Ројтерс, поранешната федерална обвинителка во случајот на Тарио, Ванеса Синг Јоханис, потврди дека „тој соработувал со локалните и федералните полициски служби, за да помогне во гонењето на одделни криминални случаи, почнувајќи од одгледување марихуана во куќи во Мајами до оперативни шеми за фармацевтски измами“.
36-годишниот Тарио ги организира и ги води десничарските Горди момчиња во конфронтациите со Антифа, скратено од „антифашизмот“, аморфно и насилно левичарско движење.
Записите што ги откри Ројтерс се зачудувачки бидејќи тие покажуваат дека водач на крајно десничарска група што сега е под силна контрола од страна на органите на прогонот претходно бил активен соработник со криминалистички истражувачи. – Ројтерс
За време на сослушувањето на Тарио во 2014 година, и обвинителот и бранителот на Тарио побараа намалена затворска казна откако се изјаснија за виновни во случајот измама поврзана со обележување и продажба на украдени комплети за тест за дијабетес. Барајќи благост за Тарио и двајца сообвинети, обвинителот забележа дека информациите на Тарио резултирале во гонење на 13 лица по федерални обвиненија во два одделни случаи и им помогнале на локалните власти да истражат обложувалница.
Ројтерс забележува дека нема докази дека Тарио соработувал со властите од претходната вмешаност наваму, но тој самиот призна дека ги известувал локалните полициски служби пред митинзите на Гордите момчиња во различни градови – давајќи им на полицијата до знаење за плановите на групата. Тарио рече дека ја прекинал оваа координација дури по 12 декември поради полициската акција на ДЦ против групата.
Поврзувањето на Тарио со ФБИ несомнено ќе ги разгори шпекулациите за тоа колку е „органска“ и контролирана а и превземана од шпионските служби, заканата од „крајнодесничарски екстремизам“, особено кога огромното мнозинство насилство забележано во текот на 2020 година било извршено од екстремно левичарски групи кои ја запалија Америка.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата или Преку Мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!