Се чувствувате посиромашно? Но, затоа една рака нелигитимни елити во сите земји вклучително и Македонија е збогатена, иако сигурно не ви служи за утеха. Затоа ве заклучуваат, зауздуваат и ви го одземаат правото на глас, и изборно и буквално во живо и на интернет. Анализите покажуваат дека наместениот економски систем и овозможува на супербогатата елита да собира богатство среде најлошата рецесија од Големата депресија наваму, додека милијарди луѓе се борат да врзат крај со крај.
Последните 6 месеци од минатата според најновите мерења на сиромаштијата и која во 2020 го опфаќа и влијанието на “мерките за ослободување од КОВИД” на владите година забележаа најостар пораст на нееднаквоста низ светот откако за неа се води пишана евиденција последниве 100 години.
Студиите покажуваат дека додека 1000та најбогати во светот додадоа трилиони ново богатство, ново-осиромашени 547 милиони и милијарди средна класа на граница над работ на сиромаштијата ќе им треба, во најдобри и идеални услови, не овие денешниве, над една деценија да се опорават до таму кај што беа пред 2020!
Студијата што се спроведе кон крајот на минатиот месец анализирајќи ги глобалните податоци покажува огромен раст сиромаштија што ја поттикнува КОВИД низ поголемиот дел од светот, вели бившиот Главен Економист на Светската Банка, Каушик Басу.
A new study by Brookings using IMF & World Bank data shows, because of COVID, poverty is rising in most developing & emerging economies. The biggest rise in poverty is in India which will overtake Nigeria around now to be the nation with the largest number of poor people.
— Kaushik Basu (@kaushikcbasu) January 23, 2021
Како што е прикажано во истражување на Оксфам, кое исто така се обиде да го процени финансиското влијание на пандемијата –оценувајќи дека над 500 милиони луѓе на глобално ниво се ново-втурнати во сиромаштија, додека во исто време 10-те најбогати луѓе на светот заработија заедно 540 милијарди долари во истата временска рамка (види слика подолу за по региони).
Оксфам го нарекува доказ дека КОВИД го донесе „најголемиот пораст на нееднаквоста од почетокот на водење пишана евиденција за сиромаштијата“ пред повеќе од еден век. 1.000 најбогати луѓе на планетата ги зголемија своите богатства на КОВИД-19 во рок од само девет месеци, но за обичниот народ ќе треба повеќе од деценија за да се опорават од економските влијанија на пандемијата, открива новиот извештај на Оксфам. „Вирусот на нееднаквоста“ кој се објавува на денот на отворањето на игралиштето на богатите, „Агендата на Давос“ на Светскиот економски форум .
Зголемената нееднаквост значи дека може да потрае најмалку 14 пати подолго за бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија да се врати на нивоата пред пандемија отколку што беше потребно за богатството на првите 1.000.
Глобалното истражување спроведено на 295 економисти од 79 земји, нарачано од „Оксфам“, исто така открива дека 87 проценти од испитаниците, очекуваат „зголемување“ или „големо зголемување“ на нееднаквоста на приходите во нивната земја, како резултат на пандемијата.
Извештајот на Оксфам покажува како наместениот економски систем и овозможува на супербогатата елита да собира богатство среде најлошата рецесија од Големата депресија, додека милијарди луѓе се борат да врзат крај со крај. Открива како пандемијата ги продлабочува долгогодишните поделби на економски богати и сиромашни.
- Рецесијата заврши за најбогатите. Од почетокот на пандемијата, десетте најбогати луѓе во светот забележаа зголемување на нивното комбинирано богатство за половина трилион долари . Во исто време, пандемијата ја започна најтешката криза со работните места во последните 90 години со стотици милиони луѓе сега недоволно вработени или без работа.
Авторите на студија во САД – економистите Брус Мејер од Универзитетот во Чикаго и Џsејмс Саливан од Универзитетот во Нотр Дам – откриваат дека во втората половина на 2020 година е забележан најостриот пораст на стапката на сиромаштија во САД од 60-тите години на минатиот век. Студијата објавена во понеделникот и презентирана во Блумберг открива дека стапката на сиромаштија се зголеми за 2,4% во текот на втората половина на 2020 година , по минатите пролет и рано лето КОВИД-19, во различни делови на земјата.
Ова значи дека дополнителни 8 милиони Американци се сметаат за ново-сиромашни, скоро двојно најголемо годишно зголемување на сиромаштијата во повеќе од половина век. Студијата дополнително открива дека црните Американци се меѓу најтешко погодените, и повеќе од двапати поголема веројатност да паднат под линијата на сиромаштија отколку белите американци.
Според резимето на резултатите од Блумберг и во уште еден доказ дека мерките за справување со Ковид се наменети само за богатите „истражувачите откриле дека стимулативните мерки на федералната влада од пролетта наваму помогнале привремено да се подзатскрие стапката на сиромаштија да расте уште побрзо“.
Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Запиши се и Добивај Директно Коложег.Инфо!