Ова е за Тебе Тато – Потресна Приказна зад Ударот на Аматерски Инвеститори врз Вол Стрит Шпекулантите!
Сподели на социјалните платформи:

„Ова е за тебе, тато“: Корисник на Редит споделува потресна причина за вчерашното уништување на шпекуланти со “продавање на кратко”, пирова победа на рака мали инвеститори кои продаваат купуваат со неколку стотините до неколкуте илјади долари кои ги имаат, во Давид и Голијат борба со милијардерските волци од Хеџ Фондовите на Вол Стрит кои ја уриваат американската економија. Додека за нас Македонците се уште се свежи страдањата на нашите прекрасни родители откако Македонската олигархија украде и уништи се од вредност во 90-тите, во САД од кризата со хипотеките во 2008 наваму, и секој ден се повеќе, исто така 10-ици милиони луѓе останаа без леб и без дом, со многу семејства уништени од сиромаштијата. Желбата за правда ги донесе ДПМНЕ на власт во Македонија, и Трамп во САД, за ДПНЕ да не успее да ја ревидира криминалната приватизација, ниту пак Трамп да успее да ги заузда корумпираните елити. Но затоа, се создава плодно тло за нов и овој пат сериозна политичка револуција на слободлјубивите народи на светот!

Додека овие мали аматерски инвеститори на мало се здружуваат преку форумот на „Волстрит облози“ (Wall Street Bets) на Редит и други платформи за со засилен здружен ефект да ги држат цените на акциите на нападнатата компанија. во овој случај GameStop, и да ги уништат хеџ фондовите кои се обложуваат на пропаст на болни компании.

Веднаш се виде реакцијата на наместените берзи во корист на неколкуте големи банки и фондови. Имено за нив берите останаа отворени додека на малите платформи како Робин Худ, WeBull, итн, им беше забрането тргување додека голмиот Хеџ Фонд не си го извади зацртаниот профит.

Неколку споделија многу лични приказни за тоа зошто го прават ова. Еден таков корисник, Redditor кој го носи името Space-кикирики, има и многу длабока лична причина да го фрли на плеќи корумпираниот систем. Прочитајте подолу (акцент наш):

Ова е за тебе, тато.

Се сеќавам кога колапсот на хипотеките во 2008, кој како торпедо го уништи моето семејство. Компанијата за бетонирање на татко ми пропадна речиси преку ноќ. Татко ми го загуби својот дом. Вујко ми го загуби домот. Се сеќавам дека брат ми му помагаше на татко ми да ги брои последните железни центи од џебот на масата во нашата кујна. Тоа беа сите пари што му останаа на светот. Додека ова се случуваше во мојот дом, видов како шпекулантите банкари буквално пијат шампањ додека гледаа одозгора кон демонстрантите од Окупирај го Волстрит. Никогаш нема да го заборавам тоа.

Татко ми никогаш не се опорави од тој удар. Тој паѓаше сè подлабоко во алкохолизам и сега е само школка од неговото поранешно јас, чекајќи смрт .

Ова се сите пари што ги имам, не се многу, и повеќе сакам да ги изгубам сите, отколку да им го продолжам системот кој им е потребен за да ме уништуваат. Да земат пари од мене нема да ме повреди, затоа што воопшто не ги ценам парите. Ќе го изгорам целиот нивни систем и плукам на нив.

Ова е за тебе, тато.

* * *

Набрзо откако ја видоа приказната на Дејвид против Голијат, сега и некои од “симпатичните милијардери” сакаата да бидат на страната на правдата и се приклучуваат на каузата, колку за ПиАр секако.

 

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Запиши се и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар