Со нелегитимната сенилна марионета Бајден, поставена со лажирани избори на власт, се покажуваат и намерите на Дип Стејт зад овој чин, нови вечни војни за заситување на крволочниот криминален воено-индустриски комплекс, нешто што Трамп не им го овозможи кога за 4 години не започна ни една, барем мала војна ако ништо друго. Но сега, патот е отворен кон нови бомбардирања за нови милиони недолжни жртви, а ако конвенционалните војни се премалку, тогаш и нуклеарка, заедно со вакцините за депопулација на светот, т.е. геноцид. Кина и Русија почнале “агресивно” да ги оспоруваат меѓународните норми и мирот, ете така е тоа според шефот на нуклеарните сили на САД.
Шефот на Стратешката команда на САД (СТРАТКОМ) предупреди дека нуклеарната војна со Русија или Кина е „реална можност“ и повикува на промена на американската политика што ќе ја одразува оваа “закана”.
„Постои реална можност дека регионалната криза со Русија или Кина може брзо да прерасне во конфликт со нуклеарно оружје, доколку тие согледаат дека конвенционална загуба ќе се заканува на режимот или на државата“, напиша вицеадмираторот Чарлс Ричард во февруарското издание на Месечно списание на американскиот поморски институт.
Ричард рече дека американската армија мора „да ја пренасочи својата главна претпоставка од „употреба на нуклеарно оружје не е можно“ во „употреба ба нуклеарно оружје е многу реална можност“ и да дејствува во насока на исполнување и спречување на таа реалност.
Шефот на СТРАТКОМ рече дека Русија и Кина „почнаа агресивно да ги оспоруваат меѓународните норми и глобалниот мир користејќи инструменти на моќ и закани на сила на начини што не беа видливи уште од екот на Студената војна“.
Ричард ја спомена нуклеарната модернизација на Русија и Кина, повикувајќи ги САД да се натпреваруваат со двете нации. Кога станува збор за нуклеарното оружје на Кина, САД и Русија имаат далеку поголем арсенал. Тековните проценки покажуваат дека нуклеарниот арсенал на Пекинг е околу 320 боеви глави, додека Вашингтон и Москва имаат по околу 6.000 боеви глави.
Дури и ако Пекинг го удвои својот арсенал во следната деценија, како што предвидуваат кинезите, тој сепак ќе биде мал во споредба со оној на Вашингтон. САД ќе мора да елиминираат добар дел од својот арсенал за да го убедат Пекинг да учествува во договорите за контрола на оружјето, што е далеку од можно и изведливо.
Бидејќи СТРАТКОМ е команден пункт што го надгледува нуклеарниот арсенал на Вашингтон, неговите команданти секогаш го преувеличуваат ризикот од нуклеарна војна и бараат повеќе пари за модернизирање на залихите. Но, со оглед на приоритетот на САД на таканаречената „голема конкуренција на моќта“ со Кина и Русија и зголеменото но секако “мирољубиво” воено присуство на САД во дворот на “агресивните” Русија и Кина, на места како Јужното Кинеско Море, Арктикот и Црното Море, опасноста од нуклеарна војна со изборот на сенилната фигурка расте, и е во рацете на непресметливи глобалисти од воено-хушкачкиот Дип Стејт, кои умоболно веруваат дека нуклеарната војна некој може да ја добие!.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Запиши се и Добивај Директно Коложег.Инфо!