Погледнете ги овие идиоти. Од каде потекнуваат? Од универзитетите! – пишува бившиот соработник на Реган, аналитичарот Пол Креиг Робертс. Можеби во неговите зборови препознавате дел од младината која и СДС и ДПНЕ цела генерација му ја оставија на глобалофашистот Сорос да ја индоктринира, начукале по 25, 30 и повеќе години, безделничат по мрежите и кафичите зомбирани со телефончињата, ни дете ни коте, ни работа, ни сила ни план ни енергија ни одговорност ни кичма. Затоа по уништената генерација, како што објасни КГБ шпионот Јуриј Безменов, ќе земе цела нова генерација за спас на нациите од глобалофашистичката диктатура.
Кога бев универзитетски студент, мотото на либералите беше цитат што му се припишуваше на Волтер: „Не го одобрувам она што го зборуваш, но ќе го бранам до смрт твоето право да го кажеш тоа“. Либералите го користеа овој цитат како дозвола за деконструкција на семејството, општеството, религијата и системот на верување што го држеше различното американско население заедно.
Денес, либералите сакаат да ги замолчат, па дури и да ги уапсат сите што не се согласуваат со нив. Социјалните медиуми ги деформатираат и откажуваат сите што излегуваат од официјалната наратива, дури и експертите и научниците, и членовите на Конгресот и самиот претседател на Соединетите држави. Амазон, Епл и Гугл незаконски ги принудуваат алтернативните социјални медиуми како Парлер да не постојат со незаконско откажување на услуги.
Американците ги губат своите работни места затоа што се приврзаници на Трамп, па дури се отпуштаат и за употреба на родови заменки неодобрени од разбудени идиоти. Стигнавме до моментот во универзитетскиот живот кога игнорантен „студент“примен по систем на квоти, има повеќе овластување од истакнат научник и може да го натера научникот или угледниот научник да биде истражен и санкциониран од неговиот универзитет. Значи, некој без два грама мозок може да ги укине животните достигнувања на научник едноставно врз основа на тоа што безмозочниоот студент е „навреден“.
Ова е западниот свет денес. Кој останува да го брани тоа? Да умре за тоа? И што остана од тоа? Вредностите ги нема. Системот на верувања е растурен. Пропагандата нè дефокусира кон Русите, Кинезите и Иранците. Вистинските закани за нашето постоење се токму опние кои сега раководат со нашиот живот. Живееме во Матрицата на нивните лаги.
Јасен доказ дека либералите создадоа ново темно доба е барањето на студентите од Харвард универзитетот да им ги одземе диплопмите на поддржувачите на Трамп. Сиот здрав разум си заминал од универзитетскиот живот. Разумот е заменет со слепа омраза. Владеат емоциите. Тие кои ја зборуваат вистината сега се „непријатели на народот“.