Армиите низ целиот свет сега сигурно веќе се тресат од страв од соочувањето со американските транс-специјалци кои на фронтот во секој момент ќе може да им ги зафрлаат врз главите своите пудриерички. Во уште еден знак на моралното пропаѓање на Империјата на Злото со истата крајна декаденција како и во другите империи пред пропаѓање, Бајден повторно им овозможи на болните луѓе да држат армиско оружје в раце.
Исто така, трансродовоста, како родова дисфорија, е препознаена како официјална болест од медицината и заедницата за медицинско и ментално здравје.
Во статија од февруари 2019 година, УСА Тудеј забележа дека „трошоците за лекување на војници со дијагноза на родова дисфорија достигнаа 7.943.906 американски долари, и тоа на сметка на обичниот американски даночен обврзник, кој не е многу среќен поради тоа.
Тоа вклучуваше 22.992 посети на психотерапија, 9.321 рецепт за хормони и 161 хируршки процедури“, додавајќи: „Изведените хируршки зафати вклучуваат 103 намалувања на градите или мастектомии, 37 хистеректомии, 17 „машки репродуктивни процедури“ и четири зголемувања на градите.
Според податоците, сесиите за психотерапија чинат скоро 5,8 милиони долари, а операцијата чини повеќе од 2 милиони долари.
Трансродовите воени трупи и нивниот медицински и психолошки третман финансиран од даночни обврзници станаа тема на контроверзии откако претседателот Трамп во јули 2017 година објави дека им забранува воена служба.
Во јануари 2019 година, Врховниот суд на САД донесе одлука дека забраната може да стапи во сила додека продолжуваат пониските судски предизвици за забраната на Трамп.
Бајден во понеделникот ја укина забраната на поранешниот претседател Трамп за трансродови лица да служат во американската војска – потпишувајќи извршна наредба со која „се поставува политика дека сите Американци кои се квалификувани да служат во вооружените сили на САД треба да можат да служат“, според документ што го циркулираше новиот министер за одбрана Лојд Остин по состанокот со Бајден.
„Претседателот Бајден смета дека родовиот идентитет не треба да претставува пречка за воената служба и дека силата на Америка се наоѓа во нејзината разновидност“, се вели во листот со факти. „Да им се дозволи на сите квалификувани Американци да и служат на својата земја во униформа е подобро за војската и подобро за земјата, бидејќи инклузивната сила е поефикасна сила.
Today, I repealed the discriminatory ban on transgender people serving in the military. It’s simple: America is safer when everyone qualified to serve can do so openly and with pride.
— President Biden (@POTUS) January 25, 2021
Извршната наредба на Бајден ги укинува наредбите на Трамп за 2017 и 2018 година со кои се забранува трансродовата воена служба и им се наложува на Пентагон и Министерството за внатрешна безбедност да обезбедат сите политики да бидат во согласност со неговата извршна наредба.
Администрацијата на Обама, во која Бајден беше потпретседател, ја укина претходната забрана за трансродова воена служба во 2016 година.
Според „Хил“, околу 14.700 членови на службата на активна должност или во резерви се идентификувани како трансродови , додека податоците на Пентагон покажуваат дека околу 1.500 војници од 2016 година биле дијагностицирани со родова дисфорија – The Hill.
Во 2019 година, Пентагон воспостави и спроведе политика за исполнување на наредбата на Трамп со која на повеќето трансродови лица им се забранува да служат војска, меѓутоа, имало дупки во законот, па на многумина им се овозможило понатамошно останување во армијата. Според извештајот, било дадено само едно отпуштање на трансродовец.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Запиши се и Добивај Директно Коложег.Инфо!