Британците, Вистинскиот “Газда” на САД, на Бајден му ја Уточнија “Неговата” Британска Империјална Политика – Емилија Гелева!
Сподели на социјалните платформи:

 

Колку да нема дилеми кој е вистинскиот “газда” на Калето, Британскиот Кралски Институт  – тинк тенк (Chatham House) на Бајден му ја уточни “неговата” британска империјална политика, пишува Емилија Гелева.

Додека вниманието на светската јавност се држеше во фокусот на полот и родот на именуваните администрации на Бајден, империјалистите во Кралскиот институт за меѓународни работи на Британската империја (Чатам Хаус) гледаат како можат – во ерата по Трамп, и по ерата на Брегзит – да продолжат со за нив претпоставеното заслужено место како господар на владетелите на универзумот. Ова би било значењето на новиот извештај на Чатам Хаус, издаден на 11 јануари и насловен како „Глобална Британија, Глобален фактор: Нацрт за идната меѓународна улога на Обединетото Кралство“. Во извештајот имплицитно се тврди дека Британија веќе не мора да прави „азиски стожер“, како што беше наведено во претходниот извештај од 22 ноември 2020 година.

Во тој извештај се бараше Империјата да премине во индо-пацифичка (антикинеска) центрирана дипломатија – дури и да се испрати носачот на авиони Кралицата Елизабета во Индо-Пацифик. Но, по операцијата за соборување на американскиот претседател Трамп, сега директорот на Кралскиот институт за меѓународни работи на британската империја, Ниблет, пишува дека „наместо да се реинкарнира како минијатурна голема моќ, тој тврди дека земјата има шанса да остане меѓународно влијателна доколку служи како брокер на решенија за глобалните предизвици“ во области како што се “климатските промени”, „меѓународниот мир и безбедност“ и „глобалната даночна транспарентност“.

За да се постигнат овие цели, „Велика Британија ќе треба да инвестира и да ја искористи својата единствена комбинација на дипломатски дострел, разновидни безбедносни можности и истакнување во меѓународниот развој“. Тоа во превод значи дека “валканите работи” околу азискиот стожер и Кина, Британија му ја предава на Бајден, за Велика Британија да може да “го средува” светот.

Надоврзувајќи се ентузијастички со „палците нагоре“ за ваквиот изглед на британската империјална политика, истомислениците империјалисти од Атлантскиот совет на 14 јануари, (автор Бен Јуда) посочува на две можности што новата Глобална Британија ќе треба да ги направи за да го постигне токму тоа (со команда од заднина). Тоа се двата самита што ќе се одржат во Велика Британија: Собирите на Групата 7 (Г-7) во јуни и презакажаната конференција на ООН за климатски промени (COP26) во Глазгов, во ноември. Освен тоа, доколку Бајден стори како што има ветено (всушност како што му беше кажано), дополнителниот Самит за демократија (за „што размислуваат“ членките на НАТО) исто така ќе биде најголема можност, без разлика дали ќе се одржи во Америка, Велика Британија или Европа.

Секој што знае историја – дека Перфидниот Албион нема постојани сојузници, има само интереси – би видел преку зборовите на Ниблет дека „Велика Британија треба да инвестира во тоа да стане глобален фактор, користејќи ги своите уникатни средства за поврзување на либералните демократии, во време на за нив стратешка несигурност, да се ангажираат заедно со други земји кои се подготвени да се однесуваат конструктивно во заедничките интернационални предизвици, поточно тие други се земјите “слуги”.

Едновремено, Кралскиот институт за меѓународни работи на британската монархија / тинк-тенк „Чатам хаус“, издаде и упатства за она што администрацијата на Бајден мора да го усвои како приоритети за надворешна политика. Под наслов „Приоритети за надворешна политика за администрацијата на Бајден“, на врвот на листата е „поправете ја демократијата во Америка“. Освен ако Соединетите Држави не ја вратат „довербата во демократијата“ дома, нема да можат да се соочат со глобалниот предизвик на „моќниот и компетентен авторитаризам“, поучуваат од Кралскиот британски институт.

Шефот на Американската програма на Чатам Хаус, д-р Лесли Винџамури, нагласи три чекори што се сметаат за „суштински, иако не се доволни сами“ за „фиксирање“ на американската демократија. Второ на листата е: „Од суштинско значење е да се создаде комисија за евиденција и да се обезбеди одговорност за најлошите повреди во ерата на Доналд Трамп; ова треба да се протега далеку од потесниот фокус на импичмент“. Со тоа станува јасно што овие Британци мислат под „демократија“. Кога кралицата зборува, Хилари Клинтон и Ненси Пелоси скокаат веднаш и бараат да се утврдат врските на Трамп со Путин за да можеле да ја санираат штетата за американската национална безбедност.

Толку за американската “демократија”. САД, за жал, си остануваат тло на кое Британците вежбаат “демократија”.

Колку да нема дилеми кој е вистинскиот “газда” на Калето

Британскиот Кралски Институт-тинк тенк (Chatham House) на…

Posted by Emilija Aleksandar Geleva on Friday, January 29, 2021

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Запиши се и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар