Европската унија сега официјално се откажа од својата митологија во Венецуела, според која Хуан Гуаидо беше „вршител на должноста претседател“ или „привремен претседател“, наместо човекот кој всушност владее со земјата, Николас Мадуро, го сакал некој или не, кој е избран од Венецуелците.
Со ова само се потврдува претходната одлука на ЕУ на 7-ми јануари, а во понеделникот Европската унија издаде нова изјава со која го призна, фактички го маргинализира Гуаидо само како „привилегиран соговорник“ и покрај тоа што претходните две години му се придружи на Вашингтон во признавањето на опозицискиот лидер на парламентот за „вистински победник“ во спорниот реизбор на претседателот Николас Мадуро на крајот на 2018 година.
„ЕУ ги повторува своите повици за … слобода и безбедност на сите политички противници, особено на претставниците на опозициските партии избрани во Националното собрание од 2015 година, а особено на Хуан Гуаидо“, се вели во соопштението по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
„ЕУ ги смета за важни актери и привилегирани соговорници“, се додава. Забележливо отсутни беа какви било упатувања на Гуаидо како „привремен претседател“. Иронично, само минатата недела Гуаидо му се заблагодари на Европскиот парламент за одржувањето на неговиот статус на „шеф на државата“ во Венецуела.
Ова е повеќе од обична симболика и важноста на ова прашање лежи во тоа што „Статусот на привремен претседател му овозможува на Гуаидо пристап до финансиските средства кои западните влади ги конфискуваа од Венецуелскиот народ, како и овозможување пристап до највисоки функционери и поддршка на неговото продемократско движење на домашен и меѓународен план“.
Иако сеуште е неизвесно каков ќе биде официјалниот став на Белата куќа на Бајден во однос на Гуаидо, или дали тоа ќе се промени, минатата недела кандидатот на Бајден за државен секретар познатиот воени хушкач Ентони Блинкен даде ран индикатор дека ќе ја продолжи анти-Венецуелската политика.
The European Union has described Juan Guaido as a "privileged interlocutor" but not interim president of #Venezuela.
This is at odds with the US position, as Joe Biden insists that the US is still behind Guaido
— Samuel Ramani (@SamRamani2) January 25, 2021
Блинкен им соопшти на сенаторите минатиот вторник дека Гуаидо сепак ќе остане признат лидер на латиноамериканската земја во очите на Вашингтон. Тој исто така рече дека се согласува со постојната политика на САД да се обиде да го „зголеми притисокот врз режимот“ на Мадуро.
Ова секако започна под Трамп кога во јануари 2019 година Гуаидо се нарече „привремен претседател“, а исто така и „вршител на должноста претседател“ под охрабрување на Вашингтон за време на административните обиди на Трамп да поттикне воено и народно востание против Мадуро. Но, одлуката на ЕУ во понеделник, најверојатно, ќе има влијание и ќе биде тема на дискусии со Белата куќа за ова прашање.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Запиши се и Добивај Директно Коложег.Инфо!